Ќе се памети и прераскажува утакмицава со години!
За организацијата чиста 10ка. Раководството целосно го положи испитот.
Јас одам на трибина над 15 години, никогаш не сме успеале ваков ред на трибина да има. Имаше тупење, мачење да се наместат сите, ама никогаш не се успеало сите без тепање да влезат во коп и да следат инструкции како денеска.
Бројката невидена. Не знам што сте гледале на стрим, ама оваа бројка не ја очекуваше никој.
Замислете копот беше предвиден да биде 5-6 коцки помал.
Па кораа да се тргаат лентите. Цел долен дел крцаше, нека ме ве лажат некои слики каде што малку се подиспразни кога се палеа димноте за време на полувремето.
Имаше буквално 3000 луѓе на запад, гз преку глава, по двајца во ред. На крај дури и мораа некои да останат горе над шипките.
Не знам кој спомнуваше прослави на Варвари и слично. Ситна боранија

Некој пишал бројка солидна...
Ваква бројка во навивачки коп не вадат ни балканскиве групи на евро утакмици.
Не паѓамна гз, јасно е дека имаше секаков народ, ама мобилизацијата вроди со плод, едноставно смешно е некој да не се поклони за бројката.
Чисто информативно, тоа беше бројла за да се наполни цел стар запад, а знаете колку ср палиме на бројкитд од 90тите.
Од некој што редовно иде на утакмици низ сезоните, од луѓево кои беа на трибина 90% некогаш оделе на зашад барем по една сезона. Колку фаци видов иселени по цел свет, вратени специјално за утакмицата. Останатите деца помлади, некои дојдени да видат атмосфера, ама повеќето добро навиваа.
Од навивањето сум презадоволен, дааааалеку подобро од 2007.
Прослава е луѓе, не е компетитивен натпревар.
Песните се пееја воглавно по утврден редослед кој соодветуваше на гостите на прославата.
Не знаете што беше кога цела трибина скокаше на новите песни во прво полувреме.
Дај боже некогаш да доживееме сите повторно такво навивање во таа бројка. Ќе гледате клипови, Аргентинска атмосфера.
Да, во второ малку падна навивањето, ама се испукавме сите, се навиваше цел ден.
Јас се изненадив колку луѓе ги пееја релативно новите песни. Значи иако не се целосно активни, не беа дојдени ко индијанци, туку навиваа рамо до рамо со најактивните. Мислев дека само ќе ги пееме песни ко зига зага, тебе те сакаме, имаш вардар ти.
Имаше поздрав до гостите од Тетово, Гелзенкирхен и Пирин.
Имаше точка во која човек на клавир ја свиреше химната, ама се утна тајмингот затоа што беше на полувреме кпга се отиде по пиво. Во исто време запеја трибината и се запалија димните.
Гостуваа децата од златно славејче, со прекрасна изведна на ОД НОЗЕ МАЛИ

Натпреварот почна со пуштање гулаби и изведба на Ој Вардаре.
Од 65т минута навивање воглавно водеа играчите. Гача и Стефан Ристовски во главна улога.
Како за крај класика со Некст тајм.
Читам некој споделил коментар за инфилтрирани Шверцери. Не знам дали некој нормален верува тоа таква смешка, не вреди ни да се коментира.
Имаше една мала закачка на трибината меѓу поединци, а поголема фрка се направи за да се разделат, очеувано за натпревар каде што имаш толку луѓе. Се крена малку фама дека се случуваше на крај, инаку ништо страшно и небитно за спомнување.
На кортео имаше околу 1500-2000 луѓе. Во цел мој живот не сме имале подобро кортео. Грмеше цел град, фалеше уште некој да води навивање во втприот дел од колоната за да биде уште појако.
Кореото беше супер, а имаше и добри пароли.
Да, можеби се очекуваше повеќе затоа што дечките растураат со добри кореографии и на обични утакмици. На вакви утакмици е многу тешко да спроведеш кореографија како оваа, затоа и имаше толку монолози и тупење. Една минута да ги оставиш, ќе ги земат картоните и ќе ги преместат низ цела трибина.
Многу полесна варијанта ќе беше некое корео со покривно знаме, таму бар нема утка. Се извади покривно македонско на крај, со бакљи на цел стадион.
Пирото чиста 10ка, нема што да се коментира, газење.
Се' на се', срцево ми се исполни, се изнавивав до даска, од 15 часот се навива. Бројка и навивање далеку мад очекувањата, а исто и бројката на југ е за поздрав. Стварно ви посакувам некогаш да доживеете ваков настан, едноставно маалата скопски со повеќе староседелци, дишеа за настанов
Се надевам дека настанот ќе ја крене јавноста и ќе се најде решеное за ФК Вардар. Исто така, дека барем мал процент од луѓето ќе почнат поредовно да одат на трибина.