NBA 2025/26

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    40
159 играчи и плус медиа гласале за Шеј. Они не разбираат ама битно македонче што гледа нба на резултати и исечени видеа,компилации и штрака на форум смета дека Јокич требало. Легнете си побрзо

Јас имам изгледано преку 100 утакмици сезонава и сметам дека Јокиќ заслужи да земе. Па пре и на Вемби би му дал МВП него на FTA.
 
Ako gledame po taa statistika, neprikosnove ke bide Jokic..
Па Most Valuabale Player се вика наградата - кој е највреден играч за тимот.
Тоа ќе го видиш така што ќе ги споредиш статистиките на тимот без и со него и со тоа точно ќе одредиш колку е вреден тој за тимот.
 
Ти брат како да боксуваш со ѕид, така ми изгледаат муабетиве тука. Ај најди кај кажа некој дека Лејкерс ќе ги тепале ОКС или дека се подобри од нив? Не знам како да ти се објасни дека хејтот е поради фаворизирањето (АПЛА) од страна на судиите, особено за Шеј. И заклучоков не е од серијава него од цела сезона, а и лани исто. Тоа што Лејкерс не игра добра одбрана нема никаква допирна точка што судиите свират во полза на Шеј цело време. Види, јас разбирам се, ѕвезда е, најдобар играч во лига, секогаш тие играчи се заштитени, ама дегутантно е колку го толерираат. Со Феникс кажи ми не беше срамно она што го судеа на една од утакмиците кога збесна Букер? Онака баш срамотно и јадно судење, нема ни контакт ни ништо они фаули судат, а од друга страна на ОКС им дозволуваат tough одбрана да играат, епа не е фер и затоа се бунат фановите.

Ако веќе им се дозволува на ОКС таква одбрана тогаш треба и на другите тимови кога играат против нив, затоа и сакам да играат против Спарс во финале, зашо тоа е екипа што не им одговара воопшто. И со Минесота би било војна, ама мислам нив ќе ги пројдат полесно него Спарси.

Знаеш што некој боксува, не реков јас ништо дека некој рекол ќе ги победете Тандер зборев за судиите али ти не си го цитирал тоа, што се однесува до тоа дали ќе ги победивте Тандер не нужно ти дека си рекол али еден бараше разубедување кажа исто еден кажа дека без судиите Лејкерси ќе поминеле ако си читал знаеш кој се.

Не помалку ни повеќе колку го толерираат Дончич.
Ова со Феникс го кажуваш притоа знајеќи дека фаулите кои ги свиреа за Букер беа исти кои ги добиваше Шеј.

Едно е да играш а друго е да немаш персонал.

Ова што го кажувате со овој е исто она што се збореше за Голден Стејт и нелегалните скринови сите правеа ама баш сите али пошо Голден Стејт беа шампиони само нивните нелегални скринови им сметаа.

За различни работи зборуваш, практично заменуваш тези.
Никој не кажа дека не смрди одбраната на Лејкерс (и Денвер кои ги вмешуваш), или дека никој друг во лигата не флопа туку само ОКЦ. Или дека Лејкерс немаат огромни дупки во концептот на тимот. Ништо од тоа не е спорно.

Кажувам (и јас и други), дека кај ОКЦ има огромен диспаритет спрема сите други од некои многу важни аспекти:
- колку флопање им поминува,
- колку бејтање им поминува,
- колку физички ги оставаат да тепаат да играат,
- колку масивно го применуваат сето тоа,
- и колку помалку поминува тоа кај противниците.

Ова не значи дека лигата намерно ги промовира ОКЦ, но покажува дека правилата им се погрешно поставени и упорно не ги корегираат наочиглед видливата потреба од тоа. Шеј во моментот е како Харден/Тре Јанг на времето, ги злоупотребува правилата на „индустриско“ ниво (систематски, често и скроз со умисла). Многу добро знае кога и како да шутне прерано само за да го намести одбрамбениот играч во „фаул“ позиција. Тоа е вештина, ама истовремено е и измама. Лигата иако не ги фаворизира ОКЦ намерно, сепак тоа е резултатот. Наградуваат злоупотреба на правилата. Значи лигата, а не судиите - судиите мораат да судат според пропишани правила. Но истите аршини не ги применуваат исто за другите клубови. ОКЦ од своја страна со умисла масовно го користат тоа, многу повеќе од сите други клубови, и затоа се најмногу на нишан - од сите други (клубови и навивачи). Толку многу го прават тоа, да повеќе и не можат нормално да играат (без флопање и бејтање), дури и против видливо послаби тимови (како Феникс/Лејкерс) кои можат и спортски да ги победат. ОКЦ веќе не знаат да играат нормална спортска кошарка, не сум ги видел да изиграат чиста утакмица без бејтање и флопање.

Ова не се изразува само со статистики, ова го разбираат тие што ја познаваат играта и аналитички ги гледаат утакмиците.
Значи не ликови што пишале ливче во обложувалница и гледаат како иде резултатот додека чекаат да заврши утакмицата и притоа најинтересен дел им е финишот (ако е тесен) и highlight reels што се повторуваат во паузите. Па после ги коментираат само најконтроверзните моменти и ништо не разбрале од тактиките.

Ти го разбираш ова, но колку сакаш отворено да признаеш (колку можеш да си објективен) - е тоа е друга работа.

Кога еднаш НБА ќе мора да ги смени правилата (пак), со Шај ќе се деси истото што се деси и со Тре и со Харден (повеќе како со Тре)... Ќе избледее од ѕвезда во просечен офанзивен играч.

Разликата е што Оклахома, за разлика од Хјустон и Атланта, ќе лапнат барем пар титули во меѓувреме.

Околу болдираново какво мислење имаш околу Дончич и што ќе стане дотичниов ако се знае колку бејта, флопа, се расправа со судиите баш ме интересира патем еве ти за рег сезона. Статистика околу слободните фрлања од ундердог кладилница не е страна која ги мразе Лејкерси (за кого патем 99% од форумов навива)


Шај бек ту бек МВП. Кој сака нека честита

Знаејќи дека 99% уживаат во други работи.
Сосема заслужено.

Јас имам изгледано преку 100 утакмици сезонава и сметам дека Јокиќ заслужи да земе.

Ме интересира ги гледаше оние кога влегуваше у 4 четвртина на +30?

ОКЦ без Шеј уствари и подобро играат (во голем дел од времето без него).

Зборуваш за плејоф или?
 
Не може со вакви ствари да очекува да му судат слободни да фрла, или да го гласаат.
701438049_122123526723170639_3053141574693863067_n.jpg

Подобро нека се угледа на другатa страна:

 
Последно уредено:
Не може со вакви ствари да очекува да му судат слободни да фрла, или да го гласаат.
Прегледај го приврзокот 478008

Подобро нека се угледа на другатa страна:


Никад нема изјавено такво нешто. Најблиску нешто до тоа е кога кажа "no homo" шега и доби парична казна.
 
Никад нема изјавено такво нешто. Најблиску нешто до тоа е кога кажа "no homo" шега и доби парична казна.
Но хомо му е ептен одамна.

Може да е лага, не викам не, али тоа дека се OKC нај-zesty не е лага.
 
Back
На врв Bottom