Брејк
Бостон Рефси, многу лигав и преценет тим се, пробаа и судиите да ги спасат колку што можат ама џабе е кога не им одеше шутот за три. Им се врати се за првата утакмица, ама како ќе живееш така и ќе си умреш.
Конечно проигра мојот Кливленд, топ утакмица за Мичел, Мобли, Леверт и Гарланд. Фала Богу му текна на Гарланд да не форсира со шутот за три иако добро му тргна, Мобли класика, одличен во дефанзива а вечерва и во офанзива искина. Мичел е ѕверотиња, поготово кога има со кој да игра, во првото ги разигра сите и воопшто не форсираше беспотребни шутеви и трошење на топки, а во второто им пресуди самиот. Исто така вредат да се спомнат и Окоро и Струс а посебно Тристан Томпсон, да ми кажеше некој дека Томпсон ќе биде некој фактор во 2024, и тоа во плејоф, најверојатно би му се искинал од смеење. Одлично го замени Мобли, кој влезе во проблеми со фаули на 8 минути до крај од третата четвртина, пред се дефанзивно, во нападот не ни беше потребен бидејќи се запали Мичел, но и во офанзивата одигра солидно за соиграчите. Треба да се продолжи моментумот и не треба да се пропушти шансата да се дојде во водство по домашните утакмици и да се згази стоката додека е во калта.