NBA Сезона 2010/2011

Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
3 разлика за Мемфис на полувреме,многу лош почеток на утакмицата за Спарси ама се консолидираа и очекувам сеа у второ 10-15 разлика за Сан Антонио :)
Очекувај. :)
Заврши конечно серијава 4-2 за Мемфис на мое огромно задоволство нема да ги глеам Спарси. Најзаслужен за победава Рендолф кој 16 поени постигнал во последната четвритна од вкупно 31 поен.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Вакво нешто кој можеше да очекува ама се е можно.Мило ми е што исадна САС.
 
B

BooBojan

Гостин
Heat - Celtics - 4-3
Bulls - Hawks-4-3

Lakers - Mavs-4-1
OKC - Grizzlies-4-2
Според мене.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Мемфис FTW !!! Повеќе сакав овие да испаднат сеа него Лејкерс да победи. :icon_lol:
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Незнам мене лично не ми е мерак ниеден фаворит да излезе барем не во првото коло.Сепак реално гледано Атланта и Мемфис пружија феноменални партии.Проблемот кај Орландо и Спарси незнам каде да се лоцира веројатно тие сами чекаа да дојде резлутатот.Ајде за Атланта разликата во места со Орландо беше една позиција но Сан Антонио ја фрлија во вода една сезона која за нив беше враќање на голема врата.Нивен пораз наговестуваше и последниот месец од првенството каде загубија огромен број напревари и загубија огромна предност на врвот...

За понатаму ќе видиме.Веќе очигледно ништо не е сигурно.Мајами со Бостон сигурно е финале пред финалето...

Дали некој знае што се слчучува со преносите на МТВ?

--- надополнето ---

КОнечно информација

Во Недела во 21 30 часот ќе оди Бостон со Мајами
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.472
Поени од реакции
7.924
Јас сепак ќе си гледам на стрим. После Љубомир Николовски не може никој да се приближи во квалитет до коментирањето на коментаторите на американските телевизии.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Јас сепак ќе си гледам на стрим. После Љубомир Николовски не може никој да се приближи во квалитет до коментирањето на коментаторите на американските телевизии.

:pos:
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Според мене имам само еден сигурен финалист - Лејкерс, за од исток не гарантирам, многу е комплицирано :)
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
Според мене имам само еден сигурен финалист - Лејкерс, за од исток не гарантирам, многу е комплицирано :)
Далас и пред се Оклахома не се лесни противници
Лејкерс лани одвај тепаја 4-2 со Оклахома и покрај катастрофална серија на Дурант, а оваа година Лејкерс се послаби а Оклахома се далеку подобри и засилени под рекетот.
Многу рекоја Лејкерс 4-0 ке тепат со Хорнетси, па види на крајо како излезе, зато не кажвајте напамет
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Мајами - Бостон
Очекувам одлична серија. Ама она баш одлична!!! Груба игра, борба за секоја топка, лактови, колена, технички, гужва на паркет... истовремено магија од Вејд и Ален, трејдмарк влезовите на Пирс и Леброн и силна битка под кошевите од Гарнет и Бош.
Шутерската статистика на Мајами мора да порасне ако планираат да одат понатаму - 43% шут од игра ќе биде премалку за да се добие Бостон кој шутира најдобри во плејофот 48%, истовремено тука е и ужасниот шут за тројка на екипата од Флорида (29%).
Одбраната ќе биде посебно интересна. Триото на Мајами сезонава се покажа како најдоброто одбранбено трио во целата лига кога е во прашање игра еден на еден и несомнено е дека Пирс, Ален и Гарнет нема да имаат многу чисти шутеви се додека на нив се Леброн, Вејд и Бош. За мене поинтересно ќе биде на другата страна од теренот, каде Пирс ќе мора да игра одбрана на животот против секогаш напалениот Џејмс кога игра со келтите, а разликата очекувам да ја прави Рондо кој против секогаш „недоречениот“ во одбрана Биби треба да го вади тимот секогаш кога главното офанзивно трио на Бостон ќе има проблеми.
Бостон не одигра сјајно против Њујорк, двата натпревари на домашен терен ги реши еден шут и Бостон покажа дека за разлика од порано, сезонава се многу поранливи на игра во рекетот и влезови ала Стадемаер и Ентони - нешто што најдобро знаат да го прават Леброн и Вејд. Додуша и Мајами не одигра сјајна серија против Филаделфија, мој впечаток беше дека на сила успеаја да добијат барем две од четирите победи - водени од мотивираноста и брилијантноста на нивните играчи. Чувствувам и стравувам дека Мајами плејофот може да го „зафркне“ само поради тренерска неискусност/незнаење... но допрва треба да видиме.
Бројот на поени низ целата серија ќе се движи во рамките на 87-90 поени за секој тим, а како играч кој ќе биде клучно да игра на своето ниво го издвојувам Рондо.
Иако очекувам жесток двомеч и тесни натпревари, сепак сметам дека триото на Мајами е далеку подобро, помотивирано и поинспирирано од она на Бостон. Домашниот терен треба да пресуди во серијата и доколку не дојде до „катастрофални“ тактички грешки од страна на Споелстра Хит ќе се најдат во финалето на истокот.

Мајами - Бостон (4-2)

Чикаго - Атланта

Атланта е тимот кој најмногу ме изненади во првото коло од плејофот (заедно со Мемфис кои повеќе ме воодушевија отколку изненадија). Ме изненадија најмногу со нивната зрела игра која варираше од индивидуалното мајсторство на Џонсон до брилијантната шутерска серија на Крафорд и извонредната одбрана на Хорфорд/Смит/Колинс. Серијата малку ја расипа повредата на Хајнрих кој ја остави Атланта без типичен плејмејкер, но и покрај тоа очекувам добри дуели.
Чикаго се Тимот, Роуз е Играчот... Булси се повторно интересен тим сезонава. Одиграа скоро перфектна серија со Индијана, покажаа зрелост и плејоф тим кој нема проблеми ниту да ги издува противниците ниту да игра на високо ниво кога натпреварот влегува во тесна завршница. Беа тестирани, што е добро... публиката е феноменална... тимот е длабок и мотивиран.
Атланта нема играч кој ќе може да го запре Роуз, а Булси го имаат играчи кои можат да го скротат Џонсон (Денг и Бруер). Сепак борбата под обрачите овде ќе биде многу поинтересна. Бузер и Ноа ќе имаат веројатно најголем тест, а победникот во овој дуел ќе го реши двобојот. Доколку Булси успеат барем да им парираат на Хоукси под кошевите Чикаго ќе извојува лесна победа.
Играчот кој треба да ја одбележи серијата дефинитивно е Роуз, кој доколку биде на своето ниво ќе претставува страшен проблем за Атланта.
Атланта без Хајнрих е значително ослабена... Победа во Јунајтед Центар не изгледа веројатна, додека Чикаго може да направи „брејк“ и да земе барем еден од двата први меча во Атланта. Не гледам како ќе го задржат своето високо ниво Крафорд и Џонсон против силната одбрана на надворешните позиции на Булси... Сметам дека Чикаго оди понатаму без поголеми проблеми.

Чикаго - Атланта (4-1)

