Пофалба за Паткари, и Рибари одличен изглед на трибина, рибари добра бројка, а на паткари транспарентот ми е омилен.
Војводи и Паткари да продолжат да си ги бодрат клубовите да се развива братство меѓу нив и да се држи Македонштината во тие градови.
Пријателски настроени групите кои што се сретнаа викендов ми донесе некоја убава замисла што би било ако пример Паткари - Комити развијат братски или евентуално пријателски односи, пошто братство не се раѓа така баш од нигде. Истото да е помеѓу Рибари и Чкембари. И да се рашират едни 2 групи на големи братства и пријателства низ Македонија од една страна Комити - Војводи - Паткари - Винари, од друга Чкембари - Лозари - Рибари - Ајдуци.
Гледам има желба и талент кај дечкиве од помаливе градови ама никогаш нема да дојдат на некое повисоко ниво, едноставно бројката на младо Македонско население е премала во Тетово и Струга па и во чисто етнички Македонско градови веќе. Жалосно така оставени сами на себе во мизерниве ни лиги и никаква атракција и акција, без никаква поддршка од некои од поголемите не им преостанува ништо освен да згаснуваат или периодично појавуваат колку да се каже дека ги има ете. Нешто слично како што беше ако се сеќавате со упорните дечки од Багабонти Пробиштип. Толку со години пуста желба за навивање тие 15 души идеа секаде со нивниот клуб Рудар, да им се зберевме фудбал од маало една екипа минимум нерешено им вадиме. Колку и да беа упорни и желба за навивање со таков клуб толку беше. Чисто да им беше понудено пријателство од некој од поголеми групи барем. Се сретнете пример поголема и помала навивачка група која има желба и потенцијал, испијте 5-6 пива, развијте добри односи барем пријателски поканете ги на ваши натпревари, ем поголемата група ке има плус членови желни за навивање, ем ги поддржувате и помалите да живнат. Не зборам братства да прават Чкембари со секој град и село, и да вадат на нивна трибина 20 разлчни имиња на навивачки групи во разни бои, него чисто добри пријателства. Ма и братства да се зголемат уште малку и за тоа сум за.
Два навивачки блока во Македонија силно спротиставени меѓу себе, секое дерби помеѓу било кои од овие и со меѓусебна поддршка би било преинтересно и ем сите вака што се хејтате меѓу себе ќе имате многу можности да се сретнете во било која лига.
Онака чисто си зборам пошто и онака сме слаба навивачка култура со мизерни бројки на навивачки групи, најсилните ни 2 групи ни се да кажам со просечна бројка од 83 души на трибина, и сме заглавени далеку на дното во регионот ако се споредиме со други. Ниту една држава на Балканов не е помртва од нас гледано на навивачки план.
Општо земено Албанците се исто катастрофа но се подобри по бројност од нас, едни Шверцери често на утакмици на Слога не само од други делови од МК туку им доаѓаат и од Косово и Албанија со кои се збратимении и заедно на трибина се три групи Шверцери, Плисат Приштина и Тирона фанатикс. Но се споредуваме со малцинство во државава и со нив може да се носиме, но ако се споредиш со тие од Албанија како Тирона и Ултрас Герилис и зад нив сме многу далеку.
Поздрав тифози и повеќе да се дружите има потенцијал.