NAZCA Линиите во Перу

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.190
Поени од реакции
2.869
Возраст
41
Надвор од Рамра - та јужно од NAZCA линиите, археолозите неодамна почнале со откопување на изгубениот град „Cahuachi“ кој најверојатно припаѓал или барем бил во некоја корелација со градителите на овие мистериозни цртежи. Проценето е дека градот бил изграден приближно пред 2000 години, а бил напуштен 500 години подоцна, како и да е, линиите за прв пат биле забележани во 1920 година кога започнале комерцијалните авиолетови над Перуанската пустина. Патниците константно почнале да репортираат дека забележуваат чудни "писти" за спуштање на тлото долу.

ica_nazca_lines_02.jpg


Ти го проширив постот и ставив некои интересни видеа - Апокалипто
 
Официјално досега никој нема пронајдено доволно цврст доказ за тоа кој ги има изградено и зошто. Уште од времето кога се пронајдени, NAZCA линиите инспирирале многу фантастични објаснувања, дел од нив како постоење на прастари богови или слетувалиште на вонземјани кои ќе се вратат, временски или астрономски календар кој е креиран од древна NAZCA цивилизација колку за информација креацијата на линиите и цртежите датираат некаде помеѓу 200 BC и 600 AD, мапа за подземни води снабдувања итн.
 
WOW! Сакаш да ми кажеш дека овие линиите постојат повеќе векови!? Доста интересно...
А ти покрај толкаво познавање сакаш да кажеш дека првпат ги гледаш овие линии/цртежи?
 
А ти покрај толкаво познавање сакаш да кажеш дека првпат ги гледаш овие линии/цртежи?
Точно. Едноставно не знаев дека такво нешто постои. Малку (море повеќе) ми е неверојатно тоа дека се толкави големи (некои се доста добри), и фактот дека опстоиле толку долго...

Како и да е, добра мистерија за решавање ќе биди оваа...:helou:
 
Точно. Едноставно не знаев дека такво нешто постои. Малку (море повеќе) ми е неверојатно тоа дека се толкави големи (некои се доста добри), и фактот дека опстоиле толку долго...

Како и да е, добра мистерија за решавање ќе биди оваа...:helou:
Епа тогаш најверојатно има и многумина други за кои темава е откровение. Баш ќе биде интересно да се читаат теории за настанокот на овие линии/цртежи, за кого се наменети, што симболизираат итн итн
 
А зошто би направиле/нацртале вакви симболи кога никој не можел тогаш да ги види/прочита ? Или на тој начин сакале да комуницираат со нивните богови , сепак боговите се на небо ?
 
Назка линиите се мн интересни и мислам дека повеќето ги знаат, ама ај да видиме дали ги знаете овие коишто се во Англија.

Cerne Abbas giant


Најстар пишан документ за џинот е од 1694, сепак се претпоставува дека е антички

Westbury White Horse


Најстар пишан документ за коњот е од 1742, со денешниот изглед е од 1778 година, кога бил реставриран.

Cherhill White Horse


Создаден во 1780 година

Uffington White Horse
http-inlinethumb10.webshots.com-28041-2777660300104181437S600x600Q85.preview.jpg


Создадено околу 1400 година пне до 600 година пне

Итн...

Впрочем во цел свет има прастари фигури некогаш длабени во камен, некогаш во земја, а некогаш сликани со бои. Некаде се поголеми, некаде помали. Која била целта за нивното создавање тешко да разбереме некогаш.
 
Познати ни се, барем мене, само што темава не е за нив туку за далеку постарите и понеобични Наска линии :) било како убаво е што ги спомна, особено интересна е онаа со џинот кој според некои научници претставува пагански бог на плодноста, и има доста кажувања - шпекулации дека доста жени кои неможеле да затруднат, после преспивањето на врвот на исцртаниот полов орган останале бремени :) (Артур Кларк и неговите мистерии - емисиите кои одеа на МТВ 1 пред добри 9-10 години)
 
За џинот има друга претпоставка дека е Херкул. Има стап (боздоган) карактеристичен за Херкул, развиен е и со големиот фалус (симбол на машкост-сила) е типичен пример за Херкул. Уште повеќа таа хипотеза се потврдува од тоа дека првично имал уште една линија под левата рака (кожа од лав) Има идентична таква римска статуа на Херкул па можеби од таму е инспирацијата.

Може и во Англија имало постари, ама со текот на времето се избришале, а може и овие се далеку постари, само што нема информации.

Ова е назка цртеж во Перу. Мислам дека е најголемиот цртеж на човек. Сличноста со џинот е дека и оваа има стап во десната рака.

WoM-Web-Nazca-483px.jpg
 
Овие работи на пошироката јавност и се познати уште кога стана познат Деникен со своите теории скоро пред пола век. На уште пошироката јавност на тацна и ги донесе Кларк со серијата и книгата Мистериите на Светот, прва половина на 80-ти.

NAZCA иако личи на NASA сепак не е никаква скратеница и можете како Апокалипто да ја пишувате Nazca или едноставно Наска.
 
А што значи името Nazca? Или така се вика местото каде што постојат сликите?
 
А што значи името Nazca? Или така се вика местото каде што постојат сликите?
Во вториот пост во темава... оној каде што се потрудив да кажам каде е, има статија од Википедија, или ај да скратам - Наска
 
Тоа е уште еден доказ за креативноста на човекот(и ќерата знаеле геометрија ептен!!)...
 
Back
На врв Bottom