Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
2.448
Па кај да не се заштитени од кодош до кодош и партиски глуфци. Битно за шипциве пишет какви се а исто говно се.
Копук , овој Педников пред да се деси ова , он има 25 објави како стои меѓу “Рибари”.
Направено е скрин од све , не се секирај . Не сакавме да објавуваме за да Не ве срамиме овде. Сепак сме ве поштувале малку.
Да не има уште некое продадено Копиле меѓу вас ? За што јадеш трици, кои тоа се кодоши и партиски глувци ?
кога више пишуваш , пиши све .
И да, немој после да испадне , кога ќе се видиме да викате “имаме проблем само со Ченто , не со дригите Комити “.
Пошто, нареден пат , нема само “фармерки “ да паднат .
 
Член од
5 ноември 2022
Мислења
110
Поени од реакции
472
Па кај да не се заштитени од кодош до кодош и партиски глуфци. Битно за шипциве пишет какви се а исто говно се.
Ајде бе машко кажи со има и презиме кој се партиски кој се кодоши??
 
Член од
27 ноември 2021
Мислења
394
Поени од реакции
4.007
Копук , овој Педников пред да се деси ова , он има 25 објави како стои меѓу “Рибари”.
Направено е скрин од све , не се секирај . Не сакавме да објавуваме за да Не ве срамиме овде. Сепак сме ве поштувале малку.
Да не има уште некое продадено Копиле меѓу вас ? За што јадеш трици, кои тоа се кодоши и партиски глувци ?
кога више пишуваш , пиши све .
И да, немој после да испадне , кога ќе се видиме да викате “имаме проблем само со Ченто , не со дригите Комити “.
Пошто, нареден пат , нема само “фармерки “ да паднат .
Толку се смешни и без врска некој пишења то е чудо некое...
Ако сите групи постапеа по то прашање како ние би било СУПЕР. За повеќе инфо обратисе во приватен разговор иако 100 пати е пишано, а Рибари го обелија образот на Македонизмот во Охрид во секое поле.
Мојш да оцрнвиш друга група ама оваја екипа на Рибари по то прашање никогаш. Дај боже да имат шо појќе такви момци ко јадрото кај нас. Не сме најдобри навивачи ФАКТ, имаме мани како секоја група ФАКТ, имаме многу подобри работи од мани исто ФАКТ, ама на тема поврзана со родољубие и патриотизам сме се покажале секогаш ФАКТ!
А никој од нас не е НУСТРАДАМУС да предвидит некој работи за некој ликој шо ќе станет во животот. Исто и вие пример дека 10 души од тие 1000 вчера во вашиот коп ќе заминат по погрешен пат. То е нивна одлука ама зато групата после то ќе си постапит со нив како шо требит мислам ме разбра.

#Живели!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.078
Најсмешно ми е кога се објавуваат вести од типот на оваа:

Се изгубил малку Мишевски битолчанецот со пишувањево.
Не само за оваа утакмица, општо кога има инциденти, вината на домашната екипа може да биде само ако нема доволно обезбедување.
Што може да направи домаќинот ако плаќаат за цела армија да биде ангажирана за утакмициве? Да не треба Михо да биде главен командир и да ги организира џандарите?

Ете, ги пуштија сите на трибина, одма влегуваа без некои поголеми претреси, се наоѓаа сами на трибина, со два блока лево и десно од нив празни, заградени со ограда од неколку страни.
Што треба повеќе да направи домаќинот?

Грешката е што на гостинската навивачка група и се дава таква слобода. Две години по ред ги пуштаат да влезат без полиција да има пред нив и да прават што сакаат. Ќе ми тресе ограда онака, 5 пендреци да се извадеа ќе креваа раце ко на сликана од крајот на утакмицата.

