Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
За ваква трибина како во Радовиш нема нешто подобро од знаменцета. Трибината личи феноменално, кај што е додадена парола што претставува дека Комити буквално сегде идат за да го бодрат ФК. Вардар. Не ти ја разбирам логиката само што мослиш дека мора тие знаменца само на една утакмица да се извадат.
Не кажав дали изгледа лошо или добро, само ако се дел од кореографија лошо е да се вадат пак за иста кореографија и тоа утакмица за утакмица.
 
Чуден факт е дека е една од ретките екипи што бројчано е појака на гостување отколку дома, изгледа децата пораснаа па ни здосади Скопје без конкуренција на навивачки план!
 
Чуден факт е дека е една од ретките екипи што бројчано е појака на гостување отколку дома, изгледа децата пораснаа па ни здосади Скопје без конкуренција на навивачки план!
Не е ништо чудно.
Тоа значи дека не одите за љубов кон вардар туку за зголемување на его и докажување над/пред други. Барем тие што не се активни на домашни утакмици.
 
Ф.К. Детонит Плачковица - Ф.К. Вардар (03.09.2022) Официјално првото гостување оваа сезона. Во Радовиш уште сабајлето се искрца поголемиот дел на групата. Беа полни локалните меани и речиси на секој ќош можеше да се слушне комитска песна. Се чувствуваше еуфорија како да играме некој натпревар кој има пресудно значење. Голема благодарност до домаќините кои не прифатија сосема коректно. Бројката на трибина никогаш не е мерило за "силата" на една група, но од друга страна, кога сите сме свесни дека целата мак тифо сцена (без било какво потценување и со респект до сите групи за трудот) во моментов е ужасна, бројката од 150-200 луѓе кои вчера го бодреа Вардар на ГОСТУВАЊЕ во ВМФЛ, покажува дека како група сме далеку пред сите останати во однос на мобилизаторската моќ. Организациски нема потреба да дискутираме, доволно е да се погледнат сите наши изданија во претходните година и пол. Навивањето на натпреварот варираше. Имаше моменти каде што песната грмеше, а од друга страна заради лошата игра пред се, често песната знаеше да "падне" на моменти. Секако, кореографијата и баклијадите се веќе редовен елемент, но за тоа повеќе во видео извештајот кој наскоро ќе излезе на официјалниот yt канал на групата. Се на се, добро гостување кое не беше крунисано со победа на клубот, меѓутоа беше потврда дека младата екипа на Комити ја води трибината во вистински правец и дека после долги години на западната трибина се гради менталитет кој не зависи од лигата или позицијата на табелата туку исклучиво од љубовта кон нашиот Вардар. Малите барјаци се направени за да се веат цело време, на секој натпревар. Нема тука ништо чудно. Тоа е чест случај кај многу н.г. така да нема потреба од непотребни дискусии на таа тема. Само напред Вардаре!
1662284922212.png
 
За гостовање во втора лига со противник што непостои, бројка повеќе од одлична.
За знаменцата исти од прошлата утакмица минус.
Лани кога ги извадивте мотките со повеќе слогани и сите различни муабетот беше дека не се за една утакмица направени. Сега за знаменцава и иста кореографија нема оправдување.
Мое мислење е дека некогаш подобро е и да немаш кореографија отколку да извадиш иста утакмица за утакмица.

Пак се јави експертот по навивање.

Не знаевме дека има правилник како треба да изгледа една навивачка група и што е дозволено да се прави.
Знаеме дека бодеме очи со секоја нова утакмица, поготово што втора сезона тераме во втора лига а групата станува се посилна и поорганизирана.
Буквално чекаш Комити да објават било каква слика за да пробаш изедеш гомна, покрај добар коментар на почеток типа “бројка повеќе од одлична” ама…
Подолг период те следам на форумов и гледам дека со сила правиш тензии меѓу Комити и ФА, а сигурен сум дека си небитен лик на трибина во ФА.
 
За небитен не е небитен, баш имаше важна улога во годините кога ФА беа во експанзија, ама дека не не сака, тоа е одамна познато :D

Општо, меѓу Комити и ФА секогаш имало океј односи, особено што во голем број членови во минатото заедно учеа во фискултурно и слични школи. Е изгледа на форумов се погодија 2-3ца што не не бендисуваат баш, па личи дека меѓу групите има тензија.
Тензија имало неколку пати, еднаш кога прешкртаа натпис на ЛФ во Аеродром и пишаа НЕМА МЕСТО ЗА ВАРДАР ВО АЕРОДРОМ, па ние вративме со провоцирачки песни кога одевме на гостување и поминувавме со автобуси низ Аеродром. И секако, кога членови на ФА, на зграда во Центар напишаа сите сме за Вардар, само Комити за Миравци, откако освоивме титула во 2012.

Воглавно тие се оние кои имале некакви проблеми со определбата на некои аеродромски деца да навиваат за Вардар, а ние никогаш не сме дошле во ситуација да забрануваме на наши членови да одат на МЗТ во кошарка.

Вака на трибини, никогаш немало закачки кога сме се среќавале на кошарка (во годините кога сме навивале на Вардар) освен некаде во 2005-06 кога претепаа наш член.

За мене, од 2009, секогаш ќе бидат антипатична навивачка група, по оној потег кога им дадоа да бираат на своите членови дали ќе бидат само ФА или ќе одат и на Вардар, па преку ноќ некои што оделе со мене на утакмици почнаа со оправдувања - абе не ме пуштаат од дома веќе итн. А до тој момент МЗТ ми беше многу симпатичен тим и ги ооддржував против Работнички. Плус членовите на Сервис кру со нивното појавување на видеава и тврдење дека некогаш имало нивни членови што оделе на трибина на "таму некој друг клуб".
Да не коментирам што за инает на Комити, сите групи од внатрешноста ги величаа до небо во петте години во кои беа на највисоко ниво, што уште помалку ми ги намали симпатиите за нив :D
За истите и многу појаки работи и дааааалеку поголемиот континуитет, никој посебно не не пофалил :D
Имаа едно време членови од Мајмуни што одеа кај нив, членови од Лозари што им одеа по свадби итн :D
ЦПБ секогаш биле поомразени во внатрешноста.
 
Тензија имало неколку пати, еднаш кога прешкртаа натпис на ЛФ во Аеродром и пишаа НЕМА МЕСТО ЗА ВАРДАР ВО АЕРОДРОМ, па ние вративме со провоцирачки песни кога одевме на гостување и поминувавме со автобуси низ Аеродром. И секако, кога членови на ФА, на зграда во Центар напишаа сите сме за Вардар, само Комити за Миравци, откако освоивме титула во 2012.

Воглавно тие се оние кои имале некакви проблеми со определбата на некои аеродромски деца да навиваат за Вардар, а ние никогаш не сме дошле во ситуација да забрануваме на наши членови да одат на МЗТ во кошарка.

Вака на трибини, никогаш немало закачки кога сме се среќавале на кошарка (во годините кога сме навивале на Вардар) освен некаде во 2005-06 кога претепаа наш член.
Верувај да има натпревари во кој би се сретнале Комити и ФА ,сигурно нема да биде се така розево .Инциденти сигурно ќе има.
ФА на многу наврати имаат покажано непочитување кон Вардар и кон Комити.Имаат многу графити уништено во Аеродром и околината,во некој наврати напаѓање на членови од Комити ...и ред други работи.
Моментално не се тема за дискусија бидејќи се најочајни на мак тифо сцената.
 
Не се согласувам баш.
Колку години играме во Аеродром и никогаш немало рчки. И не сум слушнал некогаш да истепаат наши членови. Младите се дружат во глобала.
Повеќето рчки беа таму во 2010-12.
Никогаш не ишкртале наш графит, али додуша не сме ни имале графити во Аеродром. Ако збориш за некои шкртаници по ѕидови од згради, со најави на утакмици, ги шкртаа порано, ама графити не.
Автоматски споено мислење:

Кај голон за 1-2, слушам и Лозари ја пејат онаа со ху лет д догс аут и лаење.
На какво дереџе спаднале, значи вистина се муабетите дека се повлекле некои поучени членови.
Таква глупост ни на заебанција не се пее.
 
Последно уредено:

Имало утакмици кај што сме биле на различни страни, поготово Комбат 87 кога идевме на кошарка КК Вардар организирано, ама немало никогаш непријателско препукавање.
На страна од трибините, помладите наши членови и се дружат со членови од ФА, акцијаат заедно против $ поготово во последно време.
Комити во Скопје од македонските навивачки групи имале непријателски односи само со Пирати кога постоеа и така ќе остане, зашто во сите скопски навивачки групи имало членови што биле некогаш дел од Комити и имаме заеднички непријател.
 
Не се согласувам баш.
Колку години играме во Аеродром и никогаш немало рчки. И не сум слушнал некогаш да истепаат наши членови. Младите се дружат во глобала.
Повеќето рчки беа таму во 2010-12.
Никогаш не ишкртале наш графит, али додуша не сме ни имале графити во Аеродром. Ако збориш за некои шкртаници по ѕидови од згради, со најави на утакмици, ги шкртаа порано, ама графити не.
Автоматски споено мислење:

Кај голон за 1-2, слушам и Лозари ја пејат онаа со ху лет д догс аут и лаење.
На какво дереџе спаднале, значи вистина се муабетите дека се повлекле некои поучени членови.
Таква глупост ни на заебанција не се пее.
Која е причината за повлекување на тие поучени членови?
Автоматски споено мислење:

Фк Охрид - Фк Кожув
Мислам дека коцка - ударно - коцка и Охрид знамето со Кутлеш како бајрак трибината ќе изгледа малку подобро.
 
Еден опис на вчерашното гостување.

Го чекавме со мерак, ова е тој тип на гостувања каде што си доаѓаш од сабајле и си фаќаш кафанче и тераш целодневна. Не се замараш со каменувања и напетост со џандари што ќе те донесат 30 минути на утакмица и си одиш. Таков тип на дербиња си има своја убавина, ама на овие години ваквите ми се поомилени.

Уште од 12 бевме во градот, се споивме неколки екипи и тргнавме во потрага по кафана. На крајот фативме еден паб-ресторан и со тек на време се собравме едно добри 60-тина луѓе.
Во кафанчето подобро се навиваше отколку на утакмицата.
Јако навивање, се погодија некои странци внатре, се чудеа. Уште па шанкерот се растропа во навивачки ритам и уште ролку подгреа атмосфера. Со нас беа и водачите на Лебари (имаат блиски односи со наши членови од минатото, некогаш и доаѓаа на утакмици со нас), како и некои Радовишани што навиваа за Вардар. Имаше и по некој од Берово и Штип. Којзнае колку пиво се испи, немаше кригли мајсторот, немаа каде да точат.
Лебари одамна се распаднати и општо градот е навивачки мртов (ќе зборам за тоа подоцна).
Со кортео низ центарот, се упативме кон стадион на саат време пред натпревар.
Таму се договоривме дека сите ќе влегуваме заедно. Четири комбиња дојдоа на старт на натпреварот и нормално доцневме со влегување.
Полиција еден куп, од Скопје уште 30 специјалци. Влегување еден по еден со две проверки, ни скинаа неколку бакљи.
Срамота е што не не пуштаа да купиме вода на полувреме, не даваа да мрднеме, испоцркавме на сонцето.

Стадиончето се наполни, ама се гледаше дека луѓето не одат редовно туку се собрале кога видоа ука бука.
Како мртви дремеа, малку се запалија на голот и свиреа на наши напади во тие минути.
Три пати не станаа на наши скандирања СТАНЕТЕ МАКЕДОНЦИ и Македонија. Еднаш дадоа аплауз само, без да пејат. Извадија второ полувреме македонско знаме и Радовиш долу.

Кај нас променливо навивање. Добро почнавме, таму некаде пред полувреме падна навивањето и до крај беше слабо, освен можеби откако го примовме голот.
Бројка одлична, изгледот на трибината ми се допадна.

Проблемот е што ниту еднаш немаме противничка навивачка група. Утакмиците се ужасно досадни и неквалитетни, со сигурност нема да успее е да ја задржиме бројката. Стадиониве ни се погаѓаат такви што не убива сонцето, собрано со фудбалот, депресија не удри после еуфоричното доаѓање во градот.
 
Знаете што е проблемот што вие сакате да се осеќате како најдобри и сте реално во моментов, ама кога нешто ќе утнете не прифаќате критика и одма сите ве мрзат. Дека сте најдобри во моментов на Мак-тифо со Чкембари, затоа грото членови на форумов ги коментираат вашите изданија. За релација ФА-Комити, проблемот настана кога ФА ги пристигнаа Комити, а овие самобендисани и горди тешко го прифатија тоа па почнаа со провокации низ Аеродром кога правеа кортеа со коли и пееја "Сите сте за Вардар ама не признавате" во времето кога Злате ви беше воџа. И да вистина е дека во тоа време ФА им понудија на своите членови кои навиваа за Вардар да изберат дали ќе бидат плаво-бели или црвено-црни, ама таа бројка на челнови била минорна и се броеле на 2 раце.
А за младиве на форумов што се палкаат и мислат дека се најјаки, нека пуштат јутуб од пред 10 години да видат како изгледало мак-тифото и нека не се палкаат со бројки од 150/200 души и скромно навивање.
 
На темата со знамињата, еве ти слика од денешниот натпревар од навивачите на Сампдорија против Верона, на секоја утакмица ги вадат и вејат истите.
Fb1MK1rWYAAZuBn
 
На темата со знамињата, еве ти слика од денешниот натпревар од навивачите на Сампдорија против Верона, на секоја утакмица ги вадат и вејат истите.
Fb1MK1rWYAAZuBn
Едно е знамиња, друго е дел од кореографија, трето е мотки.
Ова е дел од кореографија и се вади еднаш.maxresdefault.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom