NBA сезона 2009/2010

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
Океј другар.Поштувам некој кога прави смирен и донекаде реален муабет.Ти се надеваш на тоа.Јас се надевам дека одгодина Џејмс ќе се спое со двајца Олстар играчи па дека ќе ја почне доминацијата како онаа во деведесетите
абе ако иде нека оди у Чикаго пошо у друг клуб ќе остане само напредна верзија на Картер и МекГрејди, само таму лежи неговата надеж за голема кариера сето друго е пропаст и чекор назад ќе си видиш сам освен ако не се случат чуда во околностите
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Не помогнаа судиите и веднаш пораз за Бостон, ајде сега уште една победа и сакам во ЛА да се освои титулата!
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.580
Момци кога е репризата од натпреварот?
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ќе се врати Бостон во игра 100% нема шанси вака да остане и да се решава во ЛА.
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
Фишер мен оф д меч!!!
браво!
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Уште еден квалитативно слаб натпревар, во основа финалево засега не е на оечкуваното ниво.

Ваква ноќ на Реј Ален може да му се случи еднаш во 20 натпревари, да не може да погоди ниту еден шут од поле. Пирс исто така во ова финале не е најрасположен за поентирање. Клупата на Бостон беше расположена и тоа ги одржуваше во игра се до крајот, како и одличната партија на Гарнет.

Лејкерс од друга страна во плејофот имаат проблем со задржување на предноста. Против феникс на 2 пати водеа со по 15 - 20 разлика за на крај да победуваат во последната минута. Коби и Гасол секако ќе ги постигнат своите поени, повеќе или помалку, но клулна за Лејкерс е поддршката од Бајнам, Артест и Фишер. Особено последниве 2ца се клучни. Вчера Артест го немаше никаде да поентира, а и Фишер во првото полувреме. Без нивните поени тешко може Лејкерс да доаѓа до победа.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
288
Поени од реакции
31
Имате поздрав од дечково :):):)
Поздрав го од мене ако се видите денеска! ;)

Драматично видеово, баш на место.
Значи многу голем мерак ми направи играта на Фишер во 4/4, ме облеа убаво чувство како да се вратив назад во деведесетите кога ова беше очекувано од него..

LAKERS IN MY ♥, FOREVER.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Навистина слаби натпревари во кои нема некоја посебна атракција,порано подобри беа финалињата во плеј офот.
Како и да е,Бостон вчера не можеа да се пронајдат себе никако,многу грешки,нереализирани поени,на Ален ништо не му одеше од рака,слободните фрлања исто така не беа реализирани на потребно ниво.Гарнет сепак се подобри а и како почна мислев цела вечер ќе растура,а Рондо беше единствен кој беше на ниво на задача.
Мада и многу чуден натпревар,имаше доста пресврти со големи разлики.
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Ej Елеј...

1. Респектирај го шутот на Рондо.

2. Повеќе движење на топката, не толку 1 против 1, да Коби тебе ти се обраќам. А и на твоите другарчиња - Фармар, Артест и Шенон.

3. Повеќе минутажа за Вујачич. Игра солидна одбрана на Реј-Реј.

4. Експресено делување на Гасол, нетуку ја дриблај топката под кошот.

5. Колективна енергија од почетокот на натпреварот. Влез во утакмицата како да сте 0-2 не 1-1.

6. Артест проработи на својот шут, правиш одлична работа на Пирс, но шутот ти е сумлив.

7. Повеќе топки за Гасол и Бајнам. Пост играчите на ЕлЕј 63 % шут, а периметарот 32 %. Разлика воочлива од Сатурн.

8. Will the real Odom, please stand up???

9. Коби остани на терен, од клупа не се игра, само се бодри. Знам судиите, но тоа ти е...

10. Чувајте го Рондо дури кога неговите соиграчи ќе промашат, бидејќи не знам дали заприметивте, фаќа топки, прави скокови, офанзивни, дефанзивни...

11. Коби, Артест престанете да го удвојувате Гарнет. Гарнет 2010 не е Гарнет 2008.

Болтот е најбитен.

P.S Фак д рефс.
Друже се е точно...
Добро е , може Лејкерси читаат Кајгана :) Не се исполна се, но задоволен сум од изданието.

Не е плачка тоа...Да образложувам сега би отвориле нова до безкрај тема но не е тоа поентата.Постот мој доволно говори за се.Тоа е чиста вистина... Победи ЛАЛ и сите му симнуваме капа на Фишер...Никаде не видов зошто Коби шутираше од секаде... Немора никој да ми реплицира.Знам ЛАЛ е комерцијален тим и ако влезам тука во конфликт ( рака на срце вербален) со еден ќе треба да реплицирам со 10 фанови на ЛАЛ и нормално дека ќе го загубам случајот :pos2:


Штета што ја гледате кошарката само на офанзивниот крај. Ајде прво да се фатиме за нападот, како што сите го гледате и со душа чекате да го коментирате.

Коби постигна 29 поени (10-29 шут = 30 %) со 7 скока, 4 асистенции, 2 украдени топки, 3 блокади и 1 загубена топка. За негови стандарди и за на стандрадите на Лејкерс ова е лоша шутерска изведба, што не смее да се повтори...но ако внимателно ја гледавте утакмицата, на премногу секвенци се случуваше истото - нема движење на топката во нападот, па има уште 10 секудни во нападот, ај ќе му ја дадеме топката на Коби, па што знае нека прави со неа. Нормално Коби ќе мора да упатува неизградени,форсирани шутеви од периметар, затоа што нема време, ќе пропадне нападот. Ова се случуваше цела утакмица вчера.

Но она што е побитно, не ја спомна одбраната на Коби. Не знам дали знаеш или запримети, ако можеш да затвориш некој тотално и ги контролираш скоковите - ја победуваш утакмицата. Одбраната и скоковите ја добиваат секоја проклета утакмица. Ај да видиме што Коби направи во одбраната...

Прво да објаснам како го гледам Бостон...Бостон ти е чудовиште со една глава. Таа глава се вика Реџон Рондо. Ако ја сечиме таа глава, и чудовиштето умира. Тоа Коби го направи вчера. Го лимитира Рондо на само 3 скока. 3 скока Рондо ги прави само во првата четвртина а на со 42 минути на парктетот - колку што одигра вчера. Неговиот шут беше ок 5-10, не е лошо. Но и малите деца знаат дека поените на Рондо не се проблем, туку неговата пенетрација кон обрачот, која ствара конфузија во протвничката одбрана и прави лесни поени за шутери како Реј или Пирс, или цепелини за Перкинс и Гарнет, чувањето негово во транзиција или полу транзиција, и нормално постирањето негово околу обрачот за да не можи да направи офанзивни а ни дефанзивни скокови.

Тоа Коби вчера го направи 100 %. Неговата одбрана беше феноменална. Неговата одбрана беше клучот. Тоа и херојското издание на Фишер.

Плус судиите му дозволија на Коби да биде поагресивен вчера.Затоа што по фантомските фаули во втората утакмица, Коби не можеше да биде агресивен, знаејќи дека има проблеми со фаули. Па така Реј Ален не ни се замори чувајќи го Коби, па затоа сите знаеме што следеше - 8 рекордни тројки. Ама Коби кога е на паркет , без проблеми со фаули и дозволена по машка игра - тоа во напад значи Коби повеќе може да сили пост-игра. А кога Коби сили пост игра или едноставно игра нон стоп агресивно тоа значи многу повеќе трошење енергија за Реј Ален т.е многу повеќе притисок на старите нозе. Е таа изгубена енергија и тоа бранење на агресивен Коби си го зедоја данокот во нападот на Реј Ален. И сите знаеме како тоа заврши 0-13 на еден од најдобрите шутери некогаш видени. И тоа беше Коби, и тука е заслужен Коби. Не целосно, но проклето многу.

Е сега нормално Коби - трн во око, прв пост после утакмица ...аАаааАа Коби се покака. АаааААаааАа. Зошто? Стварно се покака???

Дали?? Стварно не знам дали и има смисла тука да продолжам да постирам, кога грото од постовите стварно немаат смисла, или може едноставно не сум јас за тука.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
^Предобар си за нас, пробај си ја среќата како стручен коментатор во МТВ :)

Фишер ги затна сите што плукаја по него цела зеона, едноставно кога беше најпотребно распали. Кај Бостон, Гарнет ѕвер. Како тргна си мислев над 40 поени ќе оди. Страшна прва четвртина за него.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе јес да имам кец математика, ама ај преслушај се уште еднаш шо кажа :):)
Не до толку ама ми оди математиката бе:).Кажав дека нема да дозволи Бостон да се игра седми натпревар во ЛА(мое мислење).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom