Реално треба и мора да го нападнат рекордот.Би било глупо да почнат да одмараат пред финишот.Ако успеат,ќе бидат запаметени како нешто најнај во регуларната сезона.Уморни или не,до финале како така ќе стигнат.После Поп нека му ја мисли и да видиме дали ќе извади нешто од ракавите.Да му се живи и здрави старците,тие со нивното искуство ако направат нешто,иначе тешко.
Проблем е што Голден Стејт ќе имаат предност во евентуалниот двобој со утакмица повеќе на домашен терен,а можно е да се игра мајсторка.
Мидлтон и Д`Анџело се играчи со најголем пад на формата моментално.Посебно Мидлтон.Жива мизерија.
А каков играч е Карл факинг Ентони Таунс!!!Доминира дечкото.Дабл-дабл машина.Со уште година-две искуство најверојатно ќе биде најдобар центар во лигата. Вигинс е страшен исто така.Зек Лавин како ја крена формата последно време,тој уште пострашен е.
После ваквите партии на Таунс,Пекович ќе го трејдаат буквално за ништо.Барем јас така мислам.12 милиони зема Пек-Менот и машина за повредување.Може пак да си ја пробаат среќата за некој драфт пик.
Гарнет зема 8 милиони и тој целиот искршен. 20 милиони им одат во вода моментално.
Бјелица 4.
Малце треба да ја потсредат екипата и незгодни ќе бидат веќе од наредна сезона.Клупата е мизерна,немаат шести играч.Како им фали играч од типот на Лу Вилиамс или Крофорд.Немаат никаков импакт од клупата,тоа им е најголемиот проблем.
Минесота потенцијален контендер за титула за едно две години ?
Овој Кари е пореметен.
Инаку Филаделфија до кога да ги чекаме да стигнат до тие фамозните 20 и неколку победи ?




Оваа мизерија од екипа ако сака уште пет сезони нека танкира,пак нема ништо да направат. А да не збориме и колку лесно се повредуваат нивните главни потенцијали.
А тоа што запнаа со центрите,тоа е веќе друга работа.Ембид им е новиот Оден.
Го гледам сега драфтот од 2014 и Кларксон е избран како 46-ти пик.

Каква кражба испадна за Лејкерс.Јокиќ 41-ви.
Мора да се признае дека Сакраменто избираат најдобро од сите екипи.