NBA 2023/24

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    74
Статус
Затворена за нови мислења.

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.472
Поени од реакции
7.924
Морам да те поправам овде, Дивац беше носител на екипата и главен играч.
Е сега морам јас да те поправам тука. Дивац беше еден од главните играчи на Сакраменто, меѓутоа најголема ѕвезда во тимот беше Крис Вебер, поинт гард беше White Chocolate, шутинг гард беше Предраг Стојаковиќ. Кога еден од овие четворица на беше на терен разликата беше евидентна.
Во Денвер со Јокиќ и Мареј. Сите други доколку ги нема, другите надоместуваат.

Јокиќ има многу поголемо влијание во шампионскиот тим на Денвер отколку што имаше Дивац во тимот на Сакраменто кој изгуби од Лејкерс со прајм Шек и Коби. Барем тие натпревари идеа на А1 со коментарот на Љубомир Николовски.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.291
Поени од реакции
113.340
Е сега морам јас да те поправам тука. Дивац беше еден од главните играчи на Сакраменто, меѓутоа најголема ѕвезда во тимот беше Крис Вебер, поинт гард беше White Chocolate, шутинг гард беше Предраг Стојаковиќ. Кога еден од овие четворица на беше на терен разликата беше евидентна.
Во Денвер со Јокиќ и Мареј. Сите други доколку ги нема, другите надоместуваат.

Јокиќ има многу поголемо влијание во шампионскиот тим на Денвер отколку што имаше Дивац во тимот на Сакраменто кој изгуби од Лејкерс со прајм Шек и Коби. Барем тие натпревари идеа на А1 со коментарот на Љубомир Николовски.
Неспорно е дека Јокиќ има поголемо влијание во тимот од Дивац. Само разликата е што во овој тим на Денвер ептен се издвојува Јокиќ, а тој тим на Сакраменто беше составен од повеќе главни играчи, поточно Дивац, Биби и Вебер во прв план. Може да се сложам дека Вебер беше и пред Дивац, ама не беше некоја драстична разлика во квалитет зашо и Владе беше тука негде. Може требаше да напишам еден од носителите на играта во мојот претходен пост.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.627
Поени од реакции
4.193
Кога се дискутира за успехот на европски играчи во НБА, мислам дека треба и да се земе во предвид нивната позиција. Без да го омаловажувам успехот на Јокиќ, апсолутно заслужени му се сите награди што ги освои, ама па од друга страна и еден куп европски центри успеаа во НБА (и ден денес ги има во голем број), за разлика од плејмејкерите. Факинг Перо Антиќ стигна да добие покана за Ол-Стар, а најголемите европски имиња на плејмејкерска позиција доживуваа тежок дебакл во НБА. Спанулис, Наваро, Јасикевичиус, Теодосиќ, Бодирога (без разлика што не му е плејмејкер примарна позиција) никогаш не се ни обиде знаејќи што го чека...некого можеби и ќе заборавам.
Дончиќ е првата европска ѕвезда плејмејкер и затоа лично јас го ставам пред Јокиќ севкупно како играч. Плус и тоа што Јокиќ досега има само потпросечни партии за репрезентација, за разлика од Дончиќ кој има веќе европска титула и за малку не ја донесе Словенија до медал на ОИ со малтене Цедевита Олимпија соиграчи. Досега некако Никола потешко се справува со европски стил на одбрана кога игра за репрезентација за разлика од она што го има во НБА. Пак ќе кажам, без да му омаловажувам успехот, ланскиот плеј-оф му е историски.
Успехот на Дражен како прв Европеец во лигата и стигнувањето до All NBA third team во моментите кога истата е најсилна во својата историја е посебна категорија на достигнување кое мислам не може да се мери со никоја статистика/титула на денешните играчи. Не можам да го споредувам со никој друг.
И да, пред некој да го спомне Тони Паркер, он исто како и Антетокумпо не можат да влезат во категорија на европски играчи според мене. Се знае на што мислам кога ќе кажам Европеец :)
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.918
Поени од реакции
4.298
Само титула му треба на Лука за да стане најдобар европски играч на сите времиња.
Еве Јокич да земе и уште една , пак статистички ќе биде надминат од Лука кога тогаш. Многу ќе имаат носталгија кон Дирк ,ама сепак овие повеќе квалитети имаат да покажат од него.
Глупо ми е да ги споредувам Јокара и Лука и двајцата ја носат НБА во друга насока во моментов , ама еден може да стои како најдобар.
Таму 2030 се ќе биде јасно ко ден здравје Боже.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.026
Поени од реакции
11.210
Морам да те поправам овде, Дивац беше носител на екипата и главен играч. Нормално зборам за периодот во Сакраменто кога беше. Генерално се слагам дека изјавата е чиста мизерија, срамота е да се оспорува Јокиќ и да се вика дека не достигнал нечие ниво кога тој самиот во модернава ера е носител и главен играч на Денвер и директен „виновник“ за титулата што ја освоија лани. Не гледам некој Балканец претходно да го направил ова, дури и Дражен кој се рачуна за најдобриот европеец кој некогаш заиграл кошарка не бил ни близу резултатите и бројките на Јокиќ, ниту па бил некаков фактор во лигата. Нормално, различни ери и различни услови, тогаш далеку потешко беше за неамериканците да успеат и да влезат во НБА, сега е многу полесно, али сепак останува тоа дека Јокиќ ја доминира НБА и дека нема ни близу некој што е како него, можеби Дончиќ ќе биде во иднина ама за сега нема ни титула ни финале ни МВП признание.
Ти го почитувам мислењето, но не се согласувам воопшто со ставот кој го имаш за Владе.
Во годините кога играше за Сакраменто не беше никаков носител на игра, ни оддалеку што сега е Јокич и отсекогаш бил Јокич за Денвер.
Имам порано пишувано пост за неговите години во Сакраменто, али ако го извадиш од тимот и донесиш друг центар таа екипа ќе го има истиот успех заради: плејмекер, тројкаш, крилен центар *(сите подобри на своите позиции од Владе во поодминати години за НБА игра) + го имаа еден Кристи (мислам така се презиваше мака ми е да гуглам) кој играше невероватна одбрана.

Тончи е во право, таму повеќе луѓе делеа одговорност но перспективата и успехот на тимот според мене зависеше само и само од Крис Вебер. Тој беше премногу млад и во тоа време доминиран од Гарнет на неговата позиција (без разлика што имаше и други добри крилни центри во името нa еден Стакхаус, Рашид Волис, Стадемаер, Новицки, Данкан) и воопшто тимот беше една синергија на младост + искуството на Дивац (кој просекот му беше некои 10 отприлика поени по натпревар).

Владе пик имаше во Лејкерси, но како што кажав и претходно ниту таму, ниту во Сакраменто ниту во било кој тим каде играл во НБА играта и екипата не зависела во таа мера од него во која зависи Денвер од Јокич.

Во таа насока, секоја споредба паѓа во вода. Особено што Јокич има и индивидуални достигнувања и титула зад своето име, а како што одат работите не е ни чудо да не му е последна (иако мислам дека годинава нема да бидат шампиони).

Како и да е, коментарите во денешно време за способностите на тогашните центри од ЈУ простори во споредба со Јокич се за мене само чиста љубомора.

Исто не се согласувам во делот со Дражен бидејќи првите години во НБА беше максимално лимитиран и седеше на клупа. Кога почна да игра за тогашни Нетси се виде неговиот калибар и дури Џордан го има окарактеризирано како еден од противниците кои му задавале „мака“ на теренот - а го знаеме Џордан кое егоистично копиле е и за колку малку играчи тоа го изјавил.

Штета му се деси сообраќајката во Германија, инаку мислам дека иако немаше некоја добра екипа позади себе сепак ќе издоминираше на својата позиција во НБА. Лука е единствениот после него со поголем или ист потенцијал кој има прилика да го оствари (иако начинот на игра од тогаш до денес е тотално сменет - но талентот е талент и детево има шанса до крај на кариера да нареди 2-3 титули зад себе).
 
Член од
17 јуни 2022
Мислења
124
Поени од реакции
420
Малку оф-топик

Страшен талент и ми беше баш криво кога се деси срањето во Кавс и кога го трејдавме. Само уште еден доказ дека само талентот не е доволен да се опстане на највисокото ниво.

 
Член од
10 мај 2022
Мислења
747
Поени од реакции
2.336
Малку оф-топик

Страшен талент и ми беше баш криво кога се деси срањето во Кавс и кога го трејдавме. Само уште еден доказ дека само талентот не е доволен да се опстане на највисокото ниво.

Кога го трјдаа од Кавс во Рокетс имаше многу добри партии на почеток ставаше и по 40+ па пак направи некоја глупост и го снема.
 
Член од
24 септември 2023
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.628
Само титула му треба на Лука за да стане најдобар европски играч на сите времиња.
Еве Јокич да земе и уште една , пак статистички ќе биде надминат од Лука кога тогаш. Многу ќе имаат носталгија кон Дирк ,ама сепак овие повеќе квалитети имаат да покажат од него.
Глупо ми е да ги споредувам Јокара и Лука и двајцата ја носат НБА во друга насока во моментов , ама еден може да стои како најдобар.
Таму 2030 се ќе биде јасно ко ден здравје Боже.
Luka e 4 godini po mlad od Jokic, na kraj od kariera ke ima povekje ili ednakvo tituli so Jokic.
Letovo ke potpise supermax na 5 godini 350 milioni ke bide najplaten igrac vo istorijata
 
Член од
17 јуни 2022
Мислења
124
Поени од реакции
420
Кога го трјдаа од Кавс во Рокетс имаше многу добри партии на почеток ставаше и по 40+ па пак направи некоја глупост и го снема.
Тоа е неиживеано човече и наместо да си лапа некој макс договор сега ќе игра за пари на годишно ниво што би ги зимал по утакмица во НБА. Кога глумиш гангстер и Џон Џонес истовремено таква е судбината.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.812
Поени од реакции
6.504
Ај нека освои Лука МВП едно барем па да влезе у муабет со Јокич.

Иначе ние овде се караме кој е најдобар, Лука или Јокич а расистине како Стивен Еј Смит нема ни да гласа за Лука, а Јокич го ставил втор позади Шаи :facepalm:

Колку им е криво што моментално белци се најдобри играчи у лига.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.270
Поени од реакции
3.291
Се врати Ембиид и победа на Фили.Очекувам добра серија на резултати и фаќање плеј оф :uzi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom