Инкогнито Original
1312
- Член од
- 11 јули 2008
- Мислења
- 2.928
- Поени од реакции
- 1.611
Перо 5 поени во победата против Сакраменто со 105:100.
Ги реши Перо![]()
Без неговите пет поени ќе имало продуженија. БРАВО ПЕПИКА ВОИНУ!!!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Перо 5 поени во победата против Сакраменто со 105:100.
Ги реши Перо![]()
сеуште е рано нормално, но еве неколку играчи шо импресионират засега-
Пол Џорџ 27/9/4
Ерик Бледсо 23/6/8
Крис Пол 26/4/13
Кевин Лов 26/14/4
Монта Елис 23/3/5
Андре Драмонд 11/11
Клеј Томсон 22/3
Ентони Дејвис 22/12
Иван Тарнер 22/5/3
Мајкл Картер Вилијамс 20/5/8
Брук Лопез 20/6
Енес Кантер 18/9
Тристан Томсон 13/9
Блејк Грифин 20/10/3
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 20:30 ---
![]()

Точно така. За Хауард, ќе се сложат сите, никогаш не бил уверлив во нападот. Тоа што постигнуваше 20+ во Орландо беше заради физичката доминација, а реално целата игра паѓаше на него и Нелсон. Сега, кога ги има веќе изградените и одлични дефанзифци како М.Гасол, Хиберт, Ноа, Лав и уште неколку, Хауард делува очајно во напад. Post-up играта на основна линија му е очај.
Во одбраната е одличен. Затоа и ќе се изгради одличен тандем помеѓу Хауард и Харден.
Целосно се сложувам за плеј позицијата, Лин нема што да бара во таква екипа. Повеќе би одговарал играч со помалку загубени топки во просек и играч што помалку шутира.
Види, Хауард е супер играч само кај него проблем е пристапот во играта. Не може еден професионалец кој игра во НБА тим кој што го гледаат милијарди луѓе низ светот да искача на терен и да се клешти како ретардирано детенце и да го боли уво дали тимот му губи или води. Да има само малце мозок ќе биде најдоминантен во лигава без никакви дилеми. Дефанзивно е no.1 у цела лига дефинитивно, а офанзивно исто може да биде на тоа ниво само што ете, него смеењето му е поинтересно од сериозноста. Ова за no.1 у цела лига мислев од центрите.
ОК се' тоа околу однесувањето, но сериозно мислиш дека би бил подобар од Лав и Хиберт ?
Напаѓачки, дефанзивно или општо ме прашуваш? Јас на секој начин мислам дека би бил подобар Хауард, со тие предиспозиции и не можам друго да мислам. Само пак ќе кажам, џабе е кога црпката не му фаќа.

Јас мислам не, сериозно, Хауард е вреден само во одбрана. Готово е со неговата пост игра.
Лав и Хиберт се одлични и во одбрана и во напад. Погледни ја статистиката на Лав, доволно е. Хиберт, е веројатно во топ 5 одбрамбени играчи во лигата, во нападот е исто така одличен, се сеќаваш Мајами во финалето колку менуваа за да го задржат.
Но, се сложувам со тебе, таа припроста тврдоглавост и детско однесување го одврати.![]()
Хиберт не е нешто посебно во нападот, со оглед на неговата висина. Лав е сосема различен играч од нив двајца и некако глупо ми е да ги споредувам. Лав шутира тројки, шутира од поле, а овие се зацементирани во рекетот. И Лав не е добар одбранбен играч, напротив, на негова позиција е еден од полошите во лигата. А Мајами менуваа во финалето на Хиберт затоа што немаа висок човек и немаше кој да му парира па надополнуваа со удвојувања.

Мајами ги земав чисто за споредба, и останатите екипи имаа голем проблем. Гледај, Хиберт кога влезе во лигата имаше доста слабо тело, беше физички инфериорен од повеќето центри. Неговата игра е доста променета. Ми се допаѓа old scholl играта на Хиберт. Знае да изгради солидна позиција, и лесно да пробие до кошот.
Ако не се согласуваш, наброи неколку центри со слична игра кои играат подобро во офанзивата.
За Лав, се сложувам дека е поинаков тип, но ајде, за атер на муабетот и Марк Гасол би го ставил пред Хауард.
Глупавоста на Хауард не ја поднесувам. Тоа е.
Јас бев билдериште во споредба со него.
Гледај го сега каков е, грамада, ама од оние глупавите. 
А ти текнува Хауард кога дојде во лигава ти текнува каков беше?Јас бев билдериште во споредба со него.
Гледај го сега каков е, грамада, ама од оние глупавите.
Инаку НБА во последниве неколку сезони никогаш не била подефицитарна на позицијата број 5, НИКОГАШ. Порано се водеа рововски битки под кошевите, Шек, Мелоун, Олајџувон, па пред нив Џабар и Периш. Сега е ера на 2ки и 3ки, односно доминираат ликови ко Коби, Леброн, Дурант, Мело и остали. Хиберт секако е во топ 5 центри во НБА, него муабетот ми беше дека не е нешто спешл кога се во прашање офанзивните карактеристики али момаков многу напредува последниве две сезони, така да очекувам уште подобра сезона од него.
Марк Гасол израсна во страшен играч и играч од кого зависи одбраната на целиот тим. А каква само салама беше пред неколку сезони![]()
Лав е потпросек во одбрана,а Хиберт бушеше со Мајами оти немаше кој да го чува.Мајами се слаби на центарска позиција,гледај баш против тим со јак центар кога ќе играат.Јас мислам не, сериозно, Хауард е вреден само во одбрана. Готово е со неговата пост игра.
Лав и Хиберт се одлични и во одбрана и во напад. Погледни ја статистиката на Лав, доволно е. Хиберт, е веројатно во топ 5 одбрамбени играчи во лигата, во нападот е исто така одличен, се сеќаваш Мајами во финалето колку менуваа за да го задржат.
Но, се сложувам со тебе, таа припроста тврдоглавост и детско однесување го одврати.![]()