NBA сезона 2009/2010

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Па пак истито муабет го правиме сите.И фанови на Орландо, на Спарс, на Мавс, на Кавс...Само вие од ЛАЛ неможете да сваните некои работи.Кој ги носел тие играчи ја незнам.Имињата му се страшни делата ги видовме синоќа.Џејмисон го немав гледано баш ти тогаш ми рече дека е страшен играч синоќа кој гледаше виде.Шекил е 38 години.Што да се прави.Верував на тие имиња но се остана на имиња...
Џабе е се и залудно...Како што вие неможете да ми објасните зошто Коби со Ламар Одом,Керон Батлер,Владе Дивац не влезе во плејофф така и јас неможам вас да ви објаснам како Џејмс со 38 год Онил и инвалидниот Џејмисон не влезе во коференцииско финале
Еве јас ќе ти објаснам. Мислиш на сезоната 2004-2005, кога Лејкерс си го растури цел тим. 03-04 Лејкерс изгубија во финале од Детроит 4-1. Тоа лето беше пеколно за Езерџиите. Шекил беше трампан за младите Одом, Батлер и Грант. Рик Фокс и Гери Пејтон беа трампани за Крис Мим, Банкс и Аткинс. Фил Џексон и Дерек Фишер видно фрустрирани од настаните го напуштија бродот што тоне. Руди Томјанович беше назначен за тренер. Ај сега да видиме до кај сме.

Лејкерс 2003-2004:

Центар : Шекил
Крилен центар : Карл Мелоун
Крила: Гери Пејтон и Коби Брајант
Плејмејкер: Дерек Фишер.

Тренер: Фил Џексон.

Лејкерс 2004 - 2005

Центар: Крис Мим
Крилен: Одом
Крила: Коби/Батлер
Плејмејкер: Чаки Аткинс

Тренер : Руди Томјанович

Значи од тим кој изгледал како да си го составил на EA NBA Live, другата година имаме тим со една звезда и 2 надежни играчи. Толку. Плус од клупа ги имаме Брјант Грент, Брајан Кук и Слава Медведенко. Милина. Томјанович никогаш не успеа да го води и тренира тимот, сите на теренот беа како раштиман оркестар, напад солиден, но никој не сакаше да игра одбрана, Лејкерс таа сезона примаа по 111 поени по натпревар. 111 поени. А одбраната освен талент, бара поврзаност на тимот, верување од еден на друг и секако воља за играње одбрана. Тогаш во тој тим никој не ни сакаше да слушни за одбрана, мислам гледајте го го Крис Мим 10 минути и ќе ме сфатите. Значи нов тренер, со нова филозофија, 90 % нови играчи, повреди, си го зедоја својот данок.

Коби таа сезона промаши 16 наптревари со проблеми со половината, Одом промаши 18 натпревари.
Дивац со своите 38 години изигра само 15 натпревари, не знам зошто и го спомна, веројатно ти бил звучно име?

Доволно? Ако не е, кажи ми ќе дополнам што треба.

Е сега, пред да почнам да објаснувам, присети се колку пати имаш кажано дека оваа сезона е шампионска за Кавс, и дека Кливленд има најголеми шанси за титула оваа година. Како и другите фанови на Кавс.

Кливленд беше најталентираниот тим во НБА, целосно не само првата петторка. Тип како Мумн, Лион По или Хиксон да добијат вкупно 9 минути на паркет зборува за тоа. Тим со 60 победи, тим за парада во Јуни. Еве што кажаа експертите пред да почне серијата:


Овие експерти сигурно немаат кристална топка па од неа ги вадат овие прогнози. Тие прогнози беа базирани на тимот на Кливленд, на нивната игра, на нивната одбрана, на нивниот емвипи Џејмс. Јас лично како баскет фан сум разочаран од Кливленд.

Прво што ми смета најмногу е тоа што Кливленд не ги испука сите куршуми. Не може во натпревар во кој ти зависи цела сезона ти да играш како оваа да е маалски баскет. Последните три натпревари Кливленд западна во тешка криза, криза која изгледаше како и да не му е гајле. Од Леброн па натаму. Е сега малку за Леброн....

Типот после петтата утакмица на прес мртов ладен како ништо да не се десило?? Како е тоа можно? Па ти само што си го истрпил најтешкиот пораз во историјата човече, биди бесен, пцуј, викај - а не се прави како да не ти е гајле, или егото и самодовербата се поголеми од реалноста и вистината?

Секако лидерот добива најмногу кредит кога тимот негов победува, но добива и иста доза на блам кога неговиот тим губи, просто и едноставно.

Леброн не изгледаше како Леброн оваа серија, без разлика што кажуваат бројките. На моменти изгледаше како многу да се двоуми, пробуваше да се вклопи во клучните моменти но не успеваше. На крај на утакмица пак гледаш статистики и гледаш супер бројки. Тој што го прати Леброн од порано треба да ми го знае мубаетот - без разлика дали Леброн игра лошо или добро, тој ќе има супер солидни бројки. Штета што тие бројки не го покажуваат менталитетот и лидерскиот дух на играчот.

Од лани до сега се смена една работа со Леброн. Сега се поздрави со победничкиот тим и излезе на прес. Лани не.

За крај да кажам дека моментално Леброн е најдобар играч во NBA, но менталитетот, детерминацијата, и максимизирањето на своите вештини ќе го направат Леброн да е Абдул- Џабар а не Чемберлент.

П.С Мајк Браун не е веќе тренер на Кливленд - очекувано.

NEW YORK -- The Cleveland Cavaliers have fired head coach Mike Brown, two league sources told SI.com.

Brown, who won the NBA's Coach of the Year Award last year, compiled a 272-138 record in five seasons leading the Cavaliers. He also led the team to the playoffs in each of those seasons, including a Finals apperance in 2007.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.895
Поени од реакции
8.756
Championships 17

Conference titles 20

Division titles 28



Се согласувам со твоето мислење :uvo:

значи зборам за периодот пред да го направат овој тим, кога само Пол Пирс и Рики Дејвис беа главни ѕвезди во тимот и кога беа на дното.... ако сакаат и 50 шампионски прстени да имат во тој период беа катастрофа, тоа ми беше зборот
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Вака ме нервира во НБА.Играат еден куп натпревари во регуларниот дел и за една утакмица во плеј-оф ја губиш сезоната.Иако во регуларниот дел Бостон беше слаб,имаат и поединци и како тим посебно во одбрана се подобри од Кливленд.Ми е жал за Кралот но има време за него млад е.Оваа сезона најмногу сакам да победи Орландо и Феникс до некаде.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
В ред е Перфекто знам се што пиша.Слична е ситуацијата и сега.Коби беше 26 годишник во најдобрите денови од кариерата по 3 освоени прстени.ЛАЛ доминираше годините наназад.Никој од нив не очекуваше да го играат предланското финале (2003/04) но да не играат плејофф???
И годинава исто.Видоа дека ЛеБрон газеше и очекуваа сам да стигне до финале.Неможе едно е регуларен дел друго е плејофф.Знам за тие експерти на ЕСПН дека во сите симулации очекуваа Кливленд да игра финале.Реално брат јас не сакам да се контрам сотебе но Коби никогаш го немал притисокот што го има Џејмс.Секогаш претисокот бил распореден.Или со Шек или со Одом,Гасол и остали.И Коби беше успоруван.И него таа иста година (2004) му трубеа на глава дека се што освоил било поради Шек.И тој беше под секаков притисок да мора да докаже дека може тој тим да биде респектабилен и без Шек.И вероватно доказот за тоа е таа мизерна сезона... Значи се е у контекст дека една птица пролет не праве.Зошто Гарнет не успеа со Минесота,Ален со Милвоки,Пирс сам во Бостон,Вејд сам во Мајами???Кога соиграчите ти се влекачи противничката одбрана може сите 5 играчи да ги насочи на тебе пошто знае дека другиве се труби.Така беше синоќа
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.019
Поени од реакции
22.926
Што играчи имаат овие Орландо?
Јас само Хауард,Картер и Луис ги знам,другите се небитни(ваљда).
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.895
Поени од реакции
8.756
Што играчи имаат овие Орландо?
Јас само Хауард,Картер и Луис ги знам,другите се небитни(ваљда).
хахаха ти си слушнал за Џамир Нелсон? центарот Гортак, Рајан Андерсон,Мет Барнс,Џеј Џеј Редик,Џејсон Вилијамс, Брендон Бас,Мајкл Пјетрус и тако даље...:)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.019
Поени од реакции
22.926
хахаха ти си слушнал за Џамир Нелсон? центарот Гортак, Рајан Андерсон,Мет Барнс,Џеј Џеј Редик,Џејсон Вилијамс, Брендон Бас,Мајкл Пјетрус и тако даље...:)
Не пратам многу НБА,само плеј оф и најчесто само Бостон:)

Овие болдираниве ги знам т.е сум слушнал :),другиве се непознати за мене.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
значи зборам за периодот пред да го направат овој тим, кога само Пол Пирс и Рики Дејвис беа главни ѕвезди во тимот и кога беа на дното.... ако сакаат и 50 шампионски прстени да имат во тој период беа катастрофа, тоа ми беше зборот
Интересно е тоа што најголем дел од титулите Бостон ги има земено пред 84-85 година,а после тоа има само 2 титули вклучувајки ја онаа од пред 2 години..
Сезоната 84-85 е таа кога во НБА се воведува селари кап-от,значи добри 20тина години немаа ништо освоено Бостон така да и тоа кажува нешто :)

--- надополнето ---

Вака ме нервира во НБА.Играат еден куп натпревари во регуларниот дел и за една утакмица во плеј-оф ја губиш сезоната.Иако во регуларниот дел Бостон беше слаб,имаат и поединци и како тим посебно во одбрана се подобри од Кливленд.Ми е жал за Кралот но има време за него млад е.Оваа сезона најмногу сакам да победи Орландо и Феникс до некаде.
Да една утакмица е.
Ама претходно треба да изгубиш уште 3 и таа едната 4 порази :)
Значи сосема доволно треба да те поразат за да испаднеш и да ти заврши сезоната.

--- надополнето ---

В ред е Перфекто знам се што пиша.Слична е ситуацијата и сега.Коби беше 26 годишник во најдобрите денови од кариерата по 3 освоени прстени.ЛАЛ доминираше годините наназад.Никој од нив не очекуваше да го играат предланското финале (2003/04) но да не играат плејофф???
И годинава исто.Видоа дека ЛеБрон газеше и очекуваа сам да стигне до финале.Неможе едно е регуларен дел друго е плејофф.Знам за тие експерти на ЕСПН дека во сите симулации очекуваа Кливленд да игра финале.Реално брат јас не сакам да се контрам сотебе но Коби никогаш го немал притисокот што го има Џејмс.Секогаш претисокот бил распореден.Или со Шек или со Одом,Гасол и остали.И Коби беше успоруван.И него таа иста година (2004) му трубеа на глава дека се што освоил било поради Шек.И тој беше под секаков притисок да мора да докаже дека може тој тим да биде респектабилен и без Шек.И вероватно доказот за тоа е таа мизерна сезона... Значи се е у контекст дека една птица пролет не праве.Зошто Гарнет не успеа со Минесота,Ален со Милвоки,Пирс сам во Бостон,Вејд сам во Мајами???Кога соиграчите ти се влекачи противничката одбрана може сите 5 играчи да ги насочи на тебе пошто знае дека другиве се труби.Така беше синоќа
Он може сакаше да ти каже дека да го имаа Коби место Леброн со овој состав на Кавс.Кавс ке беа убедливо најбољи ,баш ради Коби :tapp: :pos2:

Реков еднаш пред некое време. Леброн не ми е омилен играч,ама според мене тој е најдобриот кошаркар во НБА во овој момент!!.
Такво нешто ,таква атлета ко Леброн не е видена до сеа на кошаркарските па и останатите спортски терени.. Он е чудо од атлет.
И нормално дека и покрај тоа неможе све сам. Вака на имиња добро звучеа неговите соиграчи но ете не се покажаа баш нај нај. Тренерот исто така не го бива. така да тоа е тоа..

--- надополнето ---

Што играчи имаат овие Орландо?
Јас само Хауард,Картер и Луис ги знам,другите се небитни(ваљда).
Не ги заборавај Адонал Фојл и Ентони Џонсон.. :tv:
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Интересно е тоа што најголем дел од титулите Бостон ги има земено пред 84-85 година,а после тоа има само 2 титули вклучувајки ја онаа од пред 2 години..
Сезоната 84-85 е таа кога во НБА се воведува селари кап-от,значи добри 20тина години немаа ништо освоено Бостон така да и тоа кажува нешто :)


Тоа на тебе ти укажува дека после 20-30 години (здравје боже) ќе се измисли нешто ново и пак ќе ти биде истата приказана така да историја си е историја ако сака нека биде и од 21 година !
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Он може сакаше да ти каже дека да го имаа Коби место Леброн со овој состав на Кавс.Кавс ке беа убедливо најбољи ,баш ради Коби :tapp: :pos2:
Почукај си ја главата уште малку, па може еден ден ќе ти текне/светне што напишав.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.419
Поени од реакции
6.056
значи зборам за периодот пред да го направат овој тим, кога само Пол Пирс и Рики Дејвис беа главни ѕвезди во тимот и кога беа на дното.... ако сакаат и 50 шампионски прстени да имат во тој период беа катастрофа, тоа ми беше зборот
Имаше и бостон пред тоа екипа со Antoine Walker покрај Пирс како главна звезда.Поомилени ми беа тогаш одколку сега(најверојатно затоа што сега ѕвездите се играчи кои карииерите,и најдобрите изиграни натпревари ги поминале во други тимови)
 
B

BooBojan

Гостин
Иако сум фан на Лејкерс ке ви кажам БОСТОН НЕ БЕШЕ СЛАБ РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ силните екипи се гледаат во Play-off.
Гледам многу од вас овде велат дека наредната година New York Kniks ке ја освојат шампионската титула.Кој сака да се обложи дека нема да ја освојат.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Иако сум фан на Лејкерс ке ви кажам БОСТОН НЕ БЕШЕ СЛАБ РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ силните екипи се гледаат во Play-off.
Гледам многу од вас овде велат дека наредната година New York Kniks ке ја освојат шампионската титула.Кој сака да се обложи дека нема да ја освојат.
Вклучен сум и јас во оваа кладба :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom