Харден и Мичел добитно комбо за победа над Детроит, голема предност испуштиле Детроит на три минути до крај.Работава не е уште завршена треба да се земе уште една па после финале со Никси.
@Генерал спремај се
Спремен сум јас од роџења за титула, 30 години ги чекам

Работата е шо, иако не ги гледам, вервам дека годинава без разлека шо Детроит или Кливленд ќе бидат преморени (а и не знам како се со повреди) мислам дека многу мака ќе му нададат на Њујорк, а како шо им се намерачени ич не е чудо и едните и другите да ги исплескаат квалитетно.
Не знам кој ќе излези победник од таа серија, пошто навистина не ги пратам, на хартија би требало Кливленд ради тимот и искуство ама хеј... тука игра фактор повреди, игра фактор добра ноќ на суперѕвезда (а она Канингам токму тоа е) па кој и да дојди на нас ќе биди пеколно тешко 7 утакмици да избориме, камо да победиме.
Од друга страна, иако сезонава не пратам НБА сепак Спарси да направат онаков успех (на страна Кремастарето, еден човек не можи сам да игра) е за почит и за поздравување. Против Ше нема да биди walk in the park искуство ама се согласувам погоре со тој што спомна (мака ми е да барам и цитирам) дека Вилјамс треба да го вратат за финале на запад и воопшто НБА финале (не знам до каде е и со каква повреда се мачи).
Не е ОКЦ непобедлива, ако излези Спарс од запад годинава ко победник (шо ќе биди изненадување според мене) ќе им биде потешко да играат против било која екипа шо ќе излези победник од истокот него против ОКЦ - барем според мене.
Како и да е, со сета сила си навивам за моите Никси, криво ми е што не ги испратив годинава, но приоритетите се приоритети во животот.