Малку со изладена глава да напишам едно мое мислење.
Се носеше многу пиротехника, голем дел се запали пред сала(веројатно ќе има слики) се носеа и топовски удари. Немало воопшто намера да се фрла по публиката со истите. Да сме сакале таков хаос цела пиротхеника ќе сме ја шверцовале и дури тогаш ќе настанеше хаос. Уште кога влеговме во ходникот, пред да се качиме на трибини, нашето влегување го најавивме со топовски кои да не се фрлат меѓу публиката ги фрлавме на безбедно место кај шо сме самите ние. Преку 20 топовски удари имаше. Пак ќе кажам, да сакавме да фрламе кај публиката немаше меѓу нас арсеналот да го трошиме. Каде настана проблемот? Како шо знајте имавме наши битолчани на неутралниот дел. На наши им беше дојавено дека ве чекаат комити пак на истиот дел од трибината. Скопската полиција веќе трета утакмица со ред дозволва да се инфилтрират СО ОБЕЛЕЖЈА комити меѓу публиката. Навивач и фан од авион се гледа разликата. На видеото се гледа дека први кои фрлаат се тие. Ако влезот со тресењето на ограда чисто ради кревање на тензија е спорен, тогаш немате врска од навивачи. Или то шо сме запалиле 4/5 бакли, и тоа е навивачки. Оградите беа изврзани со сајли меѓу себе така да со ништо не се туркаа, нити па имаше намера да се турнат. Втора работа сите го гледавме натпреварот на мобилни, го видовме и инцидентот со Лесјак. Да не барам причини и оправдувања, но едно по друго доведи до то шо се случи. Кај нас цела полиција, кај комити на онаа бројка од 1000+ НИЕДЕН ЏАНДАР?!?! Не дека нас нешто ни мени то, само сакам да ја нагласам катастрофалната проценка и организација на безбедњаците.
Некој имаше напишано, нека слушнат за дербито и надвор од балканот...ете слушнаа, сегде не има.
Околу играта, нашите ако се вадат на то дека прекинот ги изваде од колосек, срам да им е. Пред прекинот беше 6-6. Небаре 1-5 беше за нас па ги извадивме од колосек. Ако барат оправдување во тоа, не им држи место. Едноставно, екипата нема карактер. Квалитет одреден можи има, ама карактер нема. Не само за вардар, ниеден битен меч не добивме сезонава.
И да додам уште нешто, 22-ца уапсени е мислам апсолутен рекорд на некоја група да има толку приведени навивачи на гостински натпревар. Грото од уапсени благе везе немаа од инцидентите. Битно е бројката да поспектакуларна и да биди денес билтенот на мвр пополн.
Ќе те цитирам овде, бидејки повеќе е за во оваа тема, и ќе прекинам да коментирам понатака околу инцидентиве. Општо земено, не го разбирам форсот за да се направи инцидент и неред, и од двете страни. Реално гледано, со вакви организирани гостувања, шансите да дојде до контакт и судир на двете групи во сала или на стадион, или пред и после утакмица, се скоро невозможни, прво заради огромниот број на полиција, второ заради големите бројки на двете групи. Треба некој ретардиран индивидуалец да се пушти и истото знаеме како ќе заврши, без разлика на која страна, а дека две толкави толпи ќе успеат да пробијат кордони и да дојдат до судир, нема грешка. Кога воопшто и имало некаков судир и близок контакт? Вака, непотребно се крева тензија, трпи обичната публика и истата се одвраќа од стадионите и салите, а медиумите веќе почнаа со притисоци и наслови. После којзнае колку години имаме право дерби, со конкурентни екипи и директни дуели за титула, а веќе сме на тенка граница и уште еден мал пропуст лесно може да доведе клубовите да се откажат од организирање вакви натпревари и да се стегне забрана за гостински навивачи.
Пропустите дефинитивно се на страната на полицијата и обезбедувањето, не ми е јасно како 2 години по ред исти или слични глупости и пропусти си дозволуваат, ама кривицата на крај е во нашето однесување. Реалноста е, со вакви гостувања, единствена опција е префрлање предмети и камења во или надвор од сала/стадион, и за истото милион пати сме се објаснувале дека се тешки глупости и дека на крајот некој ни крив ни должен може лошо да настрада, и секогаш истото завршува со ќотек и млатење со полиција и десетици уапсени, најчесто гостински навивачи. Не сте реални ако очекувавте полицијата вчера кај Комити на трибина да влезе и апси, општ хаос ќе настанеше, секогаш гостите се прв и полесен таргет, а домаќините отпосле ќе ги прегледуваат со снимки и казнуваат. Знам дека има тензија, знам и дека не се толку страшни инцидентиве и дека сега дербиво го зборат низ цел Балкан и Европа, ама поентата ми е дека многу лесно може да го изгубиме дербиво и после налет да биде све. Утакмицава немаше да биде иста без присутни Чкембари вчера, тоа е факт.
Шансите за судир, ако веќе толку го посакувате, треба да се бараат во некое финале во куп на неутрален терен, каде екипи би се собрале ден порано, па да има брканици по улиците, со вакви бројки на двете групи и организирани гостувања со толкав број на полиција, скоро невозможно е посериозен судир да се издејствува