НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
heyspike_medium.gif
Инаку НБА во последниве неколку сезони никогаш не била подефицитарна на позицијата број 5, НИКОГАШ. Порано се водеа рововски битки под кошевите, Шек, Мелоун, Олајџувон, па пред нив Џабар и Периш. Сега е ера на 2ки и 3ки, односно доминираат ликови ко Коби, Леброн, Дурант, Мело и остали.

Заблагодари му се на Штерн, и на тајфата сопственици окулу него. Ги мењаа правилата на играта, со цел да се маргинализираат центрите, и играта преку центрите. Како за пример Бајнам/Лопез во времето на Ојаџувон ќе беа топ5 играчи во лигата, ако ништо друго затоа што барем 75% од нападите ќе идеа исклучиво преку нив.
 
Како игра сезонава Скола,досега немав прилика да гледам?
 
Како игра сезонава Скола,досега немав прилика да гледам?

Синоќа ги растури во 4-та четвртина, доста битни поени на крајот, од кои едно куцање во контра откако му ја украде на Денг.
 
Синоќа ги растури во 4-та четвртина, доста битни поени на крајот, од кои едно куцање во контра откако му ја украде на Денг.

Дали тоа значи дека Скола си е Скола,еден од потценетите НБА играчи,оние кои трпеливо си работат и играат тимска кошарка?
Од секогаш ми бил симпатичен кошаркар.
 
Дали тоа значи дека Скола си е Скола,еден од потценетите НБА играчи,оние кои трпеливо си работат и играат тимска кошарка?
Од секогаш ми бил симпатичен кошаркар.

И мене секогаш ми бил симпатичен. Една од најдобрите замени на 4-ка (на Вест), во друга екипа би играл во први пет.
 
Заблагодари му се на Штерн, и на тајфата сопственици окулу него. Ги мењаа правилата на играта, со цел да се маргинализираат центрите, и играта преку центрите. Како за пример Бајнам/Лопез во времето на Ојаџувон ќе беа топ5 играчи во лигата, ако ништо друго затоа што барем 75% од нападите ќе идеа исклучиво преку нив.

Не е се до правилата. Едноставно заради повеќе нови технологии кои се појавија, тимовите сфатија дека поефикасен им е нападот ако играат со многу повеќе шутеви за три. Играта сега се сведува на пенетрација, чекање на удвојување и исфрлање надвор за отворен шут за три.
 
Баш до правилата е.
Пред да го намалат растојанието за 3ка, не се шутираа ни од блиску толку многу тројки, ниту имаше тимови кои живееа на линијата за 3ка. Првиот план секогаш беше, топка до центарот и изолација... сега и зоната е легална, па дефанзивните ротации се без лимит.

Тогаш центрите беа алфа и омега, и во нападот но и во одбраната.
Денес не е така... благодарение најмногу на новите правила.
 
Ич не беше во ред тоа што Вукчевич им го направи на клиперси...30 поени 21 скок....друг пат треба да е малку понежен...
 
Баш до правилата е.
Пред да го намалат растојанието за 3ка, не се шутираа ни од блиску толку многу тројки, ниту имаше тимови кои живееа на линијата за 3ка. Првиот план секогаш беше, топка до центарот и изолација... сега и зоната е легална, па дефанзивните ротации се без лимит.

Тогаш центрите беа алфа и омега, и во нападот но и во одбраната.
Денес не е така... благодарение најмногу на новите правила.

Не знам за какво намалување на далечината зборуваш. Ми се чини експериментираа една-две сезони со нешто такво во деведесетите ама пак си се вратија на старата. Далечината на линијата за тројка во НБА е 7.24 метри односно 23 стапки и 9 инчи. Толку беше откако беше воведена тројката во 1979. Ако за тебе нови правила се тие од 1979 и ми зборуваш за времето пред тоа, тоа е друга работа. Ама реално 35 години се игра со овие правила и имало еден куп доминантни пост-ап центри во овој период (повеќето од тие што ги познава било кој од нас се од овој период). Сега нема, пред се заради сфаќањето на тимовите колку многу е ефикасна тројката. Порано не знаеа. Плус не знаеа ни играчите да шутираат толку добро колку сега. Стилот на игра е многу променет во изминатите 30тина години ама многу малку од тоа е заради промена на правила. Дозволувањето на зона пред десетина години можеби има мало влијание, ама не верувам со оглед дека и онака ретко се користи. Единствено правило кое им помогнало на бековите (ама тоа не значи дека им ја отежнало работата на центрите) е забранувањето на hand-checking (има и тоа околу 10 години веќе).

Искрено јас и немам проблем со сето тоа. Играта еволуира и сега е многу поексплозивна, со многу поизразено тактичко надмудрување и позабавна. Нема веќе досадна еден на еден игра (или ја има многу помалку) туку се оди на додавања и создавање на добри шутеви за сите играчи.
--- надополнето: 7 ноември 2013 во 21:11 ---
Не гледам никој да напишал: Тајсон Чендлер е аут 4-6 недели.

На Њујорк и онака лошо му почна сезоната, ова може да е многу тежок удар. Цела одбрана Чендлер им ја држи. Вака нема да ме чуди комплетно да се распаднат и до крај да се мачат да влезат во плејоф. Нема да ме чуди да направат трејд за центар, ама па немаат што да трејдаат (ниту имаат добри млади играчи ниту имаат пикови - сите веќе ги раздадоа).
 
Пази сега, да кажеш дека порано играчите не знаеле да шутираат како што денешниве играчи знаат, е навреда за поранешните генерации.
Играчите како Оскар Робертсон, Пистол Кид, Џери Вест, Меџик, Бирд, Дражен Петрович, (и ова се само првите што ми доаѓаат на памет во моментот) сите поминувале многу време во сала, вежбајќи го шутот... исто како и денешните најдобри шутери.
Слободно можеме да кажеме дека денес шутерите имаат предност во однос на оние порано, стратегијата односно теоријата на нападот, денес е многу поразвиена од порано... се со цел да се изградат чисти ситуации за шут. Порано играта била многу поедноставна, многу повеќе се играло еден на еден, и од играчите се барало многу повеќе, од индивидуален аспект.

Не зборам сега што е подобро, или поубаво за гледање. Тоа се веќе лични вкусови.
Факт е дека играта еволуира, но таа еволуција е насочена меѓу другото и со промената на правилата. Тие правила денес се направени да фаворизираат тимска игра, наспроти индвидуализам... и тоа се одразува и на важноста на центрите и нивната улога во играта.

П.С. Да, сум ги помешал лонците за 3ката. 1994-95 скратено на 22 фити, 1997-98 вратено на нецели 24 фити.
http://www.nba.com/analysis/rules_history.html
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom