NBA Finals 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012


  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .
Губи Лејкерс од Оклахома 20 разлика, нема послаб тренер од Мајк Браун.
Губи Мајами од Индијана 20 разлика, нема послаб тренер од Ерик Сполстра.
Губи Клиперс од Сан Антонио 10 разлика, нема послаб тренер од Дел Негро.

Кога ќе се одлучиме кој е најслаб? :D
Знам дека сите тројца не ги бива за тренери, ама тоа е половина од муабетот во темава.

:pos::pos:
Абе жими се додека го пишував постот ми текна дека вчера/завчера напишав за Мајк Браун и Сполстра дека се дупки. :)
Нејсе, Вини Дел Негро е број еден без сомневање, уште од порано го пратам никат не ми праел мерак. Мајк Браун е океј тренер али според мене за помошник тренер во делот кај дефанзивата, или хед коуч на некој тим ко Шарлот, на шампионски тим НИКАКО. За Сполстра ќе ќутам, се е кажано за него.
 
Koj тактика на Поповиќ не е нормален тренерот на Спарси:eek: . Како и да е Спарси во Конф. Финале. Само Оклахома може да ги запре другите тимови немаат шанси. Ќе биде јака таа серија се разбира ако ЛАЛ не направат изненадување.
 
Ако вечер е 2-2 ЛА ја добиваат сигурно серијата ја вртат комплет :)
 
Спарс изгледа им дадоа 20 разлика предност за да им биде поинтересно, а Реџи Еванс ако бегаше или се криеше во публика за да не му прават фаул, може и пресврт ќе направеа Клиперс:pos:, а и во прво полувреме иста тактика му правеа на Деандре.
А најјако ми беше интервјуто после прва четвртина на Попович, ја збуни репортерката:
-Што се случи во првата четвртина?
-Поп: Тие играа одлично.
-Како може да се промени тоа?
-Поп: Со 14 работи, знаеш. Да играме подобро. Да дадеме повеќе кошеви.
 
Артест кога погодува тројка за Лејкерс ми е исто како и Чековски за Македонија кога погодува :)
 
Толку од Лејкерси. Тројката на Дурент на крајот ги скина, убава серија во последните минути на гостински терен, риспект! Него Оклахома-СА каков дуел ќе е тоа само...
 
Повторно детски болести од страна на Лејкерс. Сега наместо да водеа 3-1, губат. Браун ќе лета на крајот од сезонава. Не ми се верува го имаат едниот од најдобрите европски тренери(Еторе Месина) кој палеше и жареше со Киндер и ЦСКА и еден единствен момент во играта да се осетеше дека го имаат. Катастроа. Нека изгубат и 5та да си ги скратат маките и да ни понудат добар дуел САС-ОК
 
Губи Лејкерс од Оклахома 20 разлика, нема послаб тренер од Мајк Браун.
Губи Мајами од Индијана 20 разлика, нема послаб тренер од Ерик Сполстра.
Губи Клиперс од Сан Антонио 10 разлика, нема послаб тренер од Дел Негро.

Кога ќе се одлучиме кој е најслаб? :D
Знам дека сите тројца не ги бива за тренери, ама тоа е половина од муабетот во темава.
ЛА изгуби 3 од 4.
Во два од тие три порази ЛА водеше со убава предност се до завршните минути. Во втората утакмица ОКЛ ги даде сите последни 9 поени, во третата ОКЛ направи 24:9 во последните 8 минути.
Да беше Фил Џексон на чело на ЛА немаше да биде чудно ако сега резултатот беше 3:1 за ЛА наместо за ОКЛ.
Лаици му ги гледаат пропустите на Мајк Браун. Последново, на ултра расположен Вестбрук (37 поени) да го оставиш еден Стив Блејк да го чува во завршницата... да не набројувам многу пропусти, многу пропусти. Нормално не е се до тренерот, ама еден од главните фактори е тој.


Како и да е, честитки до Оклахома, поштено си победија.
 
Комотно Лејкерс можеа да водат 3-1 во серијава. Пак испуштија убава предност, едноставно не заслужуваат да пројдат даље. Коби перфектен како и увек, какви само шутеви погодуваше но не може човекот сам. Гасол кретенот на 98-98 му фрла топка у раце на Дурент и одма примаат тројка.
За следна сезона прво и основно треба нов тренер за Лејкерс, а потоа и реконструкција на тимот, пред се во поглед на клупата каде што Лејкерс е најслаб, а исто така и на плејмејкерската позиција.

Што се мене тиче ја би го мењал и нежниот, преку таквото ми е од неговиот крик и неконстантноста, една утакмица игра добро дваесет лошо. Подобро да се донесе некој помлад и желен за докажување отколку овој кој изгледа заситено и глуми некоја ѕвезда. Пример Дерик Вилијамс мене ми е ептен добар, атлета е, борбен, скока, одбрана игра, буквално одличен кошаркар.

Тоа е тоа, се надевам Оклахома ќе освои титула, цела сезона играат одлично и навистина заслужуваат да освојат. Финалето на запад ќе биде како големото финале, истокот оваа сезона е тиња невидена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom