C
Castiel
Гостин
со помал жар во играта?? за булси збориш ако некои играч имаат жар во играта тоа се булс...не само во плеј оф туку цела сезона... Тибс не знае со ѕвезди да менаџира? забораваш дека беше помошник на Док Риверс во период кого бостон беа шампиони... Пирс, Гарнет, Ален се беа ѕвезди и има нешто научено и од таму...а и башка Булси не е тим без ѕвезди....Роуз го забораваш...па и Ноа е ѕвезда последниве неколку сезони па и Денг....не се сеа од калибарот на Леброн али ипак...А за Леброн што игра крилен центар...па мајами нема асален Центар и бош игра на таа позиција и пошто нема кој да игра крилен Леброн ќе игра таму...не е дека го натерал...туку мора да игра таму...за коби што збориш...кажи ми кога имале Лејкерс Асален Плеј па за коби да игра така? Неш не го спомнувај пошо е во години а и поврден беше поголем дел од сезонава...Тибс совршено може на кој било тим да биде тренер ќе има успех...може нема да е моментален али ќе си го направи тимот по свој Мерак...Рачунај штом успеа од 30ти пик на драфтот да го направи да игра како да е меѓу првите 3 пика (зборам за Батлер) што може да напраи со други играчи...Тибодо е одличен тренер за Чикаго но би бил катастрофален за Мајами. Тибодо има многу специфичен карактер ги форсира играчите дури и премногу и ако нема соодветни играчи во составот ќе настануваат конфликти. Ако има тим со звезди како Мајами не би издржал ни пола сезона. Срцето на Чикаго е Ноа кој го има истиот жар на Тибодо и е совршен играч за него. Денг, Гибсон, Батлер, Робинсон... се играчи кои совршено се вклопуваат во менталитетот на Тибодо. Со порелаксирани играчи со помал жар во играта (барем не до плејофот), како што се голем дел од звездите во лигата Тибодо нема да може да управува.
Од друга страна Сполстра не знам зошто го потценувате. Она што тој успеа да го направи, да ги натера звезди како Леброн, Вејд и Бош да се вклопат во неговиот систем е за секоја почит. Го уигра тимот иако е составен од навидум несоодветна комбинација на играчи. Начинот на кој им ги контролира карактерите, минутажата и мотивацијата на звездите во тимот е на многу високо ниво. Тибодо комплетно би потфрлил во овој аспект кој е клучен за тим како Мајами. А да не ни зборуваме за фактот што Сполстра го убеди Леброн да игра како крилен центар добар дел од времето, што е клучно во успехот на Мајами. Тоа ти е исто како Коби да го натераш да игра без топка, да му ја даде на плејот и да чека на крило да му ја подадат за шут од место - никогаш нема да се случи.
П.С. Што мислите зошто Фил Џексон беше зверка? Точно затоа што знаеше како да менаџира со звездите кои ги имаше. Ретко кој тренер го може тоа.