@netsfan
Те чекам неколку дена за реплика за Стен Ван Ганди,те нема нешто.
Сега и ова му се дешава, изгледа у право дека сум бил.
Па и има кого да чекаш ,нели ?
Према она што го памтам за тебе е дека рече не пратиш НБА во регуларен дел,значи не ги глеаш утакмиците само резултати пратиш(ваљда).
Значи многу малце го имаш пратено,сеа си видел една утакмица против Бостон и одма излагаш со тоа дека не го бива како тренер и дека со него не можат да освојат титула.Никој не рече дека е тој најдобар тренер,далеку од тоа ама ти го напраи дека е катастрофа. А не е..
Можеш да побараш мислења на експерти кои ја пратат НБА лигата и да видиш што ке ти кажат они .
Ти можеш да се согласиш со тоа,може и да не се согласиш но секако запамти нив им е работа да ги пратат и анализираат тие работи.
Исто така грешиш за брат му негов,за Џеф Ван Ганди.. цела лига има голем респект за него.Незнам како можеш туку така да кажеш дека и двајцата брака немаат појма.
Прочитај малце за нив,за целата фамилија дека се навлезени у кошарката веке подолго време така да ке ти биде јасно.
Во однос утакмицата од синока..
Па Бостон заслужено си тепаше,сеа за сеа игра многу цврсто во тек на цела утакмица без некои поголеми падови.. и некако све им иде од рака. Факт е дека се поискусни но и имаат доста срека.Баш да видам до кога ке ги служи.
Малце и судиите зафркнаа работа,мн безврска фаули досудија.
Ситуацијата со фанот кој непотребно го избркаа,како и еден од последните влезови на ЏејЏеј Редик.. кога ем имаше фаул од гарнет ем не се постави на време Глен Дебелиот Дејвис мислам дека беше.. а судииве свирнаа фаул у напад и уште неколку сомнителни одлуки, кои за стручните коментатори Марк Џексон и Џ В Ганди беа погрешно отсвирени..
Иначе некој го спомна Редик.. не е лош дечкото ,добро се движи има напредок. и мислам дека е најдобар шутер во Орландо.
Следната утакмица се игра у Бостон у Недела сабајле.Во регуларна сезона Орландо 2пати ги тепаше таму,ама ова не е регуларна сезона
.
Факт е дека Бостон тешко ке пропушти ваква шанса да ги докрајчи,но никад не се знае.Сум кажал повеке пати Орландо стварно има доста јак тим,и јака клупа иако во оваа серија и не се покажува клупата у право светло.
Во прилог на Бостон иде фактот дека ако прочитав добро.. Само 3 тима се имаат вратено и победено иако ја започнале серијата со 2 порази на домашен терен. Дали ке биде Орландо 4тиот тим ,или е тоа научна фантастика ке видиме за 3-4 дена