NBA 2024/25

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    59
Многу голема победа ноќеска на Нагетс. Вака ако игра Гордон во плејоф доста им се зголемуваат шансите на запад.
Во меѓувреме Рокетси максимално го искористија лесниот распоред шо го имаа периодов и прават уште потесна трка за второ место.
 
Клиперс гази во полн состав. Каваи конечно блеска и падна и Кливленд вечерва.
Е сега прашање е колку време ќе издржат без повреда Каваи, Пауел (кој се враќа после 2 месеци скоро) и Харден. Богдановиќ се разигра последно време, Зубац стандарден, а одбраната доби на квалитет со враќањето од повреда на Батум.
А прашање е и колку високо може да се качат на табелата, затоа што сите екипи на западов победуваат ко луди. Ако останат во полн состав, ќе бидат тежок противник за сите во плејоф.
 
Има што да понуди Каваи уште.
33 поена многу висок процент на шут во победа на Кавс. Не би ги отпишал Клиперс целосно во било која серија со таков Каваи. Повеќе Харден е проблем во офанзивата таму. Зубац инаку има страшна сезона, јас мислам заслужува и All NBA Third Team.
 
Пишав јас поназад неколку страни ,очекувано е да имаат Кавси порази периодов на исток се први и така ќе завршиме.Најдобро нека одмараат клучни играчи и нека се спрема за плејоф да не се форсираат.
Сакам Клиперс со здрав и комплетен тим да влезат во плејоф дека уназад пет години неможат да се состават кога доаѓа време за плејоф.Богдановиќ им е супер избор му одговара играта на Тајрон Лу
 
Мамукелашвили 34 поена за 19 минути , не промашувал.
 
Уште еден неверојатен податок извади на прес Малоун за Јокич. Во последните 10 години e втор со највеќе изиграни натпревари. Или треба дете да му се роди или Божиќ да е или стварно да не може за да не игра.
 
Бостон продаден за 6.1 милијарда долари, баш склопија шампионски тим. Наводно новиот сопственик бил голем фан на Селтикс ( како и секој кој купува клуб ) мислам ќе има многу промени во тимот во смисла мах договори на одредени играчи. Да небидат како овие во Далас . :D
 
На страна заебанциите, секоја чест за детево што под ваков притисок од идиоти и медиуми успева да достави сосем коректна партија ко за 55ти пик. Go Bronny!

 
Кога год во животот да ми било тешко, да сум поминувал низ лош период или едноставно да не сум се осеќал убаво сум гледал баскет.

Не е магично решение, само е нешто што цел живот го правам од љубов и во такви тешки моменти ми доаѓа како еден вид на медитација, смирување, враќање во колосек.

Деновиве, немав никаква желба за ништо заради очигледни причини (несреќата во Кочани), вервам на сите ни е така, но барајќи по некое клипче на јутуб колку да ми олади главата налетав на следното:


Можеби некој од вас помладите генерации ќе има живци да го изгледа, па и да размисли зошто ние постарите многу многу не ја мирисаме статистиката или не судиме колку еден кошаркар е добар според статистичките показатели туку според начинот на кој го поима и игра баскетот.

Таа „стара школа“ и љубов кон играта ја поседува токму Батлер.
Клипот е за него и влијанието негово врз тимот во кој игра.

Ако ништо друго, барем неговите фанови ќе уживаат во истиот, а мене ми помогна да се потсетам зошто толку многу ја сакам оваа игра и дури после 30 изминати години следење на лигата и сите срања од „правила“ по кои се игра денес - сè уште ми прави пеперутки во стомакот.

>> Life's battles don't always go to the stronger or faster man, but sooner or later the man who wins is the one who thinks he can. <<
(цитат искористен во клипот)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom