Пред самиот почеток на дуелот со Бакс, јасно беше дека оваа серија за Лаури ќе биде најбитната во неговата плејоф кариера (сакал тој или не!), не само како негово индивидуално достигнување (да се исплакне бар малку, на залез од кариера), и од многу други аспекти. Бев скептик за многу од играчите на Торонто, посебно од стартната постава и сомнежите беа оправдани (пред се Гасол и Грин, покрај Кајл), за тоа колку би можеле да помогнат на Ленард и да не го остават на цедило, во походот кон историски успех. Во плејоф стандардно, Лаури и ефикасност/константност ретко оделе заедно, богатата историја на неговите премногу на број мизерни натпревари тоа го потврдува. Иако го изигра еден од најдобрите натпревари во неговата плејоф кариера и даде до знаење дека оваа серија ќе биде можеби некој друг, пред се поконстантен и за респект Кајл, Торонто им го поклонија буквално првиот натпревар на Прлињава.
Сите натпревари во кариерата на Лаури со 30+ поени во плејоф
http://bkref.com/tiny/VJ4LW
Грин и Бледсо all-inclusive тотаци, од почеток до крај- ај Грин има мала улога, но Бледсо две години за ред е сучка во плејоф, требаше да биде играч со значителен придонес. Гасол офанзивно дух, освен 3 и 4-от натпревар, на последниве 2 натпревари по 1 тројка плесна во битен момент, во последна четврт. и тоа го вади , инаку компир, 25 милиони лапа. Норман одличен, ВанШит беше прашање на време кога ќе се трансформира во ВанФлит и да распали, подобар тајминг ... ги изрешета кога најмногу требаше, амин!
https://www.basketball-reference.co...stern-conference-finals-raptors-vs-bucks.html
Моронтич, одличен минатава година за Пеликаните, го донесоа за да биде специјалист шутер и ја дупна (како што ја дупна и за Булс кога играше) дури и беше ставен во сенка од еден Илијасова, на кој дефанзивно му се редеа цела екипа од Торонто. Мидлтон просечен и неконстантен, се арчеше и трчаше многу во одбрана против Ленард , Лопез солиден за годините, во двата правци. Anunoby, кој ја пропушти серијата и цел плејоф годинава (слепо црево), тоа орле младо со топ20 распон меѓу играчите во лигата, иако офанзивно не е за потценување и е многу суров, дефанзивно да го имаа и него на располагање серијата....садо-мазо на Анте ќе му маваа (не дека не му маваа)
Една од критиките со години и главна причина зошто Бакс се ослободија од Кид беше одбраната на периметар....многу полесно Торонто креираа отворени шутеви....Бакс само 31% за три, премалку за екипа во која шутот од дистанца треба да го покрива главниот играч, инвалид во тој сегмент, најголем дел од времето.
Пресвртов во серијава, со 4 победи за Торонто во низа, е голема потврда за епскиот дебакл на Бостон со Бакс, колку само зелениве потфрлија и оправдано беа предмет на критика и потсмев, и серија по која на Бакс им рипнаа нереално акциите и станаа медиумски непобедлива екипа, фаворити на Истокот! Цела оваа сезона беа најфорсираната екипа.
=============================================================================
И додека мнозинството медиумски опиноци, реномирани кловнови, алапачи и врескала- бардот на Американското независно и секогаш објективно новинарство, кое ги покрива професионалните спортови во САД, со 24/7 неуморно дрскање, деновиве ќе дефокусира со димни бомби, бара изговори и ќе пелтечи за нивните утнати прогнози, многу битен сегмент од серијата Бакс -Торонто, рак-рана во лигата од самото постоење=СУДЕЊЕТО, ќе остане за жал, како и секоја година целосно занемарен.
Се вратија Торонто од 2 меча дефицит и се уклучи алармот кај администрацијата во лигата. Гомнариите од последните два натпревари се опфатени во клипот подолу:
5 -от натпревар
Прва ситуација, почеток на клип, на Паскалот му свират смешен минимален контакт, фаул во напад, втора лична за помалку од 2 мин. игра, рано го средија и исфрлија од игра!
0.25 фаул во напад од Анте над Гасол не се свири, не е стационарен (не знае блок едноставен да постави) фатен од разни агли....
1.13 чекори се судат од Ленард, точна одлука, нема збор(пивот нога дига пред да пушти топка на дриблинг) но, колку пати на Анте во серијава и општо не му судат овакви чекори, на тргање, негов заштитен знак?! Пример, само како потсетување, за двојните стандарди, во еден мој претходен клип демонстрирано
https://vimeo.com/337313890 = од 3.40 до крај, од првите 3 напади за Бакс, на вториот меч, на 2 од нив чекори не се судат на Анте на тргање. Одеднаш, на судиите им се провидели и се` се суди и се забележува кај Торонто на 5-от меч, нема лабаво!
1.42 фаул во на напад не се суди од Анте, препознатлив влез негов на сила, мајмун го прави Лаури лесно али џабе, не на таа вечер бато
2.13 на Бледсо кој касни во одбрана не му судат фаул и три слободни за Фред....
2.23 фаул во напад од Анте не судат, туку од Ленард.....џабе се фаќаш Ленард за глава
2.37 тука има дефинитивно фаул од Гасол над Лопез, само две слободни а не 2+1 , нема тука континуитет за Лопез здрвениот, кој е преспор и во моментот на шутирање е со двете нозе на паркет.... смешки, едноставно, од секоја ситуација требаше да се измолзи по некое поенче!
3.04 Анте флоперот-свилениот...малку фалеше и на Ленард тука да му судат фаул во напад, арно го причека, уште тоа фалеше
5-от натпревар од серијата не требаше Торонто да го добие, по било која цена!! Тони Брадерс арамијата и Вин Дизел маестрално ја одработија партијата, мамето нивно бандитско.
Ленард игра со една нога + Лаури шинат прст + (Паскал+Гасол+Грин+Ибака+Норман)=само 9 коша + Бакс домашен терен и поволен ветар во грб со апла судење во нивна корист= и пак го изгубија мечот! Арно ВанФлит распали, да го изгубеа мечот Торонто ќе имаа голема горчина. Но, колку и да имаш помош од судии, ако не можеш кош да дадеш во еден подолг период како Бакси, кои во први 8 минути од втора четвртина само 2 коша од игра постигнаа, џабе е.
Ама не застанаа тука судиите, таман работа.... не се откажаа.
6-от натпревар
3.22 чекоришта од Лопез на ролинг несудени.....џабе мафта тренерот на Торонто, тројка примаат
3.40 ами од Анте фаул во напад (над Ибака) нема ли сега како кај Паскалот погоре ?!
3.54 чекоришта од Анте на ролинг не се судат, класика........не го научија бе ова ролингот Бакси, тројка примаат Торонто
4.10 контакт над Паскалот од Лопез не судат, кубе коса Ник, оди во јуриш Антената (со неговиот Еурокрем) , фаул во напад не му судат
4.40 никаков контакт од Паскал судат над Анте...
4.50 чекоришта од Анте не се судат
5.04 чекори на тргање од Лопез не се судат, Гасол бара чекори и се чуди
Последна ситуација од клип, како бонус, нема врска со судиски грешки= Анте клач, се гледа дека со Коби вежбал!!
Мило ми е за Торонто, низ што се поминаа овој плејоф, би сакал да остане Ленард, тој и Торонто се како зверот и убавицата комбинација.
глупости од Американските гатачи, и еден NBC стана партал медиум.
https://www.nbcsports.com/bayarea/w...d-favor-raptors-over-bucks-game-5-east-finals
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Споредба меѓу Анте и Ленард од
последните 4 натпревари , во последна (4-та) четвртина, во минутажата во тој период се рамноправни.
Визуелно дистрибуција на шутеви по теренот, коментар не е потребен за лимитите на Анте.
многу повеќе детали на следниве линкови:
https://stats.nba.com/player/203507...eriod=4&PORound=3&LastNGames=4&PerMode=Totals
https://stats.nba.com/player/202695...&Split=ingame&Period=4&LastNGames=4&PORound=3
=============================================================================
Ник класната ќе организира настава во природа, по предметот Физичко воспитување во Август, ивент со наслов
"Си го прчиме, се рекреираме и едуцираме". Ќе води неколку паралелки (меѓу кои и класот на Попович, Брет Браун и Буденхолзер се пријавиле !) Замислата е да има кратко предавање на тема Basketball for Dummies во дворот на школото, потоа, ако временските услови тоа го дозволуваат ќе ги носи децава во паркот, на лулашките, да се издуваат (таму Дрејк ќе настапува), и ако се добри и дисциплинирани, на крајот од денот(познавајки го Ник, душа чоек е) може да им купи на сите по еден сладолед со 3 топки, само чоколадо, и тоа од негов џеб!!
На Торонто дресовите ногу убаи се, под тоа
NORTH (така ме релаксираат овие букви) со ситни букви да се испринта уште MKD, малку
портокаловко да се додаде и ќе се фатат на нашата репрезентација, нема потреба да се фрла пари во нашата татковина, тендери- мендери за идејни решенија, физибилити студии, дизајнери и шнајдери, арчови !