Тоа е мое мислење да, ама апсолутно не е базирано на субјективни ставови - напротив на релевантни статистики со кои може колку толку да се прават историски споредби.
Еве ви линкови до
Данкан и
Коби на нивните статистики во кариерата.
career Win Shares:
Данкан 203.1 (6ти на сите времиња)
Коби 172.4 (18ти на сите времиња)
Данкан е 2 зад Бил Расел во Defensive Win Shares (Коби 46ти), Коби е 12ти во Offensive Win Shares (Данкан 25ти) на сите времиња.
career average PER:
Данкан 24.4 (13ти alltime)
Коби 23.1 (21ви alltime)
Playoffs Win Shares:
Данкан 37.5
Коби 28.3
Playoffs PER:
Данкан 24.6
Коби 22.4
титули:
Данкан 5
Коби 5
MVP награди:
Данкан 2
Коби 1
finals MVP награди:
Данкан 3
Коби 2
MVP award shares:
Данкан 4.278, 9ти alltime
Коби 4.206, 11ти alltime
all NBA тимови:
Данкан 15
Коби 15
all defensive тимови:
Данкан 15
Коби 12
Ова е само мал дел од релевантни аспекти од НБА (кои патем во последно време ги користат и при бирање на идни HoF играчи). Може да побарате и да најдете и други. За контекстот на погорните статистики, слободно прогуглајте ако не ви се познати.
Нели е симптоматично што повеќето ако не и сите од вас што се расправате сте хард кор Лејкерс фанови? И не понудивте никаков аргумент, никаков доказ, само коментари дека бил најголем лидер, дека бил најдобар "scorer", дека било срамота да се споредува и не знам што се уште не - никаков доказ за тоа (линк до статистика, мислење на квалитетен и докажан аналитичар кој повеќе разбира кошарка од сите нас заедно).
А и не е дека го потценив или го хејтам Коби, напротив кажав дека според мене е топ 10-15 и си набројав десетина играчи кои се според мене пред него. Плус и додадов дека креирање на прецизна објективна листа од ваков тип а практично невозможна.
За едно целосно се согласувам, 4/5ка и 2/3ка не се лесни за споредба, ама темата беше општа. Ако збоувавме за најдобри wing играчи во историјата, тогаш нема збор дека Коби е во топ 5, можеби и втора најдобра "2ка" после Џордан.
П.С. За тоа колку јас пратам и/или разбирам НБА, си знам само јас самиот. Можете да мислите што сакате. Сигурно дека не пратам заради вас. Пишувам овде само затоа што сакам да има поголемо пратење и разбирање на НБА во нашата држава, а не дека ми треба некаква сатисфакција. А за "номинацијата"

, баш ме заболе. Се надевам и ќе победам

П.П.С. За фудбал сум далеку од експерт (и не пратам толку многу) и затоа не ни коментирам во тој подфорум.