Само затоа што конкуренцијата на истокот беше очајно слаба.
Проблемот со Кливленд беше (е?) лошиот менаџмент.
На страна сето ова, Мајами сеуште не е комплетен тим, им фали еден солиден центар
И подлабока клупа секако.
kој те лажел за ова ?!
ако во ерата на Леброн во Кавс на истокот немало сериозна конкуренција, не знам кога имало !
http://sports.yahoo.com/nba/news?slug=clevelandpost
Детроит 2004 НБА шампиони, 2005 шампиони на истокот. 2006 плеј во втора рунда Леброн губи во 7 утакмица од нив (во годините кои идат Детроит ке биде сериозна пречка за Кавс и било кој на истокот !)
Вашингтон, најдобрите години на Џилберт. Прва рунда беше милина да се гледа Леброн vs. Џилберт, класика 2006/2008. Кавс со многу маки ги минеа со 4:2. Џилберт беше недопирлив во НБА тогаш, буквално што сакаше правеше на терен, од кај сакаше погодуваше.
2008 година, кога Бостон станаа шампиони, во втора рунда спасија глава од Леброн во 7 утакмица. како пример: Лакерс не ни успеаја да ги добуткаат во финале Бостон во 7 утакмица (туку беа смачкани со 40 разлика во 6-та)
Орландо и Атланта до 2010 исто така беа многу добри тимови (Атланта пример Бостон ги мачеше 2008 до 7 утакмица !) Орландо добуткаа и во главно финале !
не е случајно зошто за Леброн и Кавс, Бостон и Детроит беа најголеми пречки. Тие два тима беа многу комплетни, играа тимски, имаа клупа , искуство , многу балансирани тимови и напад и одбрана. Како капак стави и добри тренери и тоа е !
Леброн сам со Кавс и Мајк Браун извлече максимум против нив.........толку можеше. Истото важи и за Спарс во финале 2007
========================================================================
Кога сме кај менаџирањето на тимовите и неуспешните експерименти во НБА последниве години, Мајами со Пет Рајли се убедливо најголемата утка што се случила во поновата историја на НБА
(тоа и му е јасно на Рајли веќе овој период , ама касно е ) Убав концепт на прв план ,на крајот со многу дупки и залудно фрлени еден куп пари (а секој знае да троши пари) !
Рајли е голем ташак и највиновен што не го смени тренерот и му даде втора шанса за оваа година, кој е пак најзаслужен што некои од играчиве на Мајами се ептен во сенка, како да ги голтнала земја
Мајами немале клупа, друга голема глупост или биле некомплетен тим !
Играчите се таму, на клупата физички присутни, нема потреба некој да ги црта, туку треба да знаеш да ги искористиш, тоа е. Смешно е и пред се неправедно во однос на другите тимови во НБА (мизерија) Мајами да барат уште играчи и како причина за пораз да се бара 2 години по ред тој фактор. На крајов цела НБа да ја направиме 3- 4 ал-стар тима и другово за у трета лига и не знам колку ќе биде интересно тоа, ако биде воопшто !
Каде е James Jones искористен ?! (човеков заборавив дека постои !) Шампион за тројки 2011 на алстарот ! Каде е Мајк Милер ?!(Rookie of the year, sixth man award) и исто така редовен учесник на 3pt contest и мегу топ 10 шутери во историјата на НБА. Каде е Јoel Anthony ?! (ако е кадарен да биде стартер за КАнада, повеке од доволен е за во Мајами како backup центар и одличен одбранбен играч ! ) Ај Shane е веке во години и спор е, ама пак изигра добро.
Овие играчи требаше да бидат искористени на удвојувања на Леброн или Вејд пред се, ама тоа многу ретко се правеше !
Срамота е овој тим на Мајами да бара уште играчи од висока класа да идат на помош и да чекаат нешто да се промени. Кавс со Леброн имаше една класа подобра тимска игра него ова циркузов моментално во Мајами !
Леброн во Кавс имаше многу посериозна конкуренција во периодот од 2005-2009 одколку сега со Мајами, посебно оваа година (првата рунда NY беа осиромашени, против Индијана се мачеа, еден Бостон со 3 стартери од 36 години и без клупа им ја извадија маста за сите пари и назад итн итн)
Мене ми е јасно зошто толку Мајами се фура медиумски и се форсира на зорле: Едноставно НБА го изгуби кредибилитетот на озбилна лига каде тим од овој ранг со овие играчи не може две години со ред да земе титула и се мачи . Каква е таа НБА, сите се прашуваат !?