НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Каква четврина. 37-30 хух. Кливленд страшно почнаа против најдобиот одбранбен тим. Олдриџ веќе има 3 фаули , шанса за Боби? Томпсон прави проблеми со офанзивните скокови а и уфрли доста слободни.
 
Судииве многу "грешки" направија во корист на Сакраменто во 4/4, чекори, офанзивен фаул, 2 технички се тоа во 1-2 минути.
 
Бидејќи си фан на Сиксерс ме интересира дали и кој од Ноел,Окафор или Ембид има шанса да биде трејдуван вака според тебе?

Embiid тешко веројатно дека ќе биде трејдуван. Вредноста му е на минимално ниво затоа што повреден беше досега. А меѓу Okafor и Noel ќе видиме. Јас мислам дека 100% еден ќе биде трејдуван до стартот на идната сезона (дали пред deadline сега, дали за време на драфтот, дали летото не се знае кога), ама кој е тешко да се прогнозира. И двајцата имаат свои јаки и слаби страни, а реално сите тројца Noel, Okafor, Embiid се центри без разлика што пробуваат Okafor И Noel заедно да играат.[DOUBLEPOST=1454227298][/DOUBLEPOST]
@Xsago, @Alen_001, што се то десило со Сиксерси во последниве 2-3 недели, па гледаме за две класи подобра Филаделфија од претходно? Знам дека го ангажињаа Д'ентони, дали е тоа главна причина за одличните партии на Фили?

Нема врска со D'Antoni. Главната причина е Ish Smith. Не дека е до толку добар Smith колку што им го нуди на тимот баш она што им фалеше - брз плеј кој не губи премногу топки, знае како да оди на влез и да ги разигра центрите. Претходно беа премногу слаби на стартен плеј, премногу топки губеа Филеделфија за да бидат компетитивни, па и премногу експериментираа за да најдат постава што функционира (Canaan на плеј кога го играа особено беше ужас). Едноставно сите играчи имаа поголема улога од онаа во која можат да бидат ефективни (немаа доминантен on-the-ball играч затоа што беа без макар и просечен плејмејкер).

Голем улога има и фактот што конечно малку им олесни распоредот и со неколку победи добија самодоверба. Јас впрочем и претпоставував дека од Јануари натаму ќе биди многу подобро, во Ноември и Декември 2/3 од натпреварите им беа во гости, а и тие што им беа дома скоро сите беа против плејоф екипи. Имаа најтежок распоред во лигата првите два месеци, па логично е од Јануари натаму да е полесно :)

Јас си кажував дека нема шанси последни да завршиме (Лејкерс ќе бидат последни) ама кој ме слушаше :P. Не дека е тоа добро, катастрофа е Лејкерс зад нас да завршат ама тоа е, неизбежно е, Филаделфија барем игра и се трудат дечките максимално како и секогаш досега, а Лејкерс се распашана команда, големо танкирање маскирано како reality show преку Коби.[DOUBLEPOST=1454227703][/DOUBLEPOST]
Дај некое инфо за играчов ако го имаш глеано?

Еве од мене малку инфо :)

Simmons ти е нешто измеѓу Леброн и Дрејмонд Грин. Може слободно да игра како плејмејкер во напад а има висина за крилен центар. Меџик Џонсон е можеби најдобрата споредба (иако се разбира за талент никогаш не можеш да предвидиш дека до толку добар ќе стане). Одличен е и во одбрана што е ретко за вака млади играчи. Слабата страна му е шутот, многу многу работа го чека тука и тоа ќе ја направи разликата меѓу суперѕвезда и солиден играч. Незгодното е тоа што иако популарно е да го сметаат за 3ка во НБА, во принцип барем во моментов, повеќе е 4ка отколку 3ка. Особено во денешната small ball игра, совршено би се вклопил на 4ка и претпоставувам таму и ќе игра барем додека не го подобри шутот.
 
Последно уредено:
miami svrza 4 po red pobedi u mn kriticen period,sekoja pobeda e bitna istokov e sjeban godinava
 

Паметен потег според мене. Изгубена е сезоната, ама од сега може со нов тренер да се гради нов систем.
 
Јас не се слагам со отпуштањето на Хорначек. За мене он е топ10 тренери по знаење во НБА.

Дали е Хорначек крив што Бледсо има стаклени колена? Дали е тој крив што нивниот GM Рајан МекДонах го доведе Ајзеа, па после во сред сезона го трејдува и него и Драгиќ? Он ли ги потпиша близнаците по снижена цена со даден збор дека нема да ги раздвои, па онда го трејдуваа Маркус у Детроит. Не даде Џеф 50мил$ на Чендлер за 4 сезони и со тоа го заробија cap space...

Направија се што можат да му отежнат за работа на еден тренер...
 
Последно уредено:
Јас не се слагам со отпуштањето на Хорначек. За мене он е топ10 тренери по знаење во НБА.

Дали е Хорначек крив што Бледсо има стаклени колена? Дали е тој крив што нивниот GM Рајан МекДонах го доведе Ајзеа, па после во сред сезона го трејдува и него и Драгиќ? Он ли ги потпиша близнаците по снижена цена со даден збор дека нема да ги раздвои, па онда го трејдуваа Маркус у Детроит. Не даде Џеф 50мил$ на Чендлер за 4 сезони и со тоа го заробија cap space...

Направија се што можат да му отежнат за работа на еден тренер...

da da retko glupi potezi napravija sunsi ne gi vadi od govna niso
 
12645230_1654761818130373_451999093198569473_n.jpg
 
Важна победа без Демаркус (2/7 без него), Рондо најдобра шутерска партија сезонава, 19 поени 4/4 за три
 
Адриан Војнаровски од yahoo јавува дека на лето Дурент доаѓа во ГСВ, не памтам кога последен пат Војнаровски промашил нешто...

CaPRKSwWYAAW3Ww.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom