Да не беше Бош, Мајами немаше да го поминат ниту Чикаго во полуфиналето. Човеков после Вејд е најдобриот играч во Мајами, така да мислам нема потреба да се плука по него.
Инаку се виде дека како што од сите дрва шупелка не бидува, така и тим склопен со "звезди" не гарантира титула. На Мајами потребен им е тренер кој ќе ги симне играчите малку од облаци, тренер кој ќе има авторитет врз нив, а не како овој недоделканиов за кој и Марјан Лазовски е измислен.
За Џејмс имав добро мислење, но го сменив откако во полуфиналето видов за каков малодушник и пи*енце станува збор, дефинитивно човеков ни во најубавите соништа не може да биде она што беше МЏ, со лигавење, глумење и плачење не се достигнува најголемиот!
Честитки за навивачите на Далас, сосема заслужена победа, едноставно победи поквалитетниот тим во ова финале.