Навивање,љубов тоа Јувентус се разбира.Нема потреба да трошам зборови туку сакам да пишам нешто за екипи кои што од увек буделе некаков интерес кај мен, кога и да ги видам на тв дека играат ке мора да ја догледам утакмицата онака со кејф.Па дури се дешавало и да се раздерам некад што е многу чудно чим не е во прашање Јуве.
Симпатични екипи
од увек ми биле Тотенхем,Билбао и Порто.Не знам зошто но има нешто што те тера да ги гледаш овие три екипи со кејф.
Тотенхем уште од кога игра Дефо ми биле таква адреналинска екипа.Можат да победат кого сакаат последнава деценија.Брз динамичен, атрактивен фудбал одсекогаш знаело да падне на
Варт хајд лејн.Жинола,Клинсман,Кембел.Дефо,Роби Кин,Џеназ,Бербатов,Давиц,Модрич,Ленон,Бејл и уште маногу други играчи кои што играле и играат за тимов го прават Тотенхем посебен на некој начин.
Атлетик Билбао ги поштувам заради традицијата нивна Баскиска и заради тоа што навистина се клуб за секој респек.Немаат испаднато од лига никогаш.Единствени екипи освен Атлетик што немаат испаднато се Барса и Реал се разбира. Иако ланската генрерација им беше прекрасна и за жал изгубија во финалето,сепак за мене играчите како Урзаис,Етчеберија,Јесте,ЕсгероТико,Дел Хорно ми се прва асоцијација за оваа екипа.Дефиниција за Машки фудбал.
Порто уште од кога освоија куп Уефа 2003 трета ми станаа многу симпатични.2004 никој не го очекуваше тоа чудо да се деси Капа доле за Мурињо.Но и после тоа секогаш располагаат со играчи боли глава.Ке продадат ѕвезди ке создадат нови без никаков проблем.
Во Португалија газат.Во Европа играат секогаш супер иако немаат некои резултати.Играчи како Капучо,Деко,Костиња,Карваљо,Диего,Кварезма,Маниче,Пепе,Фалкао,Лисандро Лопез.Хулк,Гуарин,Лучо Гонзалез и многу други што играле задњиве 10 сезони па како да не ти се симпатични

.