NBA Finals 2012

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012


  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
Аман бе више прво коби,коби сега џејмс па џејмс,едноставно не му иде на човекот не дека го сакам ама до сега не ми дал повод да го замрзим ко што мрзим некој играчи у нба,Точно до сега не се покажал у завршниците ама овде и ко ќе шутне на крај,ко ќе почне да промашува ќе речат,ех не може ништо да погоди кога е најпотребноУствари има една работа што ми смета,го напушти клинвенд, а можеше да си остане имаше тој тим капацитет за титула,ама од кога замина све се распадна.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
Капацитет?
Кливленд беше докажано промашен концепт.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.541
Поени од реакции
17.958
Капацитет?
Кливленд беше докажано промашен концепт.
Абе сеа не зезај,како стигнаа до финале имаа добро тимче и со уште некој играч ќе беа и те како конкурентни,ама според мене леброн згреши.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Абе сеа не зезај,како стигнаа до финале имаа добро тимче и со уште некој играч ќе беа и те како конкурентни,ама според мене леброн згреши.
Не проблемот е што Леброн си отиде од Кливленд за да не игра сам, да не го носи цел тим сам, а во Мајами моментално истата приказна му се случува.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.289
Поени од реакции
8.481
Не проблемот е што Леброн си отиде од Кливленд за да не игра сам, да не го носи цел тим сам, а во Мајами моментално истата приказна му се случува.
Разлика небо земја! Во Кливленд еден од менаџментот ако знаеше што прави еве на...
Пет Рајли се гледа дека знае што прави, само уште играчиве да му го фатат она шампионсконо...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Абе сеа не зезај,како стигнаа до финале имаа добро тимче и со уште некој играч ќе беа и те како конкурентни,ама според мене леброн згреши.
Точно Леброн згреши поради тоа и го хејтам не за нешто друго.
Можеше да си остане во Кливленд ќе му донесеа уште еден јак и ќе си правеа партали сега Оклахома ќе ги згазат нема прстен за него :D
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
Абе сеа не зезај,како стигнаа до финале имаа добро тимче...
Само затоа што конкуренцијата на истокот беше очајно слаба.

Проблемот со Кливленд беше (е?) лошиот менаџмент.
Еден од најголемите киксеви им беше што го практично го оставија ЛеКвин (со неговиот ПР тим) да го водат клубот. Тоа во надеж дека со тоа ќе го натераат да остане, ама дечкото ги из**а и си отиде.

Исто ќе им се деси и на Орландо ако го остават Хауард да си игра генерален менаџер. Мајами е друга приказна, домеинот на Пет Рајли е тоа. Од друга страна си продолжува по своето ЛеКвин, летово напомна дека некогаш со задоволство би се вратил да игра во Кливленд. Чисто да ги подсети Мајами дека за неколку години му истекува договорот.

На страна сето ова, Мајами сеуште не е комплетен тим, им фали еден солиден центар во најмала рака. Не мора да биде некој како Хауард или Бајнам, ама барем некој како Перкинс.
И подлабока клупа секако. Но тешко тоа со сегашните плати и новиот колективен договор.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Точно Леброн згреши поради тоа и го хејтам не за нешто друго.
Можеше да си остане во Кливленд ќе му донесеа уште еден јак и ќе си правеа партали сега Оклахома ќе ги згазат нема прстен за него :D
Па 5 години чекаше и што му донесоа?
Ентоан Џејмисон и Ентони Паркер !
Тапа испадна што отиде у Мајами ама јебига .
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
251
Ке видите дека Тандерс ке освојат. Луѓето играат со душа <3
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
ЛеБрон Џејмс за Ражон Рондо :

“Не дека не го почитувам Крис Пол, Тони Паркер, Расел Вестбрук и другите плејмејкери, но Рондо е најдобар на својата позиција.Тој е висок 1.85 метри, а скока како да игра центар.Тој е и прв асистент на лигата и сега има шут.Не можете да го чувате затоа што тој ја има најдобрата визија за играта.Кои играчи досега направиле 18 поени, 17 скокови и 20 асистенции.Ниту Меџик Џонсон ниту Оскар Роберстон.Кој играч некогаш постигнал 44 поени, 8 скокови и 10 асистенции во плејоф.Никој !“

Само вистината си кажува човекот :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
http://on.net.mk/sportal/kosharka/minaa-15-godini-od-flu-game-na-dzhordan

КОлку и да нема врска со финалето погледнете ако знаете зошто никој и никогаш неможи да биди како Џордан..зошто вакви Слабаци како Џејмс и лигушот Брајант неможат да бидат споредени со овој великан....две рала мадиња имаше МЏ
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 20:07 ---
Не беше најголем затоа што е трет поентер на сите времиња со 32,292 поени или што е рекордер на својот клуб по бројот на постигнати поени на еден натпревар (60), туку заради огромното СРЦЕ на голем спортист секогаш гладен за триумфи и желбата да и помогне на екипата дури и кога се чувствува лошо
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.966
Поени од реакции
23.527
^
Ајзеа играше со исчашен глужд една ипол четвртина!

џст сеин ...

 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Само затоа што конкуренцијата на истокот беше очајно слаба.

Проблемот со Кливленд беше (е?) лошиот менаџмент.

На страна сето ова, Мајами сеуште не е комплетен тим, им фали еден солиден центар

И подлабока клупа секако.
kој те лажел за ова ?!

ако во ерата на Леброн во Кавс на истокот немало сериозна конкуренција, не знам кога имало !
http://sports.yahoo.com/nba/news?slug=clevelandpost

Детроит 2004 НБА шампиони, 2005 шампиони на истокот. 2006 плеј во втора рунда Леброн губи во 7 утакмица од нив (во годините кои идат Детроит ке биде сериозна пречка за Кавс и било кој на истокот !)

Вашингтон, најдобрите години на Џилберт. Прва рунда беше милина да се гледа Леброн vs. Џилберт, класика 2006/2008. Кавс со многу маки ги минеа со 4:2. Џилберт беше недопирлив во НБА тогаш, буквално што сакаше правеше на терен, од кај сакаше погодуваше.

2008 година, кога Бостон станаа шампиони, во втора рунда спасија глава од Леброн во 7 утакмица. како пример: Лакерс не ни успеаја да ги добуткаат во финале Бостон во 7 утакмица (туку беа смачкани со 40 разлика во 6-та)

Орландо и Атланта до 2010 исто така беа многу добри тимови (Атланта пример Бостон ги мачеше 2008 до 7 утакмица !) Орландо добуткаа и во главно финале !

не е случајно зошто за Леброн и Кавс, Бостон и Детроит беа најголеми пречки. Тие два тима беа многу комплетни, играа тимски, имаа клупа , искуство , многу балансирани тимови и напад и одбрана. Како капак стави и добри тренери и тоа е !
Леброн сам со Кавс и Мајк Браун извлече максимум против нив.........толку можеше. Истото важи и за Спарс во финале 2007
========================================================================
Кога сме кај менаџирањето на тимовите и неуспешните експерименти во НБА последниве години, Мајами со Пет Рајли се убедливо најголемата утка што се случила во поновата историја на НБА
(тоа и му е јасно на Рајли веќе овој период , ама касно е ) Убав концепт на прв план ,на крајот со многу дупки и залудно фрлени еден куп пари (а секој знае да троши пари) !

Рајли е голем ташак и највиновен што не го смени тренерот и му даде втора шанса за оваа година, кој е пак најзаслужен што некои од играчиве на Мајами се ептен во сенка, како да ги голтнала земја
Мајами немале клупа, друга голема глупост или биле некомплетен тим !

Играчите се таму, на клупата физички присутни, нема потреба некој да ги црта, туку треба да знаеш да ги искористиш, тоа е. Смешно е и пред се неправедно во однос на другите тимови во НБА (мизерија) Мајами да барат уште играчи и како причина за пораз да се бара 2 години по ред тој фактор. На крајов цела НБа да ја направиме 3- 4 ал-стар тима и другово за у трета лига и не знам колку ќе биде интересно тоа, ако биде воопшто !

Каде е James Jones искористен ?! (човеков заборавив дека постои !) Шампион за тројки 2011 на алстарот ! Каде е Мајк Милер ?!(Rookie of the year, sixth man award) и исто така редовен учесник на 3pt contest и мегу топ 10 шутери во историјата на НБА. Каде е Јoel Anthony ?! (ако е кадарен да биде стартер за КАнада, повеке од доволен е за во Мајами како backup центар и одличен одбранбен играч ! ) Ај Shane е веке во години и спор е, ама пак изигра добро.
Овие играчи требаше да бидат искористени на удвојувања на Леброн или Вејд пред се, ама тоа многу ретко се правеше !

Срамота е овој тим на Мајами да бара уште играчи од висока класа да идат на помош и да чекаат нешто да се промени. Кавс со Леброн имаше една класа подобра тимска игра него ова циркузов моментално во Мајами !

Леброн во Кавс имаше многу посериозна конкуренција во периодот од 2005-2009 одколку сега со Мајами, посебно оваа година (првата рунда NY беа осиромашени, против Индијана се мачеа, еден Бостон со 3 стартери од 36 години и без клупа им ја извадија маста за сите пари и назад итн итн)

Мене ми е јасно зошто толку Мајами се фура медиумски и се форсира на зорле: Едноставно НБА го изгуби кредибилитетот на озбилна лига каде тим од овој ранг со овие играчи не може две години со ред да земе титула и се мачи . Каква е таа НБА, сите се прашуваат !?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom