И тогаш добрата вила.....
Како вовед, неколку интересни факти од првите 2 утакмици од дуелот Spurs - OKC, и не толку воочливи на прв поглед
1) во првиот натпревар, "лидерите" Westbrook + Durant имаа вкупно 10 изгубени топки, за 1 повеќе од целата екипа на Spurs !
2) во вториот натпревар, OKC постигна само 77 поени, што е =најмалку постигнати поени по меч во плејоф за OKC, во пораз па и општо од нивното постоење! Ретко (мнооогу ретко) OKC постигнувале под 80 поени по меч(во плејоф) и единствени други два натпревари во тој стил се
(од 2009-2010 сезона па наваму) следните :
L.A. Lakers 75, Oklahoma City 77
May 16, 2012 Conference Semi Finals - Oklahoma City wins 4-1
Oklahoma City 79, L.A. Lakers 87
April 18, 2010 Opening Round - Los Angeles wins 4-2
ај во 2012-та тие 77 поени со ЛА и не се толку фрапантни бидејки и на крајот сепак го добија мечот!
3) од првите два меча, статистиката во поглед на реализација од поле за Westbrook e следнава
game 1 FG 9/21 ТО=4 25 поени
game 2 FG 7/24 TO=3 15 поени
E токму и на последниов дел за Westbrook ќе се задржам и неговите бројки и "ефикасна" игра ми се некако најинтересни и ми се вртат у глава последниве 2 -3 дена, како омилена сцена од некој култен филм кој си го посрал од гледање 100 пати (и планираш во блиска иднина да го направиш тоа бар уште 100 пати )....И никако да ми се избрише од глава се таа една иста сцена,ми доминира у мозок, сцена во која главна улога е Russell (не Kurt туку Westbrook), има нешто со цигли, летаат на сите страни, акција добра... И се прашувам јас така овие денови кој беше тоа филм и кога сум го гледал јас последен пат ?! И не ми текнуе насловот ама ич !!!!!
И полека ми се разбистри зелката,после еден restart се дигна маглата и ми текна : Еден филм кој беше 6 дела, имаше многу Црнци у филмот

, прво почна како хорор во првите 2 дела (не е SAW тоа сигурно

), па се сврте накај мистерија/фантазија/бајка наредните 2 дела (не е ни Петар Пан да не се лажете од сликата горе

) за да во 5-от дел премине накај драма претежно(со елементи на хорор на крајот, кога тој еден со брада им испаѓа таму и ги коле на крајот

, ептен крвотници ) И последниот 6-ти дел беше трилериште невидено

!!!!
"
Филмот" другарче според описот најверојатно ќе да е NBA
West Finals 2012

!!!!!
Мора да е тој !!
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Конкретно за серијата Spurs -OKC 2012 NBA WEST FINALS иако е тоа минато ама е многу битно од неколку аспекти(да 2012-та , а не 2014 -та.......и не е грешка !!!!)
На најголемиот дел од луѓето и фановите се уште не им е јасно колку беше битен
James Harden 2012 -та во плејоф, пред се и особено во дуелот со Spurs ! Еве една "директна споредба",комплетна статистика меч за меч од плејоф,по серии, меѓу Harden и Westbrook од 2012 -та која недвосмилено го потврдува овој факт !
Westbrook, како што може да види и астронаут со оштетен вид од
Месечината, ја изигра убедливо најслабата серија од тој плејоф, во дуелот со Spurs, споредено со другите серии (Мајами, Далас, ЛА) и кај него се гледа тогаш пад во речиси сите статистички категории: ефикасност многу лоша =38% и далеку под негов просек со останатите 3 серии, поени во просек по натпревар и тука логично голем пад (најмалку по меч =18.2), изгубени топки по меч, рушеше рекорди таа серија со лоша игра ....едноставно многу лоша серија на Westbrook, типов беше машина за трошење топки таа серија !!!
За разлика од него, па Брадата ја изигра убедливо најдобрата серија баш со Spurs (си има среќа човекот),
кога брадата не личеше на Брадата....ефикасност 50%, шут за три 61% ,
дупло помалку изгубени топки од Westbrook (ТО) по меч....бројките не лажат !
Во најмала рака , просто кажано Harden играше 6 минути помалку од Westbrook а при тоа постигнуваше повеќе поени од него при 6 помалку испуцани шута од поле и со далеку поголема
ефикасност а беше во истовреме и најдобар тројкаш за OKC во дуелот со Spurs
(и процентуално и по број на постигнати тројки/меч!!!!) ИЛИ во превод, после Durant , најзаслужен играч што OKC ги помина Spurs и стигна во главно финале !!
Меѓу тогашното "
BIG Three" на OKC (Durant, Westbrook, Harden) во дуелот со Spurs, Durant беше со 18.2 обиди од поле/меч со фантастични 53% , Harden 12.2 со супер 50%, Westbrook беше со 18.5 шута и само 38% -најмногу од сите тројца арчеше топки
И сега мала ретроспектива како се одвиваа работите во таа мистериозна серија од многу аспекти : Првите 2 партии ги добија Spurs на домашен во Тексас, победи со кои Spurs беа таа година до тој момент со 10 победи во низа во плејоф, која е и трета најдолга низа во победи во историјата на НБА во плејоф
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_National_Basketball_Association_longest_winning_streaks
Во првите два порази за OKC во тој дуел, работите во тимот на OKC на терен, беа типични или "
vintage" OKC за таа ера во стилот на игра , па и до ден денес непроменети :
Durant до Westbrook, Westbrook до Durant, на ти го -дај ми го возат двајцава! Небричениот ќе собереше по некој отпад и добиваше по некоја коска на моменти од милост,и освен Harden од клупата, другово од клупава =аш, празна клупа и само рачките од клупата и сјајот од лакот и по некој штраф штрчи олабавен ! Big Three на OKC трошеше по 70% од вкупниот FGА на OKC......и друг избор и немаше баш за OKC (и така личеше бар до тогаш !)
Шала на страна, Harden во тие два порази беше феноменален и причина зошто (и покрај тоа што пружи гром партии) OKC не загуби убедливо тие 2 партии. Беше втор стрелец на првите 2 меча, убер ефикасен а и втората партија начука 30 поени , али попусто, пораз си е пораз !!!
Во првите 2 меча/порази за OKC и покрај тоа што BIG Three изигра би рекол и над можностите и капацитетите за годините и искуството и имајќи предвид кој им беше противник, сепак резултати немаше, ни блиску поволни за OKC ! SAS со една нога веќе во главно финале !!
На првите 2 меча, остатоков од стартната постава кај OKC =
Ibaka +Perkins + Sefolosha имаа заедно продуктивност просек едвај 15 поени/меч = Мизерија !!!!
И чиниш
иљач нема

за скотот Брукс и OKC во таа серија и свршено е со нив за таа сезона....и ете ти ја бајката, NBA
where amazing happens, ме разбираш
и тогаш добрата вила им ги позлати рацете на Ibaka, Perkins, Sefolosha

а на капетанот Parker ака
Кука му рече да се гони и да не кука, туку да проба да си го избрише задникот со левата рака

!!!! (немојте ова дома да сте го пробале !!!

)
И немаше подобар тајминг за добрата вила да интервенира за OKC и едноставно се случи
трансформација по која и OKC не личеше на OKC во наредните 2 клучни партии (game 3 и 4)!!
Еве што се случи и се уште е мистериозно и необјасниво до ден денес:
game 3 Ibaka 5/9= 14 поени + Sefolosha 7/16= 19 поени
game 4 Perkins 7/9= 15 поени + Ibaka 11/11= 26 поени
и оваа тројка која првите 2 партии не беше воопшто фактор и се мачеше за едвај 10 поени , начука 2 партии со ред по 40 поени

