@Saber Rider неколку пати спомна сите ве задеваат, кои се тоа сите? Ако комити се сите, а сите други се никој, ок. Небитно. Пак ќе кажам, посебно со навивањето ко ќе споредувате нашето небо вашето земја. Тоа е субјективно. Ете за денес, си гледал последни 5 минути и си земаш за право да судиш. А нема врска пред тоа шо судиите ете не "дупеле". Едно две клипчина имам ваши погледнато, ок е се. Ама не woww. Посебно не новата песна што ја форсирате(од баклијадата против воска).
За постарите членови, пренеписмени...можите да го смените кано? Шо треба да прајме ние? На фб опомени на сите да пишиме, а последно дошле пред 10 год на трибина.
Спомнуваш, лошо домашно издание? Лошо е 300+ шо бевме и плативме корео на двете трибини? На арена е прелош звукот, ако сакаш да оцениш навивање од на ракомет, оди на официјалните видеа од на ехф страната.
Тоа е, бројката е страшно лоша. Можиме да нагаѓаме зошто, али не е за на форум тоа.
И никој со вас не се споредува, вие упорно гњавите со тоа мактифо 1 и вие праите споредби со нас.
Па за Комити зборувам, за кои други, кога само ние и вие сме најактивни на форумов. Тук таму има членови на групи кои се во добри односи со вас, нормално дека не би ве критикувале, плус само постираат, ретко се вклучуваат во дискусии.
САМИТЕ ВИЕ ВАДИТЕ ТРАНСПАРЕНТ No1 Tifo или како и да пишуваше, никој не ви го наметнува. Мислам смешно е со сите ваши изданија во историјата, да си направите такво знаме. Општо, смешно е група да си се фали со знаме на кое пишува дека се број 1, едно е да има кореографија на некој натпревар со таква содржина и истата да доаѓа од група ко Делије или Гробари во Србија на пример, друго е знаме. Вашево е ко Фирма да си стават знаменце дека се број 1 на тифо сцената.
Џабе дробиме, муабетот ми е дека не може подеднакво да се "бодуваат" нашите и вашите изданија на фудбал, како сакаш врти ја, нема споредба. Не ме интересира за бројката, зборувам за изданијата целокупно.
За ракометот, знам дека на ТВ не е исто и верувам дека во сала било пеколно, ама општо очекував повеќе и од визуелен изглед на трибина и бројка и некоја подобра кореографија. Да не вадам видеа од нашите деби утакмици во Европа. Сепак, Битола е ракометен град, очекував повеќе. Споредувам затоа што 10 години преспавте кога имавме јаки изданија на ракомет и со неколку лански добри дербија, на глава се качивте за тоа колку сте биле јаки. Дојде нова сезона, ве нема на домашно, во Европа ништо спектакуларно, даааалеку под нашите навивачки изданија (споредба меѓу групите, не обична публика ко што си правите вие).
Не знам на која песна мислиш, веројатно за Леле каква радост е. За мене, песна број 1 на наша трибина

И текстот ми е топ.
Нормално е дека на толку новоизвадени песни, некоја нема да помине најдобро, но важно е дека константно сме иновативни и пробуваме да ги смениме некои досадни песни од времето.
И од наша страна има членови што замараат со споредбите, како тука, така и ма ФБ, али вие брате сте нумеро уно. Овде барем има некои (па да не речам повеќето) од наша страна кои знаат и да ве пофалат и да примат критика на наша сметка, ама кај вас освен тебе, не познавам таков член.
За тие што коментираат од ваша страна повеќето ќе ги видиш на шипка на дерби (да не ги набројувам), споредуваш со наш форумџија што не ни живее во Македонија, не е ни член на групата.