Perfecto
Rugged'n'Raw
- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 1.408
- Поени од реакции
- 152
Еве јас ќе ти објаснам. Мислиш на сезоната 2004-2005, кога Лејкерс си го растури цел тим. 03-04 Лејкерс изгубија во финале од Детроит 4-1. Тоа лето беше пеколно за Езерџиите. Шекил беше трампан за младите Одом, Батлер и Грант. Рик Фокс и Гери Пејтон беа трампани за Крис Мим, Банкс и Аткинс. Фил Џексон и Дерек Фишер видно фрустрирани од настаните го напуштија бродот што тоне. Руди Томјанович беше назначен за тренер. Ај сега да видиме до кај сме.Па пак истито муабет го правиме сите.И фанови на Орландо, на Спарс, на Мавс, на Кавс...Само вие од ЛАЛ неможете да сваните некои работи.Кој ги носел тие играчи ја незнам.Имињата му се страшни делата ги видовме синоќа.Џејмисон го немав гледано баш ти тогаш ми рече дека е страшен играч синоќа кој гледаше виде.Шекил е 38 години.Што да се прави.Верував на тие имиња но се остана на имиња...
Џабе е се и залудно...Како што вие неможете да ми објасните зошто Коби со Ламар Одом,Керон Батлер,Владе Дивац не влезе во плејофф така и јас неможам вас да ви објаснам како Џејмс со 38 год Онил и инвалидниот Џејмисон не влезе во коференцииско финале
Лејкерс 2003-2004:
Центар : Шекил
Крилен центар : Карл Мелоун
Крила: Гери Пејтон и Коби Брајант
Плејмејкер: Дерек Фишер.
Тренер: Фил Џексон.
Лејкерс 2004 - 2005
Центар: Крис Мим
Крилен: Одом
Крила: Коби/Батлер
Плејмејкер: Чаки Аткинс
Тренер : Руди Томјанович
Значи од тим кој изгледал како да си го составил на EA NBA Live, другата година имаме тим со една звезда и 2 надежни играчи. Толку. Плус од клупа ги имаме Брјант Грент, Брајан Кук и Слава Медведенко. Милина. Томјанович никогаш не успеа да го води и тренира тимот, сите на теренот беа како раштиман оркестар, напад солиден, но никој не сакаше да игра одбрана, Лејкерс таа сезона примаа по 111 поени по натпревар. 111 поени. А одбраната освен талент, бара поврзаност на тимот, верување од еден на друг и секако воља за играње одбрана. Тогаш во тој тим никој не ни сакаше да слушни за одбрана, мислам гледајте го го Крис Мим 10 минути и ќе ме сфатите. Значи нов тренер, со нова филозофија, 90 % нови играчи, повреди, си го зедоја својот данок.
Коби таа сезона промаши 16 наптревари со проблеми со половината, Одом промаши 18 натпревари.
Дивац со своите 38 години изигра само 15 натпревари, не знам зошто и го спомна, веројатно ти бил звучно име?
Доволно? Ако не е, кажи ми ќе дополнам што треба.
Е сега, пред да почнам да објаснувам, присети се колку пати имаш кажано дека оваа сезона е шампионска за Кавс, и дека Кливленд има најголеми шанси за титула оваа година. Како и другите фанови на Кавс.
Кливленд беше најталентираниот тим во НБА, целосно не само првата петторка. Тип како Мумн, Лион По или Хиксон да добијат вкупно 9 минути на паркет зборува за тоа. Тим со 60 победи, тим за парада во Јуни. Еве што кажаа експертите пред да почне серијата:
Овие експерти сигурно немаат кристална топка па од неа ги вадат овие прогнози. Тие прогнози беа базирани на тимот на Кливленд, на нивната игра, на нивната одбрана, на нивниот емвипи Џејмс. Јас лично како баскет фан сум разочаран од Кливленд.
Прво што ми смета најмногу е тоа што Кливленд не ги испука сите куршуми. Не може во натпревар во кој ти зависи цела сезона ти да играш како оваа да е маалски баскет. Последните три натпревари Кливленд западна во тешка криза, криза која изгледаше како и да не му е гајле. Од Леброн па натаму. Е сега малку за Леброн....
Типот после петтата утакмица на прес мртов ладен како ништо да не се десило?? Како е тоа можно? Па ти само што си го истрпил најтешкиот пораз во историјата човече, биди бесен, пцуј, викај - а не се прави како да не ти е гајле, или егото и самодовербата се поголеми од реалноста и вистината?
Секако лидерот добива најмногу кредит кога тимот негов победува, но добива и иста доза на блам кога неговиот тим губи, просто и едноставно.
Леброн не изгледаше како Леброн оваа серија, без разлика што кажуваат бројките. На моменти изгледаше како многу да се двоуми, пробуваше да се вклопи во клучните моменти но не успеваше. На крај на утакмица пак гледаш статистики и гледаш супер бројки. Тој што го прати Леброн од порано треба да ми го знае мубаетот - без разлика дали Леброн игра лошо или добро, тој ќе има супер солидни бројки. Штета што тие бројки не го покажуваат менталитетот и лидерскиот дух на играчот.
Од лани до сега се смена една работа со Леброн. Сега се поздрави со победничкиот тим и излезе на прес. Лани не.
За крај да кажам дека моментално Леброн е најдобар играч во NBA, но менталитетот, детерминацијата, и максимизирањето на своите вештини ќе го направат Леброн да е Абдул- Џабар а не Чемберлент.
П.С Мајк Браун не е веќе тренер на Кливленд - очекувано.
NEW YORK -- The Cleveland Cavaliers have fired head coach Mike Brown, two league sources told SI.com.
Brown, who won the NBA's Coach of the Year Award last year, compiled a 272-138 record in five seasons leading the Cavaliers. He also led the team to the playoffs in each of those seasons, including a Finals apperance in 2007.