Хаотична беше голем дел од утакмицата , имаше борба да и права одбрана ко за плејоф , но ич не беше убаво за око. Минесота па посебно колку се изгубија у одредени ситуации , а за шутот за три да не збориме.
Тоа е друго, ако мислиш дека не ти била убава за гледање утакмицата.
Лејкерс играа многу појака халф корт одбрана, и тоа ја убива играта. Плејоф баскет јбг, мене па ова ми е убав баскет, со одбрана а не некое фрштење на поени. Олд скул сум ваљда.
Пар работи во старт: На прв поглед Минесота како не беа многу мотивирани. И второ, ЛА влегоа мотивирани за разлика од претходната утакмица.
Инаку реално Мини не е толку дека не се трудеа, колку што не им идеше добро против 3/2 зоната на Лејкерс. Плус Ент го удвојуваа скоро секогаш, па правеше и грешки и трошеше енергија. Рандл се разигра пошто имаше повеќе простор, и обично понизок играч го чуваше.
Во врска со Редик: Овие прилагодувања можеше и требаше да ги направи уште во првата утакмица, не е добро кога треба два дена размислување за прилагодувања... А против тренери како Кер, Нурс, Лу, ќе има промени уште во текот на самите утакмици. Но ок, ова му е прв плејоф и тоа во руки сезона на Редик. Има добри асистенти, ама и морам да признаам дека пријатно сум изненаден (не дека од ова засега е нешто многу многу добар тренер, туку пошто очекував да биде труба).
3/2 зона Лејкерс пробаа и при крај на трета четрвртина во првата текма, ама малодушно играа па џабе беше (освен малку во 4-та четвртина што се приближија).
Од моите првични предвидувања, во право бев дека Гобер и центрите општо нема да бидат некој фактор но изгледа дека нема серијава да биде во 5 макс 6 утакмици. Поинтересно е за гледање отколку што мислев. Ќе видиме сега во Минесота какви адаптации ќе направи Минесота, они имаат ако не одличен тогаш секако добар тренер и ветеран. Лејкерс ќе гледаат да го задржат Ент, без премногу да им оставаат простор на другите за непречени шутови.
а за шутот за три да не збориме.
Па реков уште тогаш после првата, не е реално онаков шут да имаат ликови како МекДаниелс, Наз Рид, па и Конли, Рандл. Со таков шут и шампионат не им бега, ама 60+ процент за три? Нереално.