Да не излезе дека хејтам, ама никој од погорните постови, не спомна дека Коби имаше 2 од 10 во последната четвртина.
Не е работата до тоа кој „хејта„ или не туку до објективност.
Проблемот на ЛА не е во Коби, туку до тренерот и до тимот. Во моментов концептот на тимот е погрешен. Не може тим што нема ниеден, барем просечно добар шутер на позиции 1 и 3 (плејмејкер и ниско крило), да отиде далеку во плејоф. Кобе е ѕвер и го носеше тимот на грб до неколку титули ама сега времето полека го стига.
Оклахома во одбрана целосно ги игнорира позициите плејмејкер и ниско крило на ЛА. Во последната четвртина Бајнам редовно го чуваат така да не може да му се додаде топка. Проблемот донекаде е во тренерот кој неможе да изготви напади каде топката успешно ќе дојде до Бајнам. Но проблемот е и во тимот кој не командува доволно респект да сите позиции се одбранбено покриени од ОКЛ.
ОКЛ прави гужва во рекетот, двајца обавезно на Бајнам (до тројца некогаш), Ибака (кога Бајнам почнува движење со топка) го остава сам Гасол и оди да блокира шут... зошто знае дека некој друг ќе го покрие Гасол и за возврат ќе остави сам некој од позициите плејмејкер и/или ниско крило на ЛА.
Да не зборам на празно еве два примери од втората утакмица.
Погледајте внимателно.
Нападот има цел да ја донесе топката до рацете на Бајнам. Но тоа не е возможно зошто Перкинс во финишот на на сите натпревари (до сега) Бајнам го чува од надворешна страна: нешто што вообичаено не го прави, само во последните минути. Времето проаѓа и Коби додава до Гасол кој исто е покриен и ја враќа топката до Коби.
Времето за напад полека истекува и Коби мора да шутира од изолација ама бранет шут од добра одбрана.
Втор пример исто во завршницата на втората утакмица.
Мала варијација од Мајк Браун тука, додавач е Стив Блејк за Вестбрук да не може да удвојува (пошто кога Блејк е без топка сите го игнорираат).
Нападот повторно има цел да ја донесе топката до Бајнам. Но тоа повторно не е возможно зошто Перкинс повторно го чува Бајнам од надворешна страна. Повторно топката оди до Гасол но Бајнам е добро покриен и... топката завршува кај Артест кој нема каде во (преполниот) рекет и вади надвор до Коби кој има време само да шутне бранет шут... и да промаши.
Повторете ги краткиве видео клипови и во комбинација со објансувањево нема шанси да не разберете за што ви зборувам.
Пофалби за добро поставената игра на ОКЛ, ама проблемот е во тимот на ЛА кој нема ниеден шутер на позициите плејмејкер и/или ниско крило. Подобар тренер како Џексон би нашол начин како да го надмине ова барем од аспект на додавањата до центарот Бајнам, генерално триаголникот како напад е идеален за тимови со подпросечни плејмејкери.
Само една работа нека биде јасна, Коби го направи тоа што можеше да се направи. Човекот нема страв (како некои) да ја земе топката во раце кога се одлучува натпреварот... ама на овие години, по толкава „километража„ во НБА, едноставно не може да го носи тимот на грб се до титула.