Едно е да се буниш ако те тепа полиција ко што правеа на времето на Гоца, ако апси луѓе што не правеле инциденти, тотално неоправдано е ако полицијата реагира затоа што кршиш инвентар без никој да те нападне и предизвикиваш опасност за недолжна публика.
Пак ќе кажам, каков третман добиваме ние кај нив, каков они кај нас. На фудбал како цареви, цела трибина за нив, разделени километар од другире. На ракомет исто.
Нас таму не пикнаа како гревови во ќошот, влагаш во сала, над глава ти виси обична публика фрла накај тебе, плука. Како реагираше полицијата кога ние пробавме да ги пробиеме, три реда специјалци не избуткаа за две секунди.
Дали Комити на фудбал имаа ваков влез во декември, дали пиротехниката што се запали се фрлаше на обична публика?
Имало прикриени Комити на неутрална, затоа фрлале, голицниме да се насмеам.


Сум кажал, кога веќе немаат услови во нивните сали да ни обезбедат исти услови за гостување, тогаш треба да се пристапи на ограничување на нивната бројка на карти. Реципроцитет и стави ги во ќош најгоре, да не може да припари никој до нив, ниту они да фрлаат на публика. Нема капацитет полицијата да организира две толкави навивачки групи, тоа е тоа. Се покажа тоа и со МЗТ и Работнички на времето и со нас, инциденти се неизбежни.
 
Член од
2 февруари 2023
Мислења
122
Поени од реакции
688
Пак никој не ја гледа широката слика сите упорно како коњи во еден правец, глупави ставови и удри. Напишан збор трпи се.
Прво опасни бројки од двете страни. С.Ц Јане Сандански е отворена ако не се лажам 2014 од тогаш до ден денешен Комити во ваква бројка никогаш не сме биле а имало и многу побитни натревари каде едвај се пунела една коцка. (Пример со Висла Плок) Како што пиша еден од Комбат профилите навивање за таа бројка одлично. Изостана малку тој визуелен естетски дел многу сиромашно на таа тема. Паролите баш во центар погодени. Ама естетиакта не навива. Може слободно да се каже дека Комити моментално се најдобри во својата историја преку разни параметри и показатели. Друго дербиво оддекна ширум цел Балкан дека било нешто стварно добро. Чудна е таа сторија околу помагањето. Два саати три предходно се тегнеш низ сала нешто покасно се дели храна и вода. Дечкото што пиша дека требало да одбијат помош, очигледно има изгубено конекција со реалниот свет. Вие додека се вратите дома и тргнете да реализирате сос мисија за вашите соборци тие ќе заглавеле до 4 сабајле, пошто да најдеш во недела во 12 преовз е баш едноставно. На крај на денот немаме ние ривалство со 50 избодени и мртви. Сепак секој си го носи своето бреме, тебе батице ти фали некоја даска во главата можда и малку повеќе. Што сакате можеме да кажеме. ама ние имаме најчисто ривалство во цела Европа во однос на кодекси и последици. Генерално Чкембари сакаа да влезат јако, оградата се прескокнува многу лесно, сега ќе трпат малку последици ради својата непромисленост во однос на губење членови, притисоци домашни кај помладите итн. Не дека фрлам коска ама како ќе се погледнат во очи тие упасени со истите тие што имаат став дека требало да одбијат помош... Додека за партиски пиуни и глупости бедно е да се пишува, Па нема група која има толку влегувано во војна со секоја власт. За вас сигурно немало државен декрет по секоја цена да бидете расформирани од страна на државата е толку имам да ти кажам.
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.710
Поени од реакции
9.519
Една замерка вчера поврзана со Комити, на толкава бројка требаше со микрофон и звучници да се води навивање, или со повеќе мегафони распределени низ цела трибина, јас а верувам дека и други кои беа помеѓу последните редови едвај го слушаа долниот дел кога се започнуваше песна.
 
Член од
1 февруари 2023
Мислења
84
Поени од реакции
204
So ovoj post na Son Spenser bi se slozil vo celost, osven so delot kade triumfalno izjavuva deka Komiti se najdobri vo svojata istorija po razni parametri, verojatno ponesen od sinokesnata golema brojka. Mozebi vo Jane Sandanski nemalo takva brojka, no vo Boris Trajkovski i toa kako imalo, duri i daleku estetski izgledala tribinata podobro. Eve primer Kicevo, naletav na video kade pred 5-6 godini Komiti bile skoro vo troduplo pogolema brojka i so vizuelno podobra tribina od minatata nedela. Da ne zboram za gostuvanjata vo Bitola od pred 30 godini koga se idelo vo brojka od po skoro 1000 luge, koe sama po sebe vo denesno vreme e neizvodliva. Poentata mi e deka Komiti ne se formirani taze pred nekoja godina, pa segasnite dobri izdanija da se prikazuvaat kako najdobri, zatoa sto vo minatoto gledajki go sekoj parametar Komiti imale podobri performansi otkolku sega. Toa ne e nikakva kritika, zatoa sto se raboti za istata grupa. Vie segasnata postava, od sto sakate se marketinski da prikazete i dolovite kako najdobro, samite go potcenuvate svoeto minato koe e i toa kako dobro. Bas me interesira dali vodeckite profili na Komiti ovde ke se javat i ke go pofalat ova gostuvanje na Ckembari koe pak ke kazam e kako od ucebnici, bez ogled na idiotlukot so frlanje baklji po obicna publika, iako site ke se slozime deka toa go ima sekade, primer Kelnovite navijacki vo Belgrad. Ne se dojdeni sigurno za da se poklonat na domasnata navijacka grupa i da procitaat par knigi zaedno, tuku se dojdeni za belja, sto i samite go najavuvaa nedela dena unazad.
 
Член од
2 февруари 2023
Мислења
122
Поени од реакции
688
Јас конкретно во мојот пост пишував за изданија во Јане не општо на ракомет. Односно земено од 2014 па наваму. Бројката не е клучен фактор секогаш, туку што истата соддржи и колкава е способноста за организација, маркетинг, активности, слога За Кичево конкретно имаше забрана на два дена пред тргнување тоа промени премногу. За веселите 90 ти не сум легитимен да разговарам, луѓето од тој период велат дека е како да растеш на друга планета. Ако разгледаш низ слики ќе видиш дека и стадионот во Делчево е полн тогаш. Ова околу естетиката, јас лично никогаш не сум се согласувал, но не значи дека мојот став е правилен. Сите знамиња кој се вадат се од непроценлива вредност врз аспект на тоа што сите се стари преку 20 години, групата ја нема изгубено сопствената душа, нема подлегнато под трендовите. Имам читано статии дека една застава добива на тежина и на лепота во однос на тоа колку повеќе ја гази времето, секоја дупка од бакља, избледено платно од сонце, дожд итн. Многу е лесно да испринтеш 30 нови знамиња и да изгледаш како сосем друга трибина која немала никогаш контакт со старата.
 
Член од
7 март 2022
Мислења
120
Поени од реакции
604
bez ogled na idiotlukot so frlanje baklji po obicna publika, iako site ke se slozime deka toa go ima sekade, primer Kelnovite navijacki vo Belgrad. Ne se dojdeni sigurno za da se poklonat na domasnata navijacka grupa i da procitaat par knigi zaedno, tuku se dojdeni za belja, sto i samite go najavuvaa nedela dena unazad.
Тоа и ја го зборам дека на вакви утакмици да не кажам ама и нормално е да се случуваат такви работи сегде низ светот. А за помошта според мене е глупост, сум за да помогнеш како лани што се деси со полиција инцидент или пак како со Турчин, во такви случаеви сум да се спојат групите и да се помогне едни на други ама вака сега он ти фрла бакља на кај тебе сака да те убие за саат време покасно да му носиш храна ми нема логика. Што ако имаше некој повреден од Чкембари (нив ги зимам за пример зошто беа гостински навивачи) погоден со бакља од некој член на Комити и на него ли ке беше обезбеден превоз до Битола. Ми нема ни малку логика оваа љубезност што се глуми на некој што излага со мачети да те брка.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.161
Поени од реакции
4.693
Малку со изладена глава да напишам едно мое мислење.
Се носеше многу пиротехника, голем дел се запали пред сала(веројатно ќе има слики) се носеа и топовски удари. Немало воопшто намера да се фрла по публиката со истите. Да сме сакале таков хаос цела пиротхеника ќе сме ја шверцовале и дури тогаш ќе настанеше хаос. Уште кога влеговме во ходникот, пред да се качиме на трибини, нашето влегување го најавивме со топовски кои да не се фрлат меѓу публиката ги фрлавме на безбедно место кај шо сме самите ние. Преку 20 топовски удари имаше. Пак ќе кажам, да сакавме да фрламе кај публиката немаше меѓу нас арсеналот да го трошиме. Каде настана проблемот? Како шо знајте имавме наши битолчани на неутралниот дел. На наши им беше дојавено дека ве чекаат комити пак на истиот дел од трибината. Скопската полиција веќе трета утакмица со ред дозволва да се инфилтрират СО ОБЕЛЕЖЈА комити меѓу публиката. Навивач и фан од авион се гледа разликата. На видеото се гледа дека први кои фрлаат се тие. Ако влезот со тресењето на ограда чисто ради кревање на тензија е спорен, тогаш немате врска од навивачи. Или то шо сме запалиле 4/5 бакли, и тоа е навивачки. Оградите беа изврзани со сајли меѓу себе така да со ништо не се туркаа, нити па имаше намера да се турнат. Втора работа сите го гледавме натпреварот на мобилни, го видовме и инцидентот со Лесјак. Да не барам причини и оправдувања, но едно по друго доведи до то шо се случи. Кај нас цела полиција, кај комити на онаа бројка од 1000+ НИЕДЕН ЏАНДАР?!?! Не дека нас нешто ни мени то, само сакам да ја нагласам катастрофалната проценка и организација на безбедњаците.
Некој имаше напишано, нека слушнат за дербито и надвор од балканот...ете слушнаа, сегде не има.

Околу играта, нашите ако се вадат на то дека прекинот ги изваде од колосек, срам да им е. Пред прекинот беше 6-6. Небаре 1-5 беше за нас па ги извадивме од колосек. Ако барат оправдување во тоа, не им држи место. Едноставно, екипата нема карактер. Квалитет одреден можи има, ама карактер нема. Не само за вардар, ниеден битен меч не добивме сезонава.

И да додам уште нешто, 22-ца уапсени е мислам апсолутен рекорд на некоја група да има толку приведени навивачи на гостински натпревар. Грото од уапсени благе везе немаа од инцидентите. Битно е бројката да поспектакуларна и да биди денес билтенот на мвр пополн.
Ќе те цитирам овде, бидејки повеќе е за во оваа тема, и ќе прекинам да коментирам понатака околу инцидентиве. Општо земено, не го разбирам форсот за да се направи инцидент и неред, и од двете страни. Реално гледано, со вакви организирани гостувања, шансите да дојде до контакт и судир на двете групи во сала или на стадион, или пред и после утакмица, се скоро невозможни, прво заради огромниот број на полиција, второ заради големите бројки на двете групи. Треба некој ретардиран индивидуалец да се пушти и истото знаеме како ќе заврши, без разлика на која страна, а дека две толкави толпи ќе успеат да пробијат кордони и да дојдат до судир, нема грешка. Кога воопшто и имало некаков судир и близок контакт? Вака, непотребно се крева тензија, трпи обичната публика и истата се одвраќа од стадионите и салите, а медиумите веќе почнаа со притисоци и наслови. После којзнае колку години имаме право дерби, со конкурентни екипи и директни дуели за титула, а веќе сме на тенка граница и уште еден мал пропуст лесно може да доведе клубовите да се откажат од организирање вакви натпревари и да се стегне забрана за гостински навивачи.

Пропустите дефинитивно се на страната на полицијата и обезбедувањето, не ми е јасно како 2 години по ред исти или слични глупости и пропусти си дозволуваат, ама кривицата на крај е во нашето однесување. Реалноста е, со вакви гостувања, единствена опција е префрлање предмети и камења во или надвор од сала/стадион, и за истото милион пати сме се објаснувале дека се тешки глупости и дека на крајот некој ни крив ни должен може лошо да настрада, и секогаш истото завршува со ќотек и млатење со полиција и десетици уапсени, најчесто гостински навивачи. Не сте реални ако очекувавте полицијата вчера кај Комити на трибина да влезе и апси, општ хаос ќе настанеше, секогаш гостите се прв и полесен таргет, а домаќините отпосле ќе ги прегледуваат со снимки и казнуваат. Знам дека има тензија, знам и дека не се толку страшни инцидентиве и дека сега дербиво го зборат низ цел Балкан и Европа, ама поентата ми е дека многу лесно може да го изгубиме дербиво и после налет да биде све. Утакмицава немаше да биде иста без присутни Чкембари вчера, тоа е факт.

Шансите за судир, ако веќе толку го посакувате, треба да се бараат во некое финале во куп на неутрален терен, каде екипи би се собрале ден порано, па да има брканици по улиците, со вакви бројки на двете групи и организирани гостувања со толкав број на полиција, скоро невозможно е посериозен судир да се издејствува
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Тоа и ја го зборам дека на вакви утакмици да не кажам ама и нормално е да се случуваат такви работи сегде низ светот. А за помошта според мене е глупост, сум за да помогнеш како лани што се деси со полиција инцидент или пак како со Турчин, во такви случаеви сум да се спојат групите и да се помогне едни на други ама вака сега он ти фрла бакља на кај тебе сака да те убие за саат време покасно да му носиш храна ми нема логика. Што ако имаше некој повреден од Чкембари (нив ги зимам за пример зошто беа гостински навивачи) погоден со бакља од некој член на Комити и на него ли ке беше обезбеден превоз до Битола. Ми нема ни малку логика оваа љубезност што се глуми на некој што излага со мачети да те брка.
Ок ти е ставот до некаде ама мислам дека Комити размислуваат малку на подолги стази. Тие што бркале со мачети се од некои други генерации, ваквиот гест кај помладите Чкембари мислам дека ќе биде сфатен, за кога ќе дојдат истите да ја водат групата, да не стагнираме, да нема забрани за гостинси навивачи, да има заедничка борба против федерации и иос други работи кои ги уништија групите низ минатите години.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.078
vodeckite profili na Komiti ovde ke se javat i ke go pofalat ova gostuvanje na Ckembari koe pak ke kazam e kako od ucebnici
Еве јас ќе ги пофалам за одличната бројка и за перфектниот изглед на трибината за гостински терен. Овојпат не ја направија грешката од минатиот пат кога влегуваа во помали групи, туку влегоа сите одеднаш. Место да тресеа огради, да се фокусираа одма на поставување и навивање, ќе го положеа и најважниот испит - навивањето :D
Лани на пример навивањето им беше далеку подобро, овде поголем дел од времето ништо не навиваа.
Можеби и резултатот играше некаква улога.
Пофалба и за паролите, даааалеку подобри од минатото, имаат напредок на ова поле.
 
Член од
27 март 2023
Мислења
68
Поени од реакции
712
Еве јас ќе ги пофалам за одличната бројка и за перфектниот изглед на трибината за гостински терен. Овојпат не ја направија грешката од минатиот пат кога влегуваа во помали групи, туку влегоа сите одеднаш. Место да тресеа огради, да се фокусираа одма на поставување и навивање, ќе го положеа и најважниот испит - навивањето :D
Лани на пример навивањето им беше далеку подобро, овде поголем дел од времето ништо не навиваа.
Можеби и резултатот играше некаква улога.
Пофалба и за паролите, даааалеку подобри од минатото, имаат напредок на ова поле.
Vlegoja borbeno so zeleznite ogradi, teska bitka bese, no na kraj pretrpea poraz... Ah taa pusta ograda :LOL:
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.314
Мене многу работи не ми се јасни од вчера, не може да има толку пропусти од надлежните.
1. Претрес скоро никаков на гостинските навивачи.
2. Без ниеден џандар гостинскиот сектор, ова не памтам дека некогаш се случило некаде.
3. Комити 5 минути доле на терен си го претрчуваат исто така ќор џандар немаше.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.499
Поени од реакции
28.919
Да бирам меѓу полиција која не стои во гостински сектор и дозволува навивачи на терен и полиција кога те внесува на полувреме, а те вади во 45 минута после 3-4 часа пат, во секоја прилика би ја избрал првата полиција. Огромен пропуст е тоа, ама на самата полиција, не на организаторите. Полицијата беше присутна, само не на вистинското место. Се надевам и ние ќе имаме прилика во Битола да гледаме утакмица до крај, ко за промена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom