Tonchie
BATTERY +
Дека моментално им е маскота на лигата...и без една нога во инвалидска количка да е пак ќе го ставаат во центар. НБА страната на фб нон стоп го тупи со Леброн, мора да има барем 1-2 инсерти од некои негови потези што ги направил ноќта, а не спомнуваат дека истата ноќ Лејкерс му изгубиле со 50 поени разлика.
Не дека истово не го правеле во времето на Џордан, ама ова со Леброн е ептен инфорсирано до максимум, ќе го цедат неговото име додека не се пензионира.
Кога играше Џордан во Визардс сите веќе се имаа помирено со фактот дека е веќе стар и дека целта на играњето во Визардс не му е да освои титули туку да ги научи кошаркарските операции надвор од теренот за да стане сопственик на тим што подоцна и се оствари со купувањето на акции во Шарлот.
Го имаше по весници и ТВ но далеку од ова покривање на ЛеФлоп.
Ги гледав хајлајтсите. Доволно е.
Не е доволно бидејќи на хајлајтс не ги ставаат промашувањата негови ниту пак промашувањата на неговите соиграчи кога тој беше удвојуван. Некој погоре имаше пишано, да имаше малку подобри соиграчи што ќе погаѓаа малку повеќе Лука ќе имаше трипл-дабл.
А што е со 100ката на Вилт?! Рекорд си е рекорд без оглед на тоа како бил остварен.Ако мислите дека 81 поен пред 18 години вреди исто како 81 поен денеска, имам лоша вест за вас. Ќе морате да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.
Автоматски споено мислење:
Ставив лајк на пост од Илз, тоа е моќта на Лука
