Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Само ќе кажам секоја чест за луѓето што се ова го организираа,ви се поклонувам и одговорно тврдам дека Комити како група никогаш не ја воделе поедуцирани и поспремни момци од овие денес.Фала богу секогаш има простор за напредок и за критика ама споредете на пример пред некој ден баш истите навивачи на денешниот противник (Манијаци) славеа исто 35 години.Јас не гледам разлика и баш напротив ќе кажам дека бевме и подобри.А сега следи она најтешкото,да се задржат барем 30% од тие што беа на трибина денес за останатите утакмици.А за тепачките тоа се случува секаде и сите беа поради најбанални причини(пијана работа) и тука нема што да се критикува групата.
 
И бате Боле би завидел на тоа вчера, капа доле момци.

Штета што никој не ја сфати симболиката на кореографијата и пирото, вратете се малку ретро ќе ви стане појасно зошто и од каде идејата за шарени димни.
 
И бате Боле би завидел на тоа вчера, капа доле момци.

Штета што никој не ја сфати симболиката на кореографијата и пирото, вратете се малку ретро ќе ви стане појасно зошто и од каде идејата за шарени димни.



IMG_20221119_232757.jpg
 
Ај да дадам еден осврт и јас, за бившите другари, а и доста сегашни кои одат на запад.

Не сум дел од Комити моментално, бев 2008-2013 год, но ваква сполотеност на трибината според мој впечаток немало никогаш.(Редовно следам што се случува). Не бев дел денес од кортеото накај стадион, но кога поминував низ парк се погодив да ги начекам Комити кај езерце пред Вршац и такво наежување никогаш не сум осетил ко вчера. Малце фалеше да отидам натаму :D .

Влегов на стадион уште во 19 часот на Јужна но на блоковите што се поблиску накај запад. Можам да кажам дека бројката ги надмина очекувањата и на самите луѓе од Комити затоа што јасно беше видливо до каде им беше одбележано да биде копот.
За кореографијата знаев дека ќе биде утната веднаш штом видов дека се картони во прашање. Општо ние македонците како народ немаме дисциплина и ред и вакви кореографии со картони увек испаѓале утки.Секоја чест за дечките што се труделе да ја направат но морале да имаат предвид дека на утакмицава ќе има доста луѓе и дека ќе се најдат разно разни дебили кои што ќе го ебат цел тој труд. Затоа за на поголеми утакмици според мене треба да се иде на варијанта најлон, платно, балони проследено со пиро. Некој таков вид кореографија. Картоните само на проверени утакмици каде што има право јадро навивачи и знаат што треба да се прави.
За навивањето збор два. Убава идеја беше тоа со воџите да бидат долу на атлетска и од таму да водат навивање, интересен концепт но мораше да има и по некој помошен воџа на шипка(поготово од краевите на трибината). Гледано од јужна вака имаше мала некоординираност во пеењето што е и нормално за толкава бројка од приближно 2500-3000 навивачи.( Одлична бројка за Балкански услови, за македонски не ни правам муабет)
Навивањето беше супер на почетокот со песната ''Во градот Скопје има само еден клуб'' одлична атмосфера се направи, иако кај оваа песна многу ми пречи делот со рацете кога се плеска, таман се создава адреналин со ритамот и наеднаш спласнува кога треба раце да се крева.Би било многу подобро ритамот да се држи константно. Слично и кај ''Шалала Вардар Скопје'' песната.BTW грмеше коа се пееше и скокаше.
За Пиротехниката - Одлична, чиста 10ка.
Димјадата беше добра и поентата со шаренилото ретко кој го сфаќа што беше идејата.На почетокот на димјадата фалеше песна ама ок, додека се координараат сите, потоа кога почна да се пее си заличи како што треба.
За поставеноста на трибина, јас пак стојам на ставот дека подобро е горниот дел од трибината да се стои со тоа што доле може разно разна креативност да се прикаже да се нашминка тој простор(нешто налик утакмицат со Бате Борисов).Но, изненадната бројка направи убаво да изгледа и долниот дел на Запад вчера.
Визуелно поставеноста беше доста добра, со бајраците напред и сите беа во црно облечени.Можеби фалеше и по некоја мотка од тие што се вадат како кореографии по утакмицве, чисто да добиеше трибината малце повеќе некаков шмек.Но што е тука е. За ударниот транспарент, мене лично повеќе ми се допаѓа поголемиот Комити ударен транс него овој вчера(Оној што беше на Европа Лига утакмиците). Ќе ја опфатеше цела трибна речиси од крај до крај.
Во однос на малите инциденти, јас искрено очекував да бидат многу поголеми со оглед на бројката и општо што иде и шуто и рогато и сакато на вакви утакмици, така да скроз занемарливи дешавки. Се деси една и на Јужна, не знам што точно, но нешто беше со дечките околу знамето Комити Кисела Вода мислам тоа знаме беше.(што како не знам, не навлегувам во детали).
Јужна трибина сосема добро пополнета, сигурно околу 8000 публика имаше на Југ, на моменти и цел Југ навиваше заедно со Запад. Многу, ама многу поранешни членови на Комити и постари и помлади беа на Југ. Еден куп видов.

Се на се, супер настан и спектакл. Со ова се оди само во нагорна линија. Добро е и за Комити како група и за сите останати Мак Тифо групи и цела сцена.

Да живее Вардар, да живее Македонија!
 
Во однос на „забелешките„ дека кога имаше пиротехника слабо се пеело, ќе кажам дека во таа ситуација при многу дим, чад и оган, прво тешко се гледа тој што го води навивањето и неможе да се прати убаво која песна иде а и плус чадот ти навлегува во грло и ти се лепи па не ни можеш во тие моменти да пееш и да викаш со максимален капацитет.
 
Интернетот чуда прави , најавите на Комити вредеа со плод , замислете сега после ваков спектакл колку луѓе придобивме на Запад за уште поголема бројка ..

Групата мора да продолжи на ова ниво , се додека си ја гледаме нашата работа и Вардар нема кој да не застане на пат ..

Пак ке кажам , многу луѓе видоа што значат Вардар и Комити вчера , џабе втора лига пак не им успеа планот ..

Во Сабота играме во Велес , да го наполниме градот идеме уште појако и помоќно од претходно ..
 
Ќе дадам најкраток можен осврт и ќе кажам дека вчерашниот ден беше одличен. Го имавме можеби најмасовното кортео во нашата историја, а посетеноста на новиот запад исто така беше рекордно огромна, повеќе луѓе можеби имаше само против Бате Борисов. Им благодарам на сите оние кои го препознаа трудот на групата и искрено честитаа. Во однос на критиките, највеќе имаше во однос на слабото навивање и кореографијата.
Сепак, иако цел на една навивачка група е гласна поддршка на играчите на теренот за остварување подобар резултат, вчера тоа не беше единствена цел. Вардар немаше некоја посебна потреба од поддршка, натпреварот беше ревијален и пријателски, а групата имаше дадено акцент на случувањата. Имаше повеќе пиротехнички шоуа, беа вадени пароли, имаше настапи на повеќе артисти, меѓу кои беа и децата од златно славејче кои имаа спремно своја песна, некст тајм и други. Сето тоа одзема енергија која можеби во поинаков случај ќе се насочи во јако навивање. Значи, настанот од вчера не беше обична компетитивна утакмица на фудбалски тим, туку спектакал со далеку пошироки случувања. Иако од перспектива на навивач не ја забележав оваа слабост (не можам да тврдам како било на јужна) имајте го претходново предвид пред да дадете лош коментар за навивањето.
Околу кореографијата, иако секој има различен вкус, според мене беше одлична и полн погодок. Ги охрабрувам сите оние кои мислат дека требало Комити да извадат нешто појако, да пробаат да извадат нешто слично на нивните трибини, можеби тогаш повеќе ќе го ценат трудот кој се потрошил на планирање, изведба, па и финанскиски средства потребни за сите детали. Оваа кореографија е дефакто најуспешна од сите кореографии на Комити кои биле изведени во овој стил. Визуелниот ефект најдобро се доловува од далечина, па повелете во прилог една слика од источната трибина и уверете се самите дека ништо не е промашено.
Дај Боже во иднина да имаме што е можно повеќе вакви манифестации. И сите Македонци да ги имаат, секој член на секоја група да го исполни срцето како што вчера му се исполни на секој вистински вардаров навивач.
99760B16-D42D-48BC-9142-24AC53EEEAE5.jpeg
 
Значи, настанот од вчера не беше обична компетитивна утакмица на фудбалски тим, туку спектакал со далеку пошироки случувања. Иако од перспектива на навивач не ја забележав оваа слабост (не можам да тврдам како било на јужна) имајте го претходново предвид пред да дадете лош коментар за навивањето.
Околу кореографијата, иако секој има различен вкус, според мене беше одлична и полн погодок.

Јас одамна не сум ја сретнал јужна да е загреана како вчера (а да не е Македонија). Изненади моментот каде добар дел од публиката ги знаеше „новите“ песни.
316216198_2161424847401765_95781392341989609_n.jpg 316552493_520684736645838_3368952293290764575_n.jpg
 
Последно уредено:
Бројката на запад ги надмина очекувањата на сите, вклучувајки ги и самите Комити, затоа што копот беше првично наместен за еден блок помалку од двете страни, долниот дел беше исполнет до максимум, луѓе стоеа и на скалите, и по 2-ца на столче. Целиот труд и мобилизација дефинитивно вредеше! Солидна исполнетост имаше и на јужна трибина, иако би сакал многу повеќе од тоа, ама фудбалот е ужасно паднат и тешко се активираат останатите „вардарци“ и фанови, кои не се дел од Комити. Секоја чест на дечките за целиот вложен труд и организацијата што ја спроведоа, имавме одлична прослава и одбележан јубилеј благодарение само на групата и никој друг!

Околу изданието од навивачки аспект, поголемиот дел веќе сте го опфатиле, само ќе се надоврзам на дел од пишаното. Бројката и пирото беа дефинитивно во преден план, чиста 10-ка, над очекувањата на сите. Навивањето беше солидно, иако можеше да биде далеку подобро, ама очигледно акцентот воопшто не беше таму. На почеток при самото влегување имаше преголема еуфорија и енергија, ама целиот фокус беше ставен да пропратните работи (кореографијата, пиротехниката, изведбите пред почеток, на полувреме и на крај) да поминат како што треба, па не се искористи таа еуфорија да се пренасочи кон добро навивање, ама на вакви натпревари, ретко е тоа целта, меѓудругото нема ни компетитивен карактер мечот за целиот акцент да биде ставен на навивањето. Од друга страна, апсолутно валидни се критиките дека предолго се водеа тие монолози и објаснувања, мора да е побрзо и поефективно, и на моменти се одолговлекуваше апсолутно без потреба, веројатно поради стравот знаејки што све се случувало на вакви прослави во минатото, ама овие моменти целосно ја убиваа атмосферата и непотребно ствараа нервоза, мора да се поработи на овој аспект. Инаку, навивањето во дел од првото полувреме беше лудница, се надевам опфатено е тоа во некое подолго видео. :) Во второ полувреме, дополнително се умртви атмосферата со доаѓањето на играчите и Стефан Ристовски, супер гест беше да не бидам сфатен погрешно, ама секој по нешто да каже на микрофон, секој со друга песна, и се изгуби ритам и континуитет. Жално што ретко имаме вакви прилики, па се пробува што е можно повеќе да се опфати и организира, а времето од 90 минути е тесно за све тоа. На крај, непотребните глупости целосно ја убија атмосферата, и иако велиме очекувано за вакви натпревари, мора повеќе да се работи на овој дел, и како ваквите работи да се избегнат или полесно и побрзо да се решаваат, наместо да го одземаат фокусот на цела трибина ради неколку залутани индивидуалци.

Веројатно најголемо разочарување е кореографијата, идејата не е лоша ама веројатно сите очекуваа многу повеќе, а за тоа да бидам искрен сме виновни самите ние, со креативноста на ова поле што ја имавме изминативе години. :D Не е проблем идејата со картоните, ама визуелно, барем мене, не ми делуваше најсјано, и сме имале подобри вакви кореографии, пред се онаа на дербито со битолчани пред неколку години. Во никој случај не беше лошо ова од вчера, ама веројатно очекувањата беа многу поголеми, па затоа и ваквите коментари.

Би сакал и да го издвојам моментот со дечињата од Златно славејче, и изведбата на „Од нозе мали“. (y)

Останува да се затвори годината со дербито, надежта за зелено светло за гостување сеуште е присутна, би било супер спектакл и одличен крај на доста успешна мак-тифо година, конечно работите мрднаа од мртва точка. За жал, клубовите ни се таму каде што се, би било уште подобро кога Вадар, Пелистер, Беласица (редно време е спојување со Академија Пандев) би биле дел од врвот во прва лига.
П.С. Да ги поздравам и битолчани за одговорот со паролата, не стигнав да го искоментирам, многу подобар и покреативен одговор од сликањето со превртена парола и сабји и ножеви. Ама не можам да не го искоментирам моментот со форсирањето на тоа „Миравци“, кога клубот буквално ви се преименува во „Еурофарм Пелистер 2“, а вие почнавте да навивате за омразениот ривалски клуб од истиот град, со истите играчи и бои на дресови што претходно ги имаа, со единствено додавка на Пелистер во името :)
 
Момци да се собере еден извештај и да се стави, кога ќе биде готово и видео, ете гледам и на некој ултра страни има .Еден ќе постави одеднаш се и тоа е.
Да се воздржиме од секој од нас поединечно ставање слики и пишување „No 1“ па секој сам да ја фали групата, сепак форумов не е само наш и друга работа како што е разговарано, како Број1 треба да продолжи се тоа во континуеитет , работа енергија и време треба и понатаму, на секоја обична утакмица константност. Ако многу се фалиме самите, нема да одиме напред.

Имавме добра прослава, би рекол одлична, целиот труд се исплатеше за многу не преспиени ноќи и не можност да се видиш со фамилија дома ден и ноќ.
Некој ќе рече пиро со солидни финанснии, јас ќе речам пред се енергија, посветеност , ОРГАНИЗАЦИЈА. Од грешки се учи, али повеќе позитивни работи имавме, него ли грешки.
Нека има еден официјален извештај, тоа е тоа, одиме понатаму.
 
Јужна трибина сосема добро пополнета, сигурно околу 8000 публика имаше на Југ, на моменти и цел Југ навиваше заедно со Запад. Многу, ама многу поранешни членови на Комити и постари и помлади беа на Југ. Еден куп видов.
Jas ova nikako ne go razbiram, ste bile del od zapad i od komiti, znaci ste bile navivaci i ne mi e jasno kako ve drzi koza da ne odite na zapad poveke, barem na vakvi nastani. Oti imas pisano bile mnogi komiti na juzna, abe na vakvi nastani tiktokerite se pretvorat vo navivaci i go ziveat navivackio svet barem na nekolku dena, a ne vistinskite navivaci so bile del od taja grupa da gledat od strana
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom