Некој ја сфатија поентата на текстот некој не. Дали болеше да отидете на сопствена режија да се заебавате како екипа на гостиснски мирен терен покрај забрана? Верува дека кај обете групи забавата била многу поголема него на обично гостување. Први сме и махери во барање изговори. Прво мора една да се знае. Постојат и опстануваат клубови без навивачи во Македонија со години и години и ништо не им фали. Вие/ние/тие, постоиме за клубот не клубот за нас. Лично ти кој го читаш ова на некој одреден начин пред 1,2,5,10,15 години си одбрал или нешто те привлекло да навиваш за некој клуб. Дали било друштво од маало, семејна традиција, почнало како мода се претворило во љубов, идеолошки овој или оној начин. Со тоа што нема да отпатуваш на некое гостување, мене и на било кој на форумов освен некој минус и заебанција не ни значи ништо. Тоа те засега само тебе лично од причина што твојот клуб бил скратен од вашата подршка и ветер во грб до подобар резултат. Друго едно треба да знаеш никој овде не е просветлени никој не затуцан, форумов е хит кај младите навивачи тоа што го читаат тоа и го прават затоа што мислат дека е добро. Поентата на мојот текст беше дека ако немаш на готово превоз, немаш место во кола нема автобуси готово за просечен навивач е мисловна именка да купи карта редовна линија воз/автобус. Да се организираат неколку другари со празен џеб и полно срце да го поминат тој ден во еден вид авантура за својот клуб. Сигурно сте ја слушнале реченицата ако се оди организрано ќе одиме ако не ништо. Зошто некој треба да те организира да те влече полиција до стадион и назад. Тоа е удобно но не е забавно и немаш простор за никакви дешавки непланирани. Аманте само со муабети инфлација, економска криза, цена на гориво. Од проста причина што за тие што треба да биде разбирливо да не се редовни и помалку активни тие се активни. Разговараме за навивачи во зрели години со фамилијарни обврски, работни. Додека кај оние кој го имаат целото слободно време и нешто помалку финансии го нема чуството на припадност. Глупаво е паразитски да размислуваш да чекаш се да биде организирано. Ултрас е делење, другарство сам патуваш, се снаоѓаш, се заебаваш поминуваш разни препреки да го бодриш клубот. Нека напишат членови на форумов доколку има такви а верувам има кој имаат незаборавни гостувања во приватна режија. Кој колку пати купил меѓуградски билет да отпатува на утакмица, без никој да го повикува и организира. За крај ако плачеш и очекуваш некој да те сожалува во навивачкиот свет од спротивните табори и да се сочустува со твојте проблеми поради некакви забрани, немање можности, финансии не знам што. Тоа нема да се случи. Онаа работа кој недостасува се вика МЕНТАЛИТЕТ. Првата работа на имање менталитет е секогаш и секаде со клубот понатаму се друго.