!!!
И сега следи најбитното од бајката ПАЗИ

:
15 поени од Перкинс/меч е партија со најмногу поени од него во дресот на OKC и овој има буквално само 4 партии во дрес на OKC со 10+ поени !Ако ги земам и оние плејоф партии во дресот на Boston, неговиот game 4 учинок спаѓа во топ 3 партии на Perkins во постсезона во неговата кариера ! 
19 поени од Sefolosha е негова најдoбра партија во дрес на OKC и општо за него во постсезона, до ден денешен овој има само 4 партии во плејоф, во целата негова НБА кариера кога и одел 10+ поени ! 
Ibaka постигна само 26 поени game 4 =најдобра партија за него во плејоф до денес офанзивно , сегмент од играта во кој тој не се препознава !!!!
Шо им направи за game 3 и 4 воа вилата

(еб_ти кобилата ) на iBaka +Perk + Sefolosha= "Sick" Three

???!!!
И само како јагода на шлагот за OKC во game 5 Harden во последна четвртина ги закла и практично сам им играше на Spurs и ја реши на крајот со тројка.
И како уште една јагода на шлагот, ама од оние огромните, увозните , како гума без вкус (од шефот на сала за младоженците) во последната 6 партија Spurs прокоцкаа на полувреме 20 разлика !!!!
ЗАтоа и викам
мистериозна серија бидејки и многу работи им се поклопија на OKC во вистински момент !!!
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Back to the Future........проектот OKC 2014-та
Во првата партија (со Spurs) за OKC Fisher "
изненади" со одлична партија (овој и 2012-та играше доста добро против Spurs во поголемиот дел иако и тогаш веќе во години) а и дефинитивно
делува доста инспирирано и сака да се покаже и курчи, особено против Spurs и пензионери од неговата генерација, но реалноста е дека типот игра на 5 партии една партија асална со учинок кој е вреден за спомнување а и околностите во OKC му овозможија да добие солидна минутажа која ја искористи на најдобар можен начин, нема збор ! НО, иако чичко ти Fisher може и да плесне по некоја тројка две(за Бадник и за празници

), каде и е од најголемо значење за и онака во тој сегмент лимитираната OKC но дефанзивно им прави додатни проблеми на OKC = дава 2 тројки ќе прими 7 поени = лош компромис ! Дополнително што и оваа постсезона шутот за 3 не го служи како минатите две сезони за OKC! Овој лисец со 40 години уште се лакоми, и пред се се надеваше дека ќе лапне уште една титула, па заедно потоа со Horry да го драпаат Коби по социјалниве мрежи со муабетите кој имал повеќе прстени

!!!!
Единствено Reggie вреди нешто и се труди доста, а на терен оваа постсезона се покажа најконстантен од клупата на OKC, ама и овој не е играч истриен доволно (младо к_ре) за да може да врзе две партии во плејоф на ниво и знае да се изгуби солидно на подолго време, на моменти. Сепак имаше доста добри партии кога беше најпотребно.....Butler веќе е дамна заладен играч со години, далеку од оној стариот пред 6-7 години(последна саглам сезона за него =Dallas 2011 кога лапнаа прстен, кога пред плејоф се е-а). Последните 2 години беше најчесто најслабата алка од стартната постава на Clippers, мајстор за трошење топки

!!! Тие што ги гледале Clippers последниве сезони знаат, а не е и далеку и оваа постсезона за OKC во стилот топло/ ладно!!
ЗА Collison(ај веќе е и во години и е спор) и Perkins да не праам муабет, освен некој блок и физичка игра ....офанзивно =духови кои дури и најсофистицираната опрема за следење на паранормални појави не може да ги детектира на теренот .....за жал тоа е реалноста ! Тука е и Sefolosha негде.
Westbrook по default и традиција стално се губел против Spurs 
во плејоф (тоа статистиката го покажува недвосмислено) и ги играл најслабите партии во плејоф токму против Spurs . И не може некој да каже дека е обична коинциденција за 1-2 партии, бидејки ако се земат оние 6 партии од 2012-та + последниве две од оваа сезона со Spurs тоа е веќе солидна бројка репрезент ! Неиграњето/присуството на Ibaka ама ич не е причина зошто Westbrook кова шајки против Spurs веќе речиси 10 партии во плејоф последниве 3 години и продолжува и оваа година во тој стил !!!!! Му прави далавери тоа старото магаре Popovich

а може и едноставно Westbrook е урочен

!! Ќе да е првото
Harden важи генерално за многу
лош одбранбен играч, играч кој не дека и до толку не може да игра добра одбрана колку што не сака да се замара со таа страна од играта и делува како да има дадено заклетва дека додека е во НБА нема да игра одбрана ИЧ

, но во 2012 -та типот беше невидено
апашиште на топки кај OKC, со најмногу украдени топки вкупно во плејоф, израменти со Westbrook по 31 . Секако Westbrook беше стартер и минеше повеќе минути на терен од Hаrden. Нема подобар репер за одбраната кај еден бек во кошарката од украдените топки, иако и тоа не ја дава целата и комплетна слика за одбранбениот удел, но сепак е најбитна карактеристика кај бековите, особено дефанзивата кај PG-a.
Харден одигра вкупно 20 утакмици во 2012-та во плејоф (ни една како стартер) и тие
31 украдена топка се доста солидна бројка. Како пример, пред се ради ориентација на линков подоле споредете кои играчи беа со 30+ украдени за 20+ партии одиграни во плејоф.
http://www.landofbasketball.com/all_time_leaders/steals_total_single_playoffs.htm
Најголемиот дел се логично бекови, плејови, пред се стартери кои беа и најчесто главни играчи во нивните тимови, без дилема сите овие на листава минеа далеку повеќе минути во една плејоф сезона од Harden, барем по имињата може да се претпостави во најмала рака а најголемиот дел од нив се од ера во НБА и кога се играше и допушташе далеку пофизичка игра со многу повеќе контакти и ќотек, што секако оди уште повеќе во прилог на Харден !!!!
Од сликата се гледа дека и Harden беше најдобриот тројкаш за OKC во плејоф таа сезона !
Харден мора да се труди многу повеќе од аспект на одбраната (за негово добро) и тоа му е слаба страна,нема дилема, но и статистиката на Харден во поглед на украдените топки од 2012 плејоф за играч од клупа се навистина импресивни и (се коси со онаа перцепција и реалност за него од дефанзивен аспект) тука нема збор колку бил битен тогаш за OKC и во тој дел од играта иако на прв поглед ако се прегледаат пак снимките од 2012 -та плејоф за OKC тоа можеби и не би било толку очигледно!
И да резимирам :
Пред почетокот на дуелот Spurs - OKC, независно од состојбата на Ibaka, наградното и сосема логично и не место
прашање од Драган Вучиќ

беше:
Kој кај OKC ќе ги надомести оние 20 поени од Брадата и неговата комплетна игра од 2012-та, плус дополнителни поени од еден/два "Џокери" барем во континуитет од 2-3 последователни партии како што тоа се случи во 2012-та а ќе биде и повеќе од неопходно оваа година за да може OKC во најмала рака да парира офанзивно и да одговори соодветно барем на артилеријата и огинот на Spurs ????
Присуството на Ibaka на терен не може во никој случај драстично да ја смени едноличната офанзивна игра кај OKC (најголема мана) иако не смее да се заборави дека сите поени (а фалат доста во дуелот со Spurs) се повеќе од добредојдени. Ibaka беше трет стрелец за OKC и неговите 13 поени/меч иако скромни и може и не се толку пресудни ама пак ќе повторам се се брои за OKC!
СЕ бараат јунаци кај OKC, кои и реално и ги нема (освен ако нема 2-дел од бајката ) и во моменталната ситуација кога и Ibaka е аут и го нема, ствара огромен дефицит од поени за OKC!!! Ова е секако под претпоставка дека дуото KD+RW би играле на достојно за нив ниво, со некој максимум од 50-60 поени комбинирано со пристојна реализација од 45+%, а не како вторава 40 шута со 30% и ќе се чудиме како OKC се мачат за 70 поени !!
Или OKC се надеваат дека како и во двата дуели со Мечките и Clippers џокерот ќе бидат повторно судиите и во вистински момент ќе им го спасуваат газенцето ????
Дури и за такво сценарио се спремни Spurs и имаат одговор

!!