Лос Анѓелес - Далас

Гасол и Одом против Новицки, Коби против Мерион и Кид, Чендлер против Бајнам... ова изгледа како најинтересна серија, нели? За жал тоа нема да биде случај по мое мислење.
Иако Лејкерс изгледа најранлив од кога Гасол пристигна во Калифорнија, Маверикс не се тимот кој може да го изненади шампионот. Зошто? Затоа што Лејкерс го имаат најидеалниот тим, буквално најправилниот тим за игра против Далас. Далас отсекогаш бил ранлив на физичка игра, поени од рекетот, квалитетна „четворка“ на противникот и никогаш не успеаја да најдат чувар за противничкиот бек шутер (Батлер можеби ќе беше интересна опција - но тоа е тоа).
Најпрво кој ќе го чува Брајант? Мерион или Кид? Мерион ќе влегува во брзи проблеми со личните грешки, Кид нема ниту височина ниту одбранбен капацитет за да му парира на импресивниот Коби. Проблемите секогаш ќе пристигнуваат во четвртата четвртина кога 80% од топката се наоѓа во рацете на Коби и кога Лејкерси секогаш ќе имаат опција во нападот... секогаш.
Вториот проблем за Мавс е одбраната на Новицки. Несомнено еден од најдобрите офанзивни играчи во историјата на оваа игра секогаш имал огромни проблеми против Гасол. Гасол ќе има бројни прилики за офанзивни скокови, додека Новицки ќе се изнамачи да го покрие шутот од работ на рекетот на шпанецот.
Најпосле тука е секогаш кобниот за Маверикс - Одом. Секогаш ме фрустрираа неговите 6-7 офанзивни скокови против Далас, но тие секогаш пристигаа. Концентрацијата на Коби и Бајнам го отвара рекетот за атлетизмот на Одом и несомнено е тоа да се повтори и овој пат.
Одом пак во одбрана изгледа како најдобра опција за чување на Дирк. Дирк дефинитивно ќе биде во свој стил и во високата дваесетка по бројот на поени, но Одом слично на Џералд Волис од Портланд ќе го натера до нив да стига преку многу шутеви од игра... слично како што и Блејзерси го држеа во ниските 40% шут од игра германецот.
Во првата серија како најсилно оружје на Маверикс се покажа шутот за тројка. Тој мора да биде на највисоко можно ниво ако Далас воопшто има намера да избегне катастрофа. Тери, Кид, Пеѓа и Бареа мора да бидат немилосрдни при искористување на отворените шутеви (кои несомнено ќе ги има, со оглед на тактиката на Мавси).
Мавс треба да се обидат со нивната карактеристична зона во одбраната. Мора да го грабнат секое промашување на тимот на Фил Џексон и мора да го казнат тоа со поени. Далас треба да изигра неверојатно добра серија за да го поминат Лејкерс.
Клучниот играч во серијата за мене ќе биде Џејсон Тери. Тој треба да обезбеди доволен импулс од клупата. И ако доаѓа до своите 20+ поени со солиден шут од игра (45%+) тогаш Мавс можат да парираат...
Скептичноста кон Маверикс ја темелам и поради нивниот „зомби“ плејоф комплекс... Најдобро се покажа во мечот број 4 со Портланд, а голема разлика можеа да прокоцкаат и во шестиот меч - кога тимот на Карлајсл повторно падна во одбранбен колапс.
Накратко кажано... Далас нема доволно физички тим и силна одбрана за плејоф натпревари... Лејкерси се токму спротивното од нив.

Лос Анѓелес - Далас (4-1)

Оклахома - Мемфис

За разлика од Оклахома, која според мое мислење има втор најдобар тим по Лејкерс на западот и играат феноменална кошарка, Мемфис се мала непознаница. По сезоната топло/ладно, Мемфис ме воодушеви во серијата со Сан Антонио и докажаа дека нема да бидат декор на овој плејоф.
За мене проблемите во Оклахома секогаш почнувале од Вестбрук, ако човекот игра добро тимот е добар, ако влезе во шутерски инает и форсирање тогаш на Оклахома обично лошо им се пишува.
Дурант дефинитивно ќе биде голем залак за Мемфис, кои немаат играч кој ќе може да го задржи (Тони Ален е добар - но не е во лигата на Дурант), додека на спротивната страна очекувам Перкинс да биде задолжен за феноменалниот Рендолф кој игра сезона за паметење.
Оклахома има непроценливо плејоф искуство од лани, додека Мемфис се нови во оваа работа и очекувам и тоа да игра улога во серијата (иако против Спурси тоа како да беше хендикеп за искусните мамузи).
Мемфис со здрав Руди Геј ќе беше вистинско задоволство за гледање, сепак сметам дека немаат доволно оружја за да му конкурираат на тимот на Дурант и Вестбрук. Најпосле уште во првиот натпревар можно е да се покаже физичка и психичка истоштеност кај Гризлис кои најдоцна ја завршија својата серија а веќе први ја отвараат втората серија.
Вестбрук треба да биде играчот кој ќе го диктира исходот на секој натпревар. Ако излезе од ол-стар филмот и ако се подреди на тимот оваа серија ќе заврши многу брзо.
За Мемфис ќе биде клучно да го запрат (ако не и фрустрираат) Дурант на „разбирливи“ 25-тина поени по натпревар, серијата ќе мора да ја играат користејќи се што им стои на располагање и да ги погаѓаат отворените шутеви. Оклахома ќе побара поголем удел во играта на Перкинс и квалитетна игра од Вестбрук. Натпреварите ќе бидат интересни... но сметам дека Оклахома за нијанса е поквалитетен тим што ќе дојде до израз.

Оклахома - Мемфис (4-2)

Ви посакувам пријатен и интересен баскет на сите љубители на најквалитетната кошарка на светот.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Толку од Спарси. Тимот кој доминираше на почетокот на сезоната едноставно се распадна на крајот. Мислев дека лошиот финиш на регуларниот дел од сезоната е тактички и дека се одмораат играчите, меѓутоа очигледно не сум бил во право. Секоја чест за Мемфис меѓутоа штом не можеа да победат екипа од таков ранк тогаш нема што да бараат понатаму во play-off. Џинобили сам не можеше да го победи Мемфис. Данкан е бледа копија од минатото, Џеферсон промашена инвестиција, натаму не сакам да продолжам да набројувам. Иако сум нивен фан, по елиминацијата од Мемфис се поставува прашањето дали дојде крајот на ерата на Спарси. Сепак со оглед на тоа што се релативно добро покриени на речиси сите позиции има простор за трејд. Како и да е, неопходни се промени, впрочем и самиот Паркер изјави дека ова е веројатно последната шанса на оваа генерација за освојување на уште еден НБА прстен.

Инаку гледам дека почнавте со типување на победниците од полуфиналните серии на Истокот и Западот, па ајде и јас да дадам мое видување. Ќе започнам со Истокот, каде и нема некоја голема дилема околу тоа што ќе го превлекува вниманието. Мајами - Бостон, мислам дека ќе гледаме извонредно атрактивна и тензична серија. Типувам победа на Мајами (4-3). Чикаго - Атланта е втората полуфинална серија. Иако Чикаго е фаворит јас типувам на Атланта. Булси ја исчистија Индијана но далеку од тоа дека доминираа во играта за разлика од Атланта која ги испрати ѕвездите на Орландо на продолжен одмор:). Значи тука мислам дека Атланта ќе победи (4-2).
На Западот интересна ќе биде пресметката помеѓу Лејкерси и Далас. Иако во оваа серија ќе навивам за Далас, реално е дека Лејкерс ќе победат (4-2), бидејќи ако има екипа која не им лежи на Маверикс тогаш тоа се Лејкерси. Да се надеваме дека Дирк и Пеџа не мислат така :). Во последната серија помеѓу Оклахома и Мемфис огромна предност им давам на Оклахома (4-1). Мемфис ги елиминираа Спарс, го постигнаа најголемиот успех во својата историја и мислам дека ќе останат на тоа. Дурант и компанија нема да си го дозволат луксузот на Спарс и одморни ќе ги чекаат Лејкерс во финалето на Западот.

Без оглед на тоа кој ќе победи, едно е сигурно, следува една од најинтересните завршници на НБА лигата. Да се надеваме дека МТВ ќе почне да пренесува барем по 2 натпревари неделно бидејќи го уништивме видот гледајќи ги натпреварите на нет.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom