Типичен македонски гледач на кошарка.
(со знаење „изградено„ врз база на коментарите на „умешните„ македонски коментатори од школата на МТВ).
Батка, Лејкерси се за никаде сезонава, ама проблемот не е во Хауард.
Кога во лигата убедливо водиш во изгубени топки и одбраната ти е буквално за никаде, кривицата не ја барај во само еден играч. Хауард е дефакто и дејуре најдобар центар во лигата. Момакот игра со недозалечен грб по тешка повреда и уште потешка операција.
Проблемот на Хауард, покрај здравјето кое ќе се подобри, се слободните фрлања. Со тоа представува своевидна енигма, зошто како руки има 60+ процент шут од слободни фрлања, за понатаму сите сезони процентот постојано да му паѓа надоле. Во Орландо го разгалија и не го тераа да тренира правилен шут а барем пола од проблемот му е во главата а за тоа не помага никаков тренинг.
Да бидам искрен, едвај чекав да дојде плејоф и да ви ги читам плачењата на форумов, ама со ваков однос кон одбраната не очекувам одење подалеку од второ коло...