NBA 2008/09

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
бостон - чикаго играат како да е финале и не верувам дека може вакви утакмици да се повторат понатаму во плејофот.
 
Во право си, 3 од 5 беа со продолженија. Сепак мислам Бостон ќе ги добие иако играат без КГ
Иако навивам за Орландо сепак мислам дека финалето ќе биде помеѓу Lakers и Cleveland
 
И така Сан Антонио отпадна уште во првиот круг:uvo: а Далас заслужено се пласира понатака. Инаку оние од кабловската се најголеми идиоти. Секогаш кога има некој натпревар на ОБН нешто се случува со каналот. Последните 3 натпревари заради нив ги пропуштив. И тоа какви натпревари:vozbud:. За Бостон синоќа ќе ги тужам во Хаг:pos2:. Само нека ми дојдат за наплаќање па ќе им кажам убаво.
 
интересна изјава на еден од најдобрите дефанзивци во нба, рон артест

а ја имаме и првата двојка за втората рунда, денвер -далас
 
Двајт Хауард нема да игра вечер суспендиран е 1 натпревар дека го удри со лакт Самуел Деламберт.Значи треба да се очекува 3-3 вечер и потоа 7 натпревар:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Леле ништо,Сан Антонио испаднаа,сосема заслужено,Џинобили баш за плејофот се повреди:uvo:Штета ама тоа е,да играше тој мислам дека ќе пројдеа Спарси ама што би било кад би било.
 
Вечер стара шема, повторно на ОБН Чикаго - Бостон од 1:00h . . . се надевам на седми дуел . :vozbud:
 
а Филаделфија ќе ја даваат некаде и каде?

Скоро сигурна победа на Филаделфија. Без Хауард треба да е лесно.

Еве зошто Хауард не е вечер на паркетот.

дали сигурна или не ќе видиме...ама прашањето ми беше дали ќе ја даваат некаде..
 
Леле ништо,Сан Антонио испаднаа,сосема заслужено,Џинобили баш за плејофот се повреди:uvo:Штета ама тоа е,да играше тој мислам дека ќе пројдеа Спарси ама што би било кад би било.

Ма и Џинобили и кој сака нека беше, Далас ги уништија и си заслужија конечно да пројдат прва рунда од плејоф
 
Натпреварите кои треба да се одржуваат во државата Тексас се одложени поради свињиве и нивниот проклет грип, а таму играат Далас и Хјустон . Е сега, ако има некој подетална информација, нека напише дали има некое алтернативно решение, ме мрзи да шарам барам по нетов, иначе информацијава ја слушнав на спортсктие вести на Алфа .

p.s. Можно е погрешно да сум разбрал . :smir:
 
на нба.ком не пишува ништо за одложување, а вечер во тексас играат хјустон-портланд и никаде не пишува дека е одложена
 
на нба.ком не пишува ништо за одложување, а вечер во тексас играат хјустон-портланд и никаде не пишува дека е одложена
Oндак да не се игра без публика ( така е мислам со фудбалските натпревари во Мексико ) , слушав музика, сурфав низ нетов и нешто начув од телевизорот, затоа барав подетални информации овде, иначе гледав на nba.com, и немаше нешто такво .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom