GreenRoot
^Зелен^
Другар, не се ни испотија и ги добија уште во прва четвртина. Далас имаат капацитет за една да земат и толку. Ирвинг последно победил во Бостон кога играше за Бостон, скроз се губи во ТД Гарден. И со Дурант кога играа изедоа метла.У реду е, победија гејм 1 , палење без потреба. Има уште многу до крајната цел.
И Клиперс првата ги направија пепел, па почнаа дека Мавс немале сила и знаење како да ги бранат , па ќе изгубеле во 5 или макс 6. Видовме шо се деси.
Селтикс беа тоа што се цела сезона , ни погоре ни подоле. Се виде дека Порзингис е огромен плус , поадвансд Зубац што знае тројки да гаѓа. Впрочем и Зубац имаше блескава партија во гејм 1.
Шутирање од сегде , заебано за бранење , ако испукаат 50 нормално ќе погодат 15.
Првото полувреме ја доби утакмицата, доволно беа добри Селтикс за да го задржат водството после. Дури во трета имаше индикации за враќање , спуштија под 10 Мавс , ама ги избушија овие по кратка постапка.
Лука не се сеќаам освен руки сезона кога имал 1 асистенција само. Никаков супорт од другите. Ирвинг ужасен , далеку од своите можности. Рекетот целосно припадна кај Бостон, клучот за многу утакмици е тоа. Едино Пи Џеј одигра на ниво, другиве мора да стегнат заби.
НБА финале е , сигурно нема со Хорнетс да играат. Мора да ги натераат на повеќе contested shots, целосен фокус.
Добро шо се деси ова во првата , па имаат 3 дена да смират глави и да кренат панталоните. Мислам ќе биде дежа ву од Клиперс , се знае колку е битна втората утакмица, ќе гинат Мавс.
Ирвинг две по ред ужасни во плејофов немаше , така ќе биде и во недела/понеделник. Ќе влезе во елемент во даден момент.Со 60+ комбинирани заедно со Лука, друга приказна е секогаш.
И да пак за Порзингис. Заборавате дека е играч без континуитет.Ако Селтикс води 3-0 и овој го има сличниот просек ко денес (нема да се деси) , има подлога за величење , вака само прерано лаат сите.
Денес на хајлајтс само , ама втората мора да ја гледам дури и по цена на сон. Ќе биде спектакуларна.
Лука е на 34 ппг после пораз во плејоф , така да...
Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk