NBA Finals 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012


  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .
Страшна утакмица вчера, страшна.
Вестбрук ги уништи, очигледно никој ништо не му може од Лејкерси. Дурент:cuc: кој клачер станал, алал нека му е.
 
Страшна утакмица вчера, страшна.
Вестбрук ги уништи, очигледно никој ништо не му може од Лејкерси. Дурент:cuc: кој клачер станал, алал нека му е.
На почетокот на плејофот имав лошо мислење пошо се млада екипа немаат многу искуство нема шанси до финале али ова ги надминува сите граници :cuc:
 
Да не излезе дека хејтам, ама никој од погорните постови, не спомна дека Коби имаше 2 од 10 во последната четвртина.
 
Да не излезе дека хејтам, ама никој од погорните постови, не спомна дека Коби имаше 2 од 10 во последната четвртина.

Не е работата до тоа кој „хејта„ или не туку до објективност.

Проблемот на ЛА не е во Коби, туку до тренерот и до тимот. Во моментов концептот на тимот е погрешен. Не може тим што нема ниеден, барем просечно добар шутер на позиции 1 и 3 (плејмејкер и ниско крило), да отиде далеку во плејоф. Кобе е ѕвер и го носеше тимот на грб до неколку титули ама сега времето полека го стига.

Оклахома во одбрана целосно ги игнорира позициите плејмејкер и ниско крило на ЛА. Во последната четвртина Бајнам редовно го чуваат така да не може да му се додаде топка. Проблемот донекаде е во тренерот кој неможе да изготви напади каде топката успешно ќе дојде до Бајнам. Но проблемот е и во тимот кој не командува доволно респект да сите позиции се одбранбено покриени од ОКЛ.
ОКЛ прави гужва во рекетот, двајца обавезно на Бајнам (до тројца некогаш), Ибака (кога Бајнам почнува движење со топка) го остава сам Гасол и оди да блокира шут... зошто знае дека некој друг ќе го покрие Гасол и за возврат ќе остави сам некој од позициите плејмејкер и/или ниско крило на ЛА.

Да не зборам на празно еве два примери од втората утакмица.

Погледајте внимателно.
Нападот има цел да ја донесе топката до рацете на Бајнам. Но тоа не е возможно зошто Перкинс во финишот на на сите натпревари (до сега) Бајнам го чува од надворешна страна: нешто што вообичаено не го прави, само во последните минути. Времето проаѓа и Коби додава до Гасол кој исто е покриен и ја враќа топката до Коби.
Времето за напад полека истекува и Коби мора да шутира од изолација ама бранет шут од добра одбрана.
Втор пример исто во завршницата на втората утакмица.​
Мала варијација од Мајк Браун тука, додавач е Стив Блејк за Вестбрук да не може да удвојува (пошто кога Блејк е без топка сите го игнорираат).​
Нападот повторно има цел да ја донесе топката до Бајнам. Но тоа повторно не е возможно зошто Перкинс повторно го чува Бајнам од надворешна страна. Повторно топката оди до Гасол но Бајнам е добро покриен и... топката завршува кај Артест кој нема каде во (преполниот) рекет и вади надвор до Коби кој има време само да шутне бранет шут... и да промаши.​
Повторете ги краткиве видео клипови и во комбинација со објансувањево нема шанси да не разберете за што ви зборувам.​
Пофалби за добро поставената игра на ОКЛ, ама проблемот е во тимот на ЛА кој нема ниеден шутер на позициите плејмејкер и/или ниско крило. Подобар тренер како Џексон би нашол начин како да го надмине ова барем од аспект на додавањата до центарот Бајнам, генерално триаголникот како напад е идеален за тимови со подпросечни плејмејкери.​
Само една работа нека биде јасна, Коби го направи тоа што можеше да се направи. Човекот нема страв (како некои) да ја земе топката во раце кога се одлучува натпреварот... ама на овие години, по толкава „километража„ во НБА, едноставно не може да го носи тимот на грб се до титула.​
 
Боље да го изметеа паркетот со 4-0 него на ваков начин да се загуби серијава, со 2 '' добиени '' текми, да не се разглаба, се е кажано погоре од Ванлок, Стефан и Перфекто, кога истите грешки се повторуваат оувер енд оувер аген, и од регуларниот дел од сезоната а и сега од плејофот се знае каде лежи најголемиот дел од вината.
Честитки до фановите на Оукејси. (y)
 
И да, отворете box score и видете, само тројца играчи од клупата влегле кај Лејкерс и тоа Мет Барнс кој играл цели 4 минути и 42 секунди, Џордан Хил кој играл скоро 14 минути и Блејк кој играл 24 минути. Па Боже мили како со ваква ротација сакаат да ја добијат Оклахома? Како со ваква ротација сакаат шампиони да бидат?
Бајнам играл 43 минути!!!!! И како сакаат да биде продуктивен? Алоо кај се видело у цел свет центарот да има фул минутажа? Видете кај Оклахома освен Дурент и Вестбрук како е распределена минутажата, видете Перкинс и Ибака по колку минути имаат изиграно и после добро го чувале Бајнам, епа ќе го чуваат кога овој игра 43 минути на паркет и не може да дише а овие двајцава по 30 минути играат и одморени се и затоа корнат во одбрана.

Зошто не го стави Ибенкс место Артест? Колку само убаво изигра човеков додека го немаше дивјакот тоа е чудо, и сега чим се врати овој после суспензијата одма го закова на клупа Мајк Браун, мувлар смотан. Гаудлок нафта ископа на клупа цела сезона, само на неколку утакмици го има ставено, а откако е Сешнс во екипава воопшто нема влезено. МекРобертс изгледа ко декор служеше оваа сезона, а Марфи сеуште не сфаќам зошто го земаа, како може ваков играч да игра во Лејкерс? Јас овој не би го пуштил ни за Кожуф да игра а не за Лејкерс...
Треба промени во Лејкерс и тоа гооолеми, вака не бива, ништо не прават со ваква филозофија. Нека пробаат да ја искористат следната сезона, која можеби ќе му биде последна продуктивна на Коби кој се повеќе и повеќе се троши, се повеќе и повеќе го јадат годините.
 
Нема логика стварно, Ибенкс игра стартер кога Артест е суспендиран, Артест се враќа, Ибенкс воопшто не игра ... ?!?!
Кога Артест не е тука Ибенкс е прва опција, кога Артест е тука он е трета односно, не игра, а логично е да добива предност пред Барнс во ситуација кога е стартер кога Артест не е тука или у пакет со него нормално, да добиваат минутажа од клупа. Несватливо.
 
може линк од мајами индијана
благодарам однапред.
 
добро шо се дешава со вејд :tapp:
кај го нема бош, овој го остава џејмс сам да игра
 
Од големата тројка по се изгледа само еден е голем...!! Многу на сила играт. Незнам што се дешава со Мајами!!
 
Работава е како во Кливленд што играше исто му се врати на Џејмс,сам игра во плејоф,преку сезона колку толку не се осеќа ама сега кога е густо...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom