НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Другар, утакмицава се играше пред скоро недела дена, ние го дискутиравме судењето воопшто како целина, а ситуацијата со аутот беше земена како една од повеќето дискутабилни одлуки, за која што ете и ти самиот тврдиш дека била компензација земена за фаулот, што реално гледано по правила не може да се санкционира во таа ситуација, глупо е знам, истото го потенцираат и двајцата коментатори на видеото што беше постирано; и за гол тендингот за кој впрочем се изјаснив погоре што и како мислам, ако веќе ја читаш темата, па уште земал да црта со стрелки и множества. :pos:
Епа другар баш за судењето зборував.
Други дискутанти поназад баш добро споредија дека видео челинџот треба да се направи да функционира нешто како ВАР во фудбалот. Видеото што сте го поставиле не го гледав со звук и не знам кои биле коментаторите. Јас гледав снимка со Ван Ганди и со Марк Џексон како коментатори и баш сличен муабет беше дека видео челинџот не треба да биде ограничен само на банална ДА/НЕ булеан логичка операција, туку судиите да можат да судат нови моменти кои не ги видиле претходно.

Инаку утакмицата јес да е од пред 4 дена ама јас тек вчера најдов време да ја одгледам.
„Цртежот“ беше нужен одговор на твојот цртеж со малото прсте на Дејвис, пошто една секунда претходно се гледа дека Тејс буквално му ја влече раката на Дејвис... Што го прави небитен фактот кој последен имал допир со топката. Едноставно тука фаул требало да се свири. И да се шутираат две слободни фрлања. Тоа ми е беше поентата, ништо повеќе и ништо помалку.

Не од тебе само, туку од многумина имаше некоја теза дека судиите им ја поклониле утакмицата на Лејкерс. А реалноста е дека грешеа и на двете страни од паркетот па дури и компензираа. На крај релативно подеднакво беше судењето и за двата тима... Ама од некоја причина многумина овде љубат да плукаат по Лејкерс. :)



Бтв прва победа на Лејкерс против некоја "појака" екипа.
Победи против Хјустон и Денвер (две) не се рачунаат? Или не се доволно „јаки“ Денвер и Хјустон? :)
Што се мене тиче, повеќе сум ок со експериментирање против утрешните плејоф противници - отколку со форсирање на бројот на победи. Претпоставувам вакви „Лејкерс губат против јаки екипи“ муабети ќе се наслушаме се до плејоф.

Сега веќе јасно се гледаат предностите и слабостите на повеќето од силните тимови. За Лејкерси проблем е одбрана против тимовите со добри крила, ете Тејтум растури а исто и Кавај и Џорџ имаат добри резултати против Лејкерси. Можеби Маркиф Морис ќе подобри нешто на тоа поле, иако не се надевам премногу на него. Но едно знам, во плејоф одбраните ќе се стегнат и нема да се игра така лабаво како досега. Ќе има погруби фаули на играчи под кошевите и 40+ кошеви тешко ќе се даваат.

На запад најозбилен противник на Лејкерси се Клиперси, но само ако успеат си да ги потенцираат предностите што не е гарантирано, и ако клупата на Лејкерси закаже.

Во финалето од источните екипи искрено повеќе ми е страв од Торонто и тој нивниот луд тренер, отколку од Милвоки. Во best of seven тешко Бакси да имаат совршено шутирање во 4 утакмици без солиден број поени од под кош (а одбрана под кош годинава е специјалност на Лејкерс, водат во блокови по утакмица и по мал број на кошеви постигнати од под нивниот кош). Ако нешто знаеме за Џанис е дека доминира во транзиција додека во позициона игра и не баш. Милвоки ако шутираат добро, тоа ќе биде крај за Лејкерс. Но ако не шутираат одлично и ако прават грешки Лејкерс ќе ги изедат во транзиција. И обратно, Милвоки ако форсираат грешки и имаат добра одбрана Лејкерс имаат слабост против добри транзициони тимови. Многу работи ќе зависат од тоа кој ќе успее да ја наметне сопствената игра.
Сешто може да биде, и финалето би требало да биде многу интересно.
 
Епа другар баш за судењето зборував.
Други дискутанти поназад баш добро споредија дека видео челинџот треба да се направи да функционира нешто како ВАР во фудбалот. Видеото што сте го поставиле не го гледав со звук и не знам кои биле коментаторите. Јас гледав снимка со Ван Ганди и со Марк Џексон како коментатори и баш сличен муабет беше дека видео челинџот не треба да биде ограничен само на банална ДА/НЕ булеан логичка операција, туку судиите да можат да судат нови моменти кои не ги видиле претходно.

Инаку утакмицата јес да е од пред 4 дена ама јас тек вчера најдов време да ја одгледам.
„Цртежот“ беше нужен одговор на твојот цртеж со малото прсте на Дејвис, пошто една секунда претходно се гледа дека Тејс буквално му ја влече раката на Дејвис... Што го прави небитен фактот кој последен имал допир со топката. Едноставно тука фаул требало да се свири. И да се шутираат две слободни фрлања. Тоа ми е беше поентата, ништо повеќе и ништо помалку.

Не од тебе само, туку од многумина имаше некоја теза дека судиите им ја поклониле утакмицата на Лејкерс. А реалноста е дека грешеа и на двете страни од паркетот па дури и компензираа. На крај релативно подеднакво беше судењето и за двата тима... Ама од некоја причина многумина овде љубат да плукаат по Лејкерс. :)
Пак ќе кажам дека се слагам со тоа што го зборуваш за промена во видео челинџ ситуациите, а верувам дека и сите се со тој став, незнам зошто упорно се навраќаш на истото.

Ако читаше што и претходно постирав, еве за првиот твој болд, конкретно, ќе видеше дека и јас сум со истиот став и истите тие Џеф Ван Ганди и Марк Џексон се истите коментатори што коментираат во позадина на видеото и јас го гледав мечот во живо со нив, така да знам што кажаа за таа и останатите спорни ситуации. Тоа што го кажуваш ти за логичко решавање со Да или Не, беше спомнато од нивна страна и не беше за ситуацијата со аутот на Дејвис, туку за недосудениот голтендинг на Кузма, истото го произнесов и јас тука
и на двете страни имаше контра одлуки како таа на Кузма со голтендингот што како и да е мораше да биде суден, а не да калкулираат судиите по претпоставка дека немаше да заврши во кошот, imo, прениско идеше, али пак тотално небитно кога веќе прво удри топката во табла, и општо таквите ситуации без разлика мора да се земаат како, е или не е голтентинг, за што впрочем и си има правила

Додека пак во ситуацијата аутот (се фативме ко пијан за плот со ситуацијава), вториот болд со цртежот :pos: нигде не цртав стрелки и прстиња не заебавај, првата што ми излезе на нет ја ставив и аголот а и самата слика беа со дигитрон доловени, коментарот на екипата од погоре беше ако се изземи фаулот на Тајс, ќе биде Бостон бол, е такви се дебилни правилата, небитно се изнасмеаа и они и тоа е тоа може да вртиме во круг до кога сакаме, со такви правила-такви одлуки, затоа и реков не верувам ни да има некој кој не се слага за промени во правилото.

п.с. ај да те пецнам и за ова ситуација :D
 
Последно уредено:
^ ^
Teхнички, тоа се поени за Бостон.

Но практично, топката воопшто не идеше накај обрач и Хауард се обидуваше - не да блокира, туку да собере рибаунд. На тоа се пожалија Лејкерс. Во комбинација со претходни гомнарии досудени против домашен тим, судииве потклекнаа на притисок и делумно компензираа со „inadvertent whistle“ што беше далеку од необјективна пресуда пошто целата работа во старт требаше да биде no call.

Сите што пратиме НБА подолго време знаееме дека компензации често се дешаваат.
Барем во случајов со утакмицата со Бостон, критериумот беше релативно подеднаков кон двете екипи.


Не ти се обраќам тебе лично, ама онака општо мислам дека ни против супер тимот на Голден Стејт, ни претходно против супер тимот на Мајами, немало оволку онлајн плачење колку против Лејкерси. Плачење од секој аспект, и не е од сега нов моментот. Ми текнува дека и порано на времето истите работи се дешаваа... Голем дел од НБА гледачите што не се за Лејкерс, универзално ги мразат Лејкерс. Има нешто тука. ;)
 
Минесота беа во длабока дупка но испадна дека направија добри потези.
Како прво се ослободија од Вигинс,го земаа другар му на КАТ и трејдот помеѓу четирите екипи каде што Капела отиде во Атланта,Ковингтон во Хјустон а Минесота ги доби Малик Бизли и Хуанчо од Денвер испадна супер за Минесота бидејќи гледам дека овие двајца се стартери и играат одлично во Минесота.Сега планот им е да танкаат и сигурно ке добијат топ 10 пик на драфтот за следната сезона и во година може да бидат плејоф тим.
Интересно е што во НБА со неколку трејд потези многу брзо од победнички тим стануваш губитнички и обратно,ОКЦ е одличен пример за ова.Ги изгубија Russ и PG и никој не сметаше дека сезонава имаат шанси да влезат во првите осум.
 
Oдамна има антифлопинг правила ама (скоро) никогаш не се спроведуваат... :-/
Треба барем по едно 50-че да ги репнуваат после утакмиците, ама редовно и сите флопери без пардон.

Ја расипуваат играта со тоа глумењето. Ионака премногу лесно се судат фаули во денешнава НБА. Освен тоа и не се суди еднакво за сите. Последен пример е завчера на ЛА вс Њу Орелеанс на оној жбитокот Зајон од ракав му делеа фаули, чисто за стоење помеѓу него и кошот. Веднаш се гледа дека го спремаат за нова ѕвезда на НБА, уште одсега за него има други критериуми.


Инаку еве го истиот дечко од видеото со Леброн:


За едново Брукс изгледа попи казна за флопинг, ама што со тоа кога има куп вакви ситуации а само еднаш е казнет.
 
Иначе вчера читав дека Лејкерс може да ги доведат Џеј Ар Смит или Дион Вејтерс. Ако дојде вториов ке мора да го заклучат во соблекувалната при крајот на натпреварот.
 
Аи каква петарда, на второто видео се подобрил :pos:
Плаче овој за една компилација со снајперот.


Ја расипуваат играта со тоа глумењето. Ионака премногу лесно се судат фаули во денешнава НБА. Освен тоа и не се суди еднакво за сите. Последен пример е завчера на ЛА вс Њу Орелеанс на оној жбитокот Зајон од ракав му делеа фаули, чисто за стоење помеѓу него и кошот. Веднаш се гледа дека го спремаат за нова ѕвезда на НБА, уште одсега за него има други критериуми.
+1

Многу го форсаат ова животново, истото го имам приметено. Па уште му праат споредби со Лебронтије, америве човече. :LOL:
 
Многу го форсаат ова животново, истото го имам приметено. Па уште му праат споредби со Лебронтије, америве човече. :LOL:

На сите нивоа е исфорсиран, од судиите кои му судат до новинарите. И водителите на утакмиците, посебно таа бабата 20 пати повтори колку бил „likable“. Многу бил допадлив дечкото. А овој уствари баш обратно има некој одбивен сурат, фаца што само мајка може да ја сака. И со таа дибек градба што ја има - абе ружен силеџија би бил посоодветен опис. "Likable", my arse. :)
Плус некако премногу надмен ми делува за руки, посебно кога ќе го споредам со други добри играчи во првите неколку сезони.

Да се разбереме, добар е. Одличен кошаркар ќе биде само ако продолжи да работи (и да ослаби едно 20 кила). Има потенцијал. Никој не го спори тоа.

Ама претераа НБА со форисирање, ептен е провидно дека го токмат Зајон за идна супер ѕвезда и нервира што така несуптилно го прават тоа. Што се мене тиче Дончиќ е цела класа подобар и покомплетен играч, а и Џа Морант е подобар. Но некој решил дека Зајон подобро ќе се продава, и веројатно америчката публика бара такви силеџиски црнец стереотипови. По се изгледа дека ќе ни го извадат низ нос овој, во следнава деценија. :-/
 
Исто така го дујаа и Леброн во минатот.
Не дека не е јак, ама уште на 20 години преку нос ни го вадеа.
 
Abe neka go duvaat, toa im e rabota ustvari, ama neka ne potat deka e lajkabl koga ne e, bas naprotiv jeziv e za mene, nekoja tmurna faca mi ima.
 
Не сум го гледал во NBA, го гледав кога беше на колеџ, дечкото беше насилник, но на битните утакмици потфрли.
Стилот на игра во комбинација со тежината не му даваат долготрајност, но веројатно тоа ќе го средат и ќе му турат малце мозок. Дополнително нервира што глуми дека знае се и е многу мудар, дечко, имаш 19 години.
Во ваква NBA без одбрана секако ќе биде ѕвезда која ќе дава 20+ поени по утакмица, но не верувам дека некогаш ќе биде играч од рангот на Леброн.
Друго нешто што ми падна во очи гледајќи ја статистиката, игра на позиција крилен центар а на ниту еден меч нема повеќе од 9 скокови.
На пример Чарлс Баркли со кој го споредуваат, уште од првата сезона има речиси дабл-дабл учинок.
 
Zion bese zvezda po socijanite medii uste vo sredno.. Gi ispolnuva site ocekuvanja zasea i normalno hype ke postoi.. Wiggins i Jabari svoevremeno isto imaa ogromen hype pa eve nikoj ne gi spomnuva poveke.. Sekoj po zaslugite.. Zion zasluzuva sekakva pofalba zasea posto so pure power stignuva do 25-30 poeni mnogu lesno.. Na vremeto i od Shaq imalo eden kup povesti kosarkari no nikoj ne bil poefikasen.. Rabotata e vo nba da bidis efikasen i korisen za ekipa.. Videte go skoro na Pelikanite na pocetok na sezonata bez Zion
 
Овај Зајон Вилиамсон појќе БАНАНИ јаде вчера со Далас него Лука Дончич во цела негова руки сезона, Порзингис мајтап си играше :ROFLMAO:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom