Нема ништо случајно во NBA !
Со ваква "досадна" игра, која носи резултат, Спарс се незгодни буквално за секој тим и секој тим би сакал да ги избегне, особено по фактот што барем до финале конференциско стигнуваат
со перфектен резултат(на прсти се бројат тимовите во историјата на НБА со вакво достигнување !)
The San Antonio Spurs own the longest NBA Playoff winning streak for a single postseason with 12 straight wins in the 1999 Playoffs and a 15–2 finish overall.
The Los Angeles Lakers own the most dominant post-season appearance with a 15–1 record in the 2001 Playoffs; they also have the second-longest playoff-game win streak with 11 in that season.
Of all the teams with multiple NBA Finals appearances, the Chicago Bulls and San Antonio Spurs are the only teams with perfect records at 6–0 and 4–0, respectively. (Note: these are the series records, not the individual game records)
http://en.wikipedia.org/wiki/NBA_Playoffs
а за Лакерс, се убедливо со Јута меѓу послабите тимови оваа сезона, во пост-регуларен дел на запад(дури и Јута не би ги ставил во ист кош со нив, затоа што имаат многу подисциплинирана, несебична игра од Лакерс, иако млади, ама сепак уште во прва рунда добија преголем залак и нормално ќе се удават, а во регуларен дел тој што ги гледал Јута имаа навистина на моменти многу импресивни партии и со победи против речиси сите од фаворитиве за титула !)
кај Лакерс, вистината е дека го избегнаа Далас во прва рунда во последен момент (4-5 дена пред крајот на регуларен дел беше пресвртот со Денвер за 6 место). Со Далас прва рунда тешко дека ќе минеа. Дури и со Клиперс да играа прва рунда (што беше многу веројатно) можеше да добуткаат 7 партија. За Денвер нема што, ги донесоа на самата ивица, за жилет избегнаа пораз.
Така да, сите овие "факти" дека ЛА можеле многу повеќе ако беше друг распоредот во старт, се само желби и носталгија !
Назад за Спарс, некој ќе каже имаат предвидлива ="неатрактивна" игра, но тоа се должи пред се на дисциплината и шаблонот во играта, права тимска игра која носи резултат и ништо не
е препуштено на импровизација ! Барем, во најмала рака во нивната игра има могу повеќе права кошарка ( пример еден Мајами или ОКC каде играат само 2-3 играчи, во велеслалом стил )
Во ред, ги разбирам донекаде помладиве што
на забивања, цепелини и дивеење по теренот крај со крај, 1 на 1 , ама тука не гледам никаква атрактивност (да бидам искрен, мнооогу одамна, кога бев гуштер НБА и јас се палев на цепелини, тетоважи, фризури и на кој му светеле повеќе патиките, ама бргу здосадува !)
Напротив, многу подосадна кошарка(ако може да се нарече кошарка) играат Мајами и OKC кога Мајами до сега во плејоф се мачат за 1 тројка, фати шутни стил, играат еден напад Вејд другиот Џејмс и обратно..............истото и кај ОКC и во регуларен дел и плејоф играт пред се со офанзивен аутпут од само 3 играчи, против појаки тимови особено , кога има многу зорт (aj ОКC, некако ќе се прогледа, млади се !)
Спарс конечно се освестија и го шитнаа Џеферсон, типов воопшто не се вклопуваше во нивната игра и многу ја рушеше хемијата. Diaw и Џексон што ги земаа во последен момент се како џекпот, особено Diaw со Duncan се многу погодена комбинација (и фино ги масираат ОКC во тој дел), а и мотивацијата кај Diaw е забележлива, па дури и кога и тој почнува да погодува за 3 (зошто да не си лапне прстенче со другар му Тони, со последниот воз). Па и Mills (иден стартер за Австралија) e неверојатен брз/ситен шутер/снајпер, иде неговото време !
Дали Спарс ќе ја израмнат најдолгата победничка плејоф серија во НБА ?!! (тешко дека ќе ја минат ОКЦ со 4:0, но се е можно, како играат) Секако, целта е да се земе титула, ама зошто и при тоа да не се направи нов рекорд НБА, пример 13 победи во ред
??!!
Јас многу не ги сакам Спарс (од аспект што изминативе 15 години беа во нивни знак), ама кога е за рекорди рушење, гласам за СПАРС оваа година и мило ќе ми биде, искрено !
историјата, ко за беља, се повторува: 99, локаут, скратена сезона Спарс руши рекорди, зима титула ....................2012, локаут, Спарс многу блиску до феноменален repeat...............
реши го ребусот : Спарс + локаут = ?