
Замина логото во вечните ловишта, вечна му слава и мирен му покој.
Шек многу интересно кажваше за него ко преговараа за да премини во Лејкерс, колку ти даваат овие 100 милиони? Супер, еве ти 120 дојди да играш за нас - така некако се одвивал муабетот, овај прифатил нормално, не е будала да одбие.
Башка да го донесиш шампионскиот Фил Џексон за тренер и да го имаш Коби преку трејд донесено пошто не си го драфтал првично - тогаш ги кандиса во Шарлот да им го земи за да им даде центар како Дивац, а со давањето на Дивац ослободи место за идење на Шек.
Кој факинг мастермајнд треба да си за да процениш дека едно 17 годишно ДЕТЕ ти е новото лице на франшизата, да го земиш од друг тим на кој му го даваш Владе, а попатно го носиш Шек (најдоминантниот центар во лигата) и шлаг на тортата го земаш Фил за тренер.
Имам слушано дел од изјави на Вест во однос на Коби и како убивал првотимци и тренер стаф на Лејкерс уште во тренинг кампот, пред воопшто да биди потпишан во НБА. Овој човек со таков пиетет има зборано за Коби то чудо едно, а ние Коби никогаш не го ставаме во ГОАТ муабети или пак во топ 5 на сите времиња - шо реално е и топ 3.
Во шампионските години на Вориорс и воопшто при креирањето на тимот и на тренерскиот состав беше во бордот на директори (тренери 2 прекрасни да донесиш, цела приказна со триото драфтање и градење на тим + да ти дојди Дјурант), после то беше во бордот во Клиперси, го донесе канџата таму, го донесе Тајрон Лу и постови основа да мрдни тимот од точка нула.
Легенда во секој поглед. Особено што играше во време на ѕверки како Бил Расел, Вилт, Чемберлејн, Оскар Робертсон, Џабар... имаше ненормални статистики по број на поени, во финалиња има по 30+ качено ко од шала. Со еден збор, роден Шампион.