NBA Сезона 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата D-Wade
  • Време на започнување Време на започнување
А на мтв ги даваат сите финални плеј оф утакмици или од кај знаеш????

Скоро сите би требало да ги пренесуваат.
Така прочитав некаде, не се сеќавам точно кај беше..исти е со Спорт Клуб пакетот.
 
Скоро сите би требало да ги пренесуваат.
Така прочитав некаде, не се сеќавам точно кај беше..исти е со Спорт Клуб пакетот.
Епа значи нема да ги даваат оти на спортклуб нема да се емитува третата утакмица
 
Јас не знам зошто Мајк Биби игра во првата петорка и добива толку голема минутажа. Неговата сегашна улога во екипата е да ја пренесе топката преку половината и потоа да ја подаде. Ниту организира акции, ниту пак погодува отворени шутеви. Според мене далеку попродуктивни за Мајами би биле Чалмерс или пак Милер (Вејд би играл плеј).
Инаку како и што очекував Чикаго не успеа во целост да ја материјализира предноста на домашен терен. Мислам дека Мајами сфати дека единствен начин да се победи Чикаго е да се сопре Роуз (кој рака на срце имаше очајна вечер).
И да, што беше фрката со Ашик и Вејд? Ја пропуштив таа ситуација.

Вечер очекувам 2-0 за Далас. Маверикс меле на Западот (со Дирк на чело). така што мислам дека Оклахома нема што да бара.
 
Многу јака им е најавава на Спортклуб : Диркенштајн вс Дјурентуле :pos:
 
Интересен натпревар, во првото полувреме Мајами имаше многу продадени топки, а во второ Чикаго им го зема приматот.

Секако клучен фактор е катастрофалниот шут на Роуз, промашуваше и од под кош влезови што обично ги реализира. Од друга страна јасно е дека Вејд и Леброн не можат да играат очајно 2 дуела по ред.

Како и да е очекувам интересна серија, и ништо не гарантира дека Мајами ќе ги добие 2та меча дома. Кај Чикаго сепак мора уште некој освен Роуз да превземе одговорност цел дуел, а не како Денг вчера само во прво полувреме, а и Бузер слаб беше.

И да додадам, дека органски не го можам Корвер, уште од кога се појави во НБА. Знае да погоди 3ка, ама кога ќе влезе, во своите 5 минути мора да шутне барем 5 пати и кога треба и кога не треба. А не знае ни топка да води, а ја фати одма гледа да ја фрли за 3ка.
 
Ова не ми изгледа како финален меч од западот, и -15 ќе биде успех за Оклахома.
 
Ме интересира зошо играат си ваква петорка, овој Стивенсон е страшен антиталент, а и Мерион не е во некоја форма. Рик е префокусиран на одбраната.
 
браво оклахома :) баш сакам да ги видам во финале нормално против чикаго кој ако продолжи да игра како вчера тотално ќе се посрамоти :tapp: мајами не изигра ништо посебно (освен одбрана) ама затоа чикаго изигра 3 пати полошо
 
Fear the beard !!!

jamesharden.jpg


--- надополнето ---

302136755.jpg


 

слабооо, разлути се Дјурант машинеријата, дури и Тајсон Чендлер шо гледаше од клупата заработи си фаул од ова :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom