Бидејќи си фан на Сиксерс ме интересира дали и кој од Ноел,Окафор или Ембид има шанса да биде трејдуван вака според тебе?
Embiid тешко веројатно дека ќе биде трејдуван. Вредноста му е на минимално ниво затоа што повреден беше досега. А меѓу Okafor и Noel ќе видиме. Јас мислам дека 100% еден ќе биде трејдуван до стартот на идната сезона (дали пред deadline сега, дали за време на драфтот, дали летото не се знае кога), ама кој е тешко да се прогнозира. И двајцата имаат свои јаки и слаби страни, а реално сите тројца Noel, Okafor, Embiid се центри без разлика што пробуваат Okafor И Noel заедно да играат.[DOUBLEPOST=1454227298][/DOUBLEPOST]
@Xsago,
@Alen_001, што се то десило со Сиксерси во последниве 2-3 недели, па гледаме за две класи подобра Филаделфија од претходно? Знам дека го ангажињаа Д'ентони, дали е тоа главна причина за одличните партии на Фили?
Нема врска со D'Antoni. Главната причина е Ish Smith. Не дека е до толку добар Smith колку што им го нуди на тимот баш она што им фалеше - брз плеј кој не губи премногу топки, знае како да оди на влез и да ги разигра центрите. Претходно беа премногу слаби на стартен плеј, премногу топки губеа Филеделфија за да бидат компетитивни, па и премногу експериментираа за да најдат постава што функционира (Canaan на плеј кога го играа особено беше ужас). Едноставно сите играчи имаа поголема улога од онаа во која можат да бидат ефективни (немаа доминантен on-the-ball играч затоа што беа без макар и просечен плејмејкер).
Голем улога има и фактот што конечно малку им олесни распоредот и со неколку победи добија самодоверба. Јас впрочем и претпоставував дека од Јануари натаму ќе биди многу подобро, во Ноември и Декември 2/3 од натпреварите им беа во гости, а и тие што им беа дома скоро сите беа против плејоф екипи. Имаа најтежок распоред во лигата првите два месеци, па логично е од Јануари натаму да е полесно
Јас си кажував дека нема шанси последни да завршиме (Лејкерс ќе бидат последни) ама кој ме слушаше

. Не дека е тоа добро, катастрофа е Лејкерс зад нас да завршат ама тоа е, неизбежно е, Филаделфија барем игра и се трудат дечките максимално како и секогаш досега, а Лејкерс се распашана команда, големо танкирање маскирано како reality show преку Коби.[DOUBLEPOST=1454227703][/DOUBLEPOST]
Дај некое инфо за играчов ако го имаш глеано?
Еве од мене малку инфо
Simmons ти е нешто измеѓу Леброн и Дрејмонд Грин. Може слободно да игра како плејмејкер во напад а има висина за крилен центар. Меџик Џонсон е можеби најдобрата споредба (иако се разбира за талент никогаш не можеш да предвидиш дека до толку добар ќе стане). Одличен е и во одбрана што е ретко за вака млади играчи. Слабата страна му е шутот, многу многу работа го чека тука и тоа ќе ја направи разликата меѓу суперѕвезда и солиден играч. Незгодното е тоа што иако популарно е да го сметаат за 3ка во НБА, во принцип барем во моментов, повеќе е 4ка отколку 3ка. Особено во денешната small ball игра, совршено би се вклопил на 4ка и претпоставувам таму и ќе игра барем додека не го подобри шутот.