NBA Сезона 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113
Има многу играчи што имаат 33 години или над 33 па уште газат, а за последниве 2 години баш има добар просек на поени а тимот им беше очаен, лани 14 поени просек, пред 2 години 18.
Бен Гордон даваше по 25 поена за Чикаго пред да отиде во Детроит а таму се избламира, што не значи дека е лош играч, туку треба и да има и добри соиграчи.
Како и да е да почекаме да видиме како ќе се покаже Хамилтон, ма да со Роуз мислам ќе праат партали. :D
Ти викам ја, не е он уопште лош, далеку од тоа, ама не е и она вистинското што им требаше на Булс. Со Хамилтон тешко до титула, али Роуз и све е можно.
 
Забораваш на фактот дека е неетички и неморално лигата да биде сопственик на еден клуб и во исто време да ги регулира интересите на сите клубови.

Конфликт на интереси.

Лигата кога го купи Хорнетс, назначи генерален менаџер и менаџерски тим кои ја имаа целата слобода на раководење на клубот. Лигата, како сопственик, не им назначи конкретни услови за размената на Крис Пол. Но, кога истото тоа раководоство на Хорнетс по стотици саати преговори, дојде до договор за размена со уште два други клубови... дури тогаш лигата ја забрани размената.

Дали разбираш?
Регулаторот може да запре размена единствено заради нерегуларности, не заради тоа дали му се допаѓа исходот од размената.

Од сопственичка страна гледано, зошто Штерн, односно НБА не ги постави тие услови на раководството на Хорнетс пред да почне преодниот рок за размени? Зошто чекаа со денови иако деталите беа јавно пренесувани?

Кој друг освен самата НБА е одговорен за се што настана потоа?

Што се случи понатаму сите видивте. Штета претрпеа и Хјустон и Лејкерс (секако и Хорнетс).
Хјустон планираше со размената да ослободи кап простор за да го донесе Нене. Тоа пропадна затоа што додека да се расчистат работите Нене потпиша за Денвер итн итн...
Ламар Одом, реагирајќи емоционално побарал размена во Далас... нешто што Лејкерси џентламенски го испочитуваа, практично му го подарија на Далас во размена за пик и трејд ексепшн. Чуствуваа дека толку секако му должат на Одом по седум години во тимот, иако едноставно можеа да го задржат во тимот (макар за идни размени). По ова може да се види каков клуб се Лејкерси.

Она што излезе на виделина е секако лицемерноста на раководството на НБА.

Не, не правам муабет за конфликтот на интереси и за легитимноста на ветото од страна на Штерн на готова трампа поради „кошаркарски причини“. Тука нема оправдување.
Јас само сакав да кажам дека трампава која ја направија со Клиперси е подобра од онаа која требаше да ја направат со Лејкерс/Рокетс.
Инаку апсолутно се сложувам дека блокирањето на трампата е целосен fail и голем срам за Штерн и НБА воопшто. А конфликтот на интереси истовремено е неморално на многу нивоа и Хорнетси треба што побргу да бидат продадени за да се избегнат понатамошни вакви глупости.
Инаку веќе кажа Дерон Вилијамс дека Штерн е bully... Тоа горе доле сите го знаевме, ова само дополнително ни потврди дека комесарот е алфа и омега во лигата...

Но овој „скандал“ брзо ќе се заборави од сите кои не навиваат за Лејкерс :cool: или за Хјустон, и најпосле оваа трампа дефинитивно е подобра за иднината на Њу Орлеанс...Значи Штерн направи правилна одлука иако таа не беше целосно „чиста“ и по правилата.
 
Ти викам ја, не е он уопште лош, далеку од тоа, ама не е и она вистинското што им требаше на Булс. Со Хамилтон тешко до титула, али Роуз и све е можно.
На нив прва опција им беше Смит од Денвер али он си потпиша во Кина а друг слободен играч немаше бек шутер, освен Крафорд али ете се одлучија за поискусен.
А за поквалитетен играч ќе требаше да жртвуваат некои играчи а вака сите си останаа плус Хамилтон, топ им дојде за 3 години 15 милиони.
Чим лани стигнаа до полуфинале оваа година очекувам повеќе, па ќе видиме.
 
Ти викам ја, не е он уопште лош, далеку од тоа, ама не е и она вистинското што им требаше на Булс. Со Хамилтон тешко до титула, али Роуз и све е можно.

Незнам што си очекувал од Булси?
На Чикаго не им беше потребен играч кој ќе ја гњави топката, или кој ќе троши шутеви. Ги имаат за тоа и Роуз и Бузер, па и Денг.
На Булси им требаше бек од доверба, добар шутер кој знае да погоди отворен шут и играч кој ќе игра солидна одбрана.
Хамилтон ги има сите овие карактеристики, дури и повеќе, плус во тимот внесува менталитет на шампион...

Win Win за Чикаго.
 
Се согласувам со цел пост освен со болдираното. Хамилтон важи за играч кој е многу досаден во одбрана и таков играч би посакал секој тренер, али 33 годинки и не знам баш дали ќе може да чува двојки како Вејд и компанија... Муабетот ми беше дека ова се исплати за Чикаго, далеку покорисен е од Боганс али мислам дека немаат шанси за титула. Е сеа што сум очекувал од Чикаго... Па со оглед на тоа дека тимот им е исти како лани плус Хамилтон, јас очекувам повеќе од нив оваа сезона, ипак го имаат Роуз, најбоље плеј у цела НБА а и лански МВП.
 
Се сложувам, но Чикаго неможеше да донесе никого што подобро ќе игра во одбрана против Вејд и компанија, а да не го растуреа тимот... :)
Во Хамилтон имаат солиден дефанзивец, кој одлично ќе се надополнува и со Роуз и со Денг. Но одбраната не беше најголемиот проблем на Чикаго - проблемот беше во нападот.
Хамилтон токму тука директно придонесува.
 
Абе JR Smith потпиша цела сезона во Кина, не го гледам во ростерот...и Кенион исто ?
 
Абе JR Smith потпиша цела сезона во Кина, не го гледам во ростерот...и Кенион исто ?

Да... Значи до март негде. Заедно со Кенион Мартин и со Вилсон Чендлер.
Знаеја за ризикот кога потпишуваа во Кина, дека мора да играат цела сезона и дека договорот неможе да биде раскинат, па сепак прифатија...
Глупав... глупав потег!!!
 
Се сложувам, но Чикаго неможеше да донесе никого што подобро ќе игра во одбрана против Вејд и компанија, а да не го растуреа тимот... :)
Во Хамилтон имаат солиден дефанзивец, кој одлично ќе се надополнува и со Роуз и со Денг. Но одбраната не беше најголемиот проблем на Чикаго - проблемот беше во нападот.
Хамилтон токму тука директно придонесува.
Коа ќе видиш и држи вода твоево зашто Чикаго пред се играат тимска одбрана повеќе. Едини изузетен дефанзивез им е Денг, а и Ноа да не го заборавам (сите се добри дефанзивци да не се лажеме тука :) ). Ќе видиме после 25ти, јас сакам Чикаго да успее сезонава, зашто мојов Лејкерс изгледа ќе биде мачкина кашлица за појаките екипи,така да ако не прави ништо ЛА нека прават Чикаго или Оклахома. :)
 
И мојов Бостон ке биде мачкина кашлица.
Јебига бате, си давава надеж, ама јок, ке минат години дури пак да играат финале:confused:
 
И мојов Бостон ке биде мачкина кашлица.
Јебига бате, си давава надеж, ама јок, ке минат години дури пак да играат финале:confused:
Изгледа така ќе биде. Јас мислев ќе му направат за последен пат шампионски тим на Коби ама ништо од тоа. Сега најверојатно ќе има вакум во наредните две-три години во Лејкерс, а и во Бостон, освен ако не му текне нешто у задњи моменти на газдава на ЛА па да спука некој страшен трејд, ама чисто сумњам.
 
Абе дур е Коби у тимот, Лејкерс се конкуренти. :)

Али да не си им у кожа на тие што ќе треба замена да му бараат за некоја сезона. :)
 
Што значи ова 3 утакмици на спортклуб во недела?
Изгледа нема да треба league pass за сезонава :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom