zocipro напиша:
е сега мислам дека ќе го примите...
Многу јасно.
Лејкерс веќе имаат три победи по ред и шо е најважна пронајдоја тактика која им одговара. Фил Џексон направи одлична стратегија со повлекувањето на Коби на позиција на Small Forward и ставањето на Саша Вујачич во стартната петорка на негово место. Особено важно е тоа што Лејкерси веќе три натпревари со ред имаат повеќе од четири играчи со двоцифрен број на поени, во последниот натпревар со Торонто имаше дури пет играчи со двоцифрен скор. Но тоа што радува е несебичната игра на Коби кој подели 9 асистенции. Ваквата игра оттргнува голем дел од тежината од рамената на Коби, затоа што одбраната на противниците сега мора да се сконцентрира на повеќе од еден или двајца играчи, што отвара можност за поголема ефикасност на Коби и шутирање само од изработени позиции.
Доколку продолжи ваквата игра на Лејкерси и повеќе од очекувано е да се забележи победа во престојниот натпревар во Чикаго. Од следните три гостувања добро би било да се извлечи барем една победа сметајќи на тоа што како противници следуваат Минесота, Далас и Мемфис. После 6 последователни натпревари во гости Лејкерси се враќаат дома каде ќе одиграат два релативно полесни натпревари против Вашингтон и значително ослабениот Хјустон.
То е. Сега само напред Лејкерс и браво Фил Џексон
![Секоја чест :cuc: :cuc:](/styles/default/xenforo/emot/cuc.gif)
се гледаме во плејоф.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)