NBA 2023/24

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    74
Статус
Затворена за нови мислења.
Мистерија ми е зошто Дарио Шарич не се разви во поголем играч во НБА.
Затоа што за НБА стандарди е измеѓу позиција. На 3ка е спор и неексплозивен, на 4ка низок и не многу снажен. Добар играч е Дарио ама за жал ова му е максимумот во НБА. Што знам, според мене има доста солидна НБА кариера, многу играчи со две раце би потпишале да имаат таква кариера ко него.
 
Со две раце потпишувам дека во плејоф нема да пројде дивтарскава кошарка на Бостон.
 
GS има проблем со организација на играта. Тренерот Кер премногу форсира шут за тројка и тука ги губи утакмиците. Конкретно Клеј шут за тројки 3 - 10, Стив уште "подобар" 3 - 13, направиле повеќе штета за тимот. Ова е тимска игра, не е индивидуална.

Имаат проблем американските играчи, тие така се научени и тренирани во школите. Ти си за позиција 3, ти за 2 итн.
Јокиќ е единствен во моментов во нба што може да игра на сите позиции. Тоа е разликата помеќу европските и американските играчи. Овие "нашиве" ги имаат совладано сите елементи од кошарката. Затоа и оваа година мвп ќе биде неамерикански играч.
Јокиќ не е во најдобра форма, а изгледа му најдоа начин како да го запрат. Играат грубо кон него, а судииве толерираат, рацете му се изгребани како да иде од војна. Разлика од пр. Леброн каде веднаш свират фаул само малку да биде допрен.
 
Маркус Факинг Смарт. Се врати Џа, се врати Маркус и тимот си врзува победи, играат баскет.
Уште еден тим кој во текот на сезоната ќе помрси нечии сметки, за во ПО немаат доволно добра клупа ама додека го имаат Морант за офанзива и Маркус со Бејн за дефанзива можат да бидат незгоден противник.

Пеликаните, од друга страна, треба да си средат тоа офанзивата во клучни моменти. Три вакви натпревари губат со тесна разлика и буквално никој не го носи тимот до победа кога е густо. Зајон прави лични, Инграм кошот не можи да го погоди, Мек Колумн и тој не е за машала.

п.с.
Лука после Џордан, најбрзо во историјата до 10.000 поени. Се надевам со тек на годините уште помоќен состав ќе му направат и ќе лапа титули со Далас. Време е прстен да стави.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom