За различни работи зборуваш, практично заменуваш тези.
Никој не кажа дека не смрди одбраната на Лејкерс (и Денвер кои ги вмешуваш), или дека никој друг во лигата не флопа туку само ОКЦ. Или дека Лејкерс немаат огромни дупки во концептот на тимот. Ништо од тоа не е спорно.
Кажувам (и јас и други), дека кај ОКЦ има огромен диспаритет спрема сите други од некои многу важни аспекти:
- колку флопање им поминува,
- колку бејтање им поминува,
- колку физички ги оставаат да тепаат да играат,
- колку масивно го применуваат сето тоа,
- и колку помалку поминува тоа кај противниците.
Ова не значи дека лигата намерно ги промовира ОКЦ, но покажува дека правилата им се погрешно поставени и упорно не ги корегираат наочиглед видливата потреба од тоа. Шеј во моментот е како Харден/Тре Јанг на времето, ги злоупотребува правилата на „индустриско“ ниво (систематски, често и скроз со умисла). Многу добро знае кога и како да шутне прерано само за да го намести одбрамбениот играч во „фаул“ позиција. Тоа е вештина, ама истовремено е и измама. Лигата иако не ги фаворизира ОКЦ намерно, сепак тоа е резултатот. Наградуваат злоупотреба на правилата. Значи лигата, а не судиите - судиите мораат да судат според пропишани правила. Но истите аршини не ги применуваат исто за другите клубови. ОКЦ од своја страна со умисла масовно го користат тоа, многу повеќе од сите други клубови, и затоа се најмногу на нишан - од сите други (клубови и навивачи). Толку многу го прават тоа, да повеќе и не можат нормално да играат (без флопање и бејтање), дури и против видливо послаби тимови (како Феникс/Лејкерс) кои можат и спортски да ги победат. ОКЦ веќе не знаат да играат нормална спортска кошарка, не сум ги видел да изиграат чиста утакмица без бејтање и флопање.
Ова не се изразува само со статистики, ова го разбираат тие што ја познаваат играта и аналитички ги гледаат утакмиците.
Значи не ликови што пишале ливче во обложувалница и гледаат како иде резултатот додека чекаат да заврши утакмицата и притоа најинтересен дел им е финишот (ако е тесен) и highlight reels што се повторуваат во паузите. Па после ги коментираат само најконтроверзните моменти и ништо не разбрале од тактиките.
Ти го разбираш ова, но колку сакаш отворено да признаеш (колку можеш да си објективен) - е тоа е друга работа.
Кога еднаш НБА ќе мора да ги смени правилата (пак), со Шај ќе се деси истото што се деси и со Тре и со Харден (повеќе како со Тре)... Ќе избледее од ѕвезда во просечен офанзивен играч.
Разликата е што Оклахома, за разлика од Хјустон и Атланта, ќе лапнат барем пар титули во меѓувреме.