- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.486
- Поени од реакции
- 7.470
Ашик е добар дефанзивец, ништо повеќе. Лош скокач за висината што ја има, лош изведувач на слободни, не знае да фаќа топка и е ограничен во напад. После 15 мин. се губи, затоа му е толкава и минутажата. Типичен role player, и тоа преценет. Еве, и да му дадеш поголема минутажа типот ќе ја усере пошто си има проблем со фаулите.

Апсолутно не е точно ова. Ашик е еден од најдобрите скокачи во лигата веќе неколку години уназад. Исто е и меѓу најдобрите дефанзивни центри. И како го кажа тоа "добар дефанзивец ништо повеќе". Малце ли е тоа? Одбраната е пола од играта. Одличните дефанзивни центри имаат поголема вредност од скоро сите бек шутери во лигата моментално. Точно е дека е многу ограничен во напад, ама во одбрана е звер. Тоа никако не е лош играч.[DOUBLEPOST=1417688676][/DOUBLEPOST]
Ти имаш ли идеа некаква шо значи целата офанзива да се базира на еден играч? Примери вакви се Хауард од Орландо, Казинс, Џеферсон, Лопез, и може слободно да им ги погледнеш бројките. Мемфис немат дефиниран напад, 60% од акциите им се pick&pop со З-Бо - Конли - Гасол у зависност против кој играт, барајки miss-match.
Другите центри без разлика против кој играат нападите се нон стоп преку нив т.е офанзивно на нив се целосно базирани.
Психолошко присуство![]()






Ајде објасни како цела офанзива се базирала на овие играчи? Апсолутно не е точно тоа. Биле важна алка да. Ама дека се се базирало на нив не е точно. Особено не е точно со Хауард во Орландо и еве нив ќе ги земам како пример. Тоа што го играше Орландо беше популарно наречена "4 надвор, 1 внатре" тактика, каде Хауард беше под кошот а сите останати бомардираа со тројки од надвор. Главната јачина на нападот им беа тројките, а не пост ап-ите на Хауард. Плус го имаа Туркоглу како организатор на нападите во point forward улога. Рашард Луис кој ја револуционеризира позицијата "stretch 4" во тоа време. Хауард беше најважна алка да, и без него немаше стратегијата да биде толку ефективна но апсолутно не е точно дека тој им го носел нападот.
Во ниту една екипа цела офанзива не се базира на еден играч. Особено не во модерната НБА каде тоа не е ни возможно веќе дури и да сака тимот да го направи тоа. Најблиску до таква ситуација се Лејкерси од пред некои 10 години кога им замина Шек и Коби шутираше по милион шутеви или Лејкерс од годинава кои се повеќе реалити шоу отколку НБА тим ама и таму не само што Коби сепак не играше сам, туку и многу лошо беше за екипата што толку форсира (особено годинешната верзија). Тука до некаде може и да се смести и стариот Кливленд на Леброн.
Друго, мешаш "офанзивно базирани" со "шутираат милион шутеви". Едно 5 години уназад главна алка во нападот на Мемфис е Марк Гасол, особено откако го трејдаа Руди Геј. Офанзивата на една екипа не е - му ја даваш топката на еден играч и го оставаш да игра еден на еден. Тоа до некаде функционираше на времето, ама од тогаш се сменети некои правила, односно олабавени се некои рестрикции и тоа е катастрофална идеја во денешно време. Нападите на ниту една екипа, особено не појаките не функционираат така. Организацијата на нападите вклучува еден куп блокови, додавања, трчање во празен простор и сл. Тој што на крај шутира е само дел од се она што се случува. Улогата на Марк Гасол во екипата отсекогаш била еден вид на point center. Никој друг не го игра тоа (бидејќи и немаат способност, единствено до некаде можат брат му и Ноа) во лигата за да можеш да споредиш. Доволно е да видиш што им се случуваше на Мемфис минатата сезона кога Гасол им се повреди на два месеци.
Последно уредено:
[DOUBLEPOST=1417692005][/DOUBLEPOST]Чисти чекори беа не Елис за гејм винерот


Никогаш не сум видел ваков кикс.