NBA драфт, трансфери, шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Според мене најпотценет играч е Адриан Пејн (неам појма како се изговара) од Мичиген Стејт. Нема некој голем потенцијал да се подобри со оглед на тоа што беше сениор оваа сезона и има 23 години, но силно и брзо тело под кошот кој ќе влегува од клупа би му послужило на екипа која е на чекор до контендер. Тука може да го ставам и Елфрид Пејтон, иако не го имам гледано многу, дефанзивно ориентиран плеј со солидна статистичка сезона.
Преценет е МекДермот, иако ми е омилен колеџ играч оваа сезона, ќе биде tweener во НБА. Тело на 3ка но ќе го чуваат 4ки и ќе чува 4ки бидејки не е брз и атлетичен за 3ки иако имаше 37'' скок на комбајнот. Би сакал да успее, но тешко ќе биде.
Инаку како што репортираат американците моите булси ќе се трампаат со денвер, #11 за #16 и #19. Сигурно ќе одат на бек, Гери Херис или можеби Стаускас, а од овие повеќе би сакал да го земат Стаускас бидејки има одлична висина, шутерски способности и може сам да си создаде шут, додека пак има и дефанзивен потенцијал кој максимално ќе го искористи покрај Тибодо.
Најсигурен пик според мене ќе биде Џабари, а нај high risk-high reward Ембид.
 
Ембид оди на операција на стапалото. И така беше комплициран драфтот, дури сега не се знае кој кого ќе одбери.
 
Секако Кавс него ќе го одберат. :icon_lol:
Иначе биг 3 ќе се распадне. Кавс ќе одат ваљда на сигурно со Паркер, Милвоки може да оди со Вигинс но може и со Ексум а најзаебано е со Фили, ако и го земат Вигинс, готови се.
 
Дејвид Блат најверојатно е новиот тренер на Кавс,инвазија на европските тренери. Ќе биди многу интересно да се види како ќе се прилагоди. Исто и Месина наредната сезона ќе биде асистент во НБА но сеуште не се знае каде.
 
Месина најверојатно ќе му биде главен асистент на Попович во Сан Антонио. Уште од многу одамна го очелував ова. Баш ќе биде интересно да се види како ќе им оди. Отсекогаш изгледаше дека Блат ќе биде првиот бидејќи е сепак американец кој цела кариера бил тренер во Европа. Месина сигурно ќе биде следен. За натаму ќе видиме... Има еден куп супер успешни балкански тренери во Европа но повеќето од нив не се воопшто соодветни за НБА со нивниот стил на работа. Ќе видиме дали некој ќе замине од нив...
 
LgKsGaE.png

Реакцијата на Ембид
:pos:
 
Што значи ова во превод?
Никој не сака да оди во Кливленд. :icon_lol: Таман се спаси од нив, со повредата да падне неколку места на драфтот, овие пак сакаат да го земат. Шанса имаат Фили да интервенират со #3 + еден од втора рунда некој за да го земат првиот и да си го осигураат Вигинс.
Не верувам Ембид да биде во топ 5. Едноставно премногу црвени знаменца има, иако има неверојатен потенцијал. Би можел да стигне до Бостон и Лејкерс и мислам дека би бил одличен фит за нив, посебно за Бостон, очајнички и треба некој да брани обрач, не може Сали со 6 9 да биде центар иако одлична сезона имаше. Не гледам причина Фили и Бакс да ризикуват за Ембид, ќе одат 1-2 со Вигинс-Паркер ако евентуално се случи тој трејд помеѓу Кавс и Фили.
 
Не ми се јасни Кливленд, имаат прв пик за бирање а тие одма планираат трејд со него. Само колку да ги заебат Бакс да не го земат Паркер кој синоќа намерно се покажал лошо во Кливленд, со цел да не го земат тие, туку да оди во Милвоки.
 
Кливленд го сакаат Ембид ама заради повредата страв им е како прв да го земат и затоа пробуваат да ќарат нешто при размена за понизок пик и таму да си го земат Ембид место како прв.

Еден куп варијации има моментално, хаос е целиот драфт, прво повредата на Ембид а сега и нејасното потпишување на Шариќ за Анадолу Ефес на 3 дена пред драфтот направија ништо да не се знае. Згора на се практично сите екипи во топ 10 освен Милвоки на еден или на друг начин разговарале за трејдови на пиковите.
 
Ја мислим дека за вакви примадони ко Шариќ што се уфилмуваат на 19 години и кажуваат услови, треба да се напрае еден закон ако се декларираш за драфт да неможеш да потпишеш за друга екипа надвор од НБА, освен ако не биде избран...
Татко му зел збори, сакал да иде само у Лејкерс или Бостон као 6 и 7-ми пик, и виде дека не се тоа реални очекувања и отиде у Анадолу Ефе, и 2 године нема да може да игра у НБА
 
Секој ден нови шпекулации, нови комбинации. Ја како што гледам на крај скроз различен ќе биде редоследот на пиковите